На Нов Зеланд е крунисана новата маорска кралица

Најмладото дете и единствената ќерка на новозеландскиот крал на Маорите, денеска е прогласена за нова маорска кралица.

Кралот на Маорите Тухеитија Поотатау Те Вирохеро почина на 30 август, само неколку дена по прославата на 18-годишнината од неговото крунисување. Текау-маа-руа, совет од 12 претставници, ја прогласи неговата 27-годишна ќерка Нга Ваи Хоно И Те По за нов монарх. Таа е осмиот монарх на Маори и втора жена што ја има оваа титула.

Првата жена на таа позиција беше нејзината баба Те Арикинуи Те Атаирангикааху која почина во 2006 година.

Улогата на маорскиот монарх не е автоматски наследна, но сите претходни кралеви и кралици биле директни потомци на нивните претходници.

Новата кралица беше крунисана на церемонијата позната како Te Whakawahinga, додека десетици илјади луѓе се собраа на погребот на покојниот крал Туxеитиа. Неговиот ковчег беше однесен по реката Ваикато со флота кануа до неговото последно почивалиште на врвот на светата планина Таупири. Илјадници луѓе беа собрани покрај патиштата и реките, изведувајќи хака (церемонијален танц) и ваиату (пеење), простувајќи се од кралот.

Неговата вдовица беше придружувана до планината од страна на одбранбените сили на Нов Зеланд и колона од 100 велосипеди, пред да биде пренесен неговиот ковчег со помош на јаже до врвот на планината.

Новозеландскиот премиер Кристофер Луксон изјави дека кралот имал длабоко влијание врз многу животи.

„Киинги Туxеитиа беше скромен лидер кој му служеше на својот народ со мудрост, мана (авторитет) и непоколеблива посветеност на Котахитанги (единството).“ Новата кралица ќе ја носи „наметката на лидерството што ја остави нејзиниот татко“, рече Луксон. „Патот пред нас е осветлен со големото наследство на Киинги Туxеитиа.“

Киингитанга (движењето на маорските кралеви) беше основано во 1858 година со цел обединување на Маорите под еден суверен. Маорските монарси немаат законска моќ, но играат главна симболична и културна улога во единството и имаат национално влијание./МИА

Џенифер Лопез почна да ги реди поранешните партнери?

 „Ако не ѝ успее со Родригез, Марк Антони нека се подготви, тој е на ред“!

Алекс е среќен што поранешната свршеница ја дочека карма.

Поранешниот свршеник на Џенифер Лопез, Алекс Родригез, наводно се радува на неуспехот на нејзиниот брак со Бен Афлек, верувајќи дека судбината и донела „карма“ за минатите настани. Извори блиски до поранешниот бејзбол играч тврдат дека Родригез ужива додека се распаѓа врската на неговата поранешна свршеница и актерот.

Џенифер и Алекс беа во врска четири години, од 2017 до 2021 година, а беа свршени последните две години. Двојката планираше венчавка, но таа беше одложена двапати поради пандемијата. Сепак, врската не го издржа притисокот, па во април 2021 година официјално објавија дека се разделуваат, наведувајќи дека се подобри како пријатели.

Меѓутоа, според некои извори, работите не биле толку пријателски како што двајцата ги прикажувале во јавноста.

- Да се ​​види како Џенифер добива дел од кармата е прилично слатко, иако Алекс не би го признал тоа јавно. Неговите пријатели знаат дека тој чекал работите помеѓу неа и Бен да се смират - открива изворот за „In Touch Weekly“.

По раскинувањето со Родригез, Лопез бргу ѝ се врати на својата поранешна љубов, Афлек, со кого се венчаше само една година подоцна. Од друга страна, Родригез по раскинувањето извесно време се држеше подалеку од очите на јавноста, кога беше во прашање неговиот љубовен живот. Неодамна, во јануари 2022 година, тој беше виден со фитнес инфлуенсерката Кетрин Паџет, а моментално е во врска со основачот на брендот „JacFit“, Жаклин Кордеиро, со која е во врска од октомври 2022 година.

– Сега е многу среќен во оваа врска, но сепак чувствува задоволство поради ситуацијата во која се нашла неговата поранешна свршеница – вели изворот.

Еден од блиските пријатели на поранешниот бејзбол играч тврди дека Родригез смета дека „избегнал куршум“ со тоа што не се оженил за поп-ѕвездата.

- Тој сè уште кон неа чувствува доста горчина и чувствува дека има право на тоа. Иако е среќен во сегашната врска, тој не пропушта прилика да ужива во „излегувањето на возот од контрола“ кога станува збор за Џенифер и Бен, додава изворот.

Во екот на гласините за разводот на пејачката и актерот, како и за наводно среќната врска на Родригез, на Инстаграм се појавија фотографии од Џенифер и Алекс, рака под рака.

– Според гласините, пејачката од Бронкс и Доминиканецот наводно се обидуваат да ја обноват нивната врска откако Џеј Ло раскина со актерот Бен Афлек, пишуваат американските медиуми во описот на фотографиите. Иако многу нејзини обожаватели истакнаа дека станува збор за стари фотографии, кога Лопез и Родригез сè уште биле пар.

Фановите ѝ порачуваат само една работа.

- И Марк Ентони треба да се подготви, ако ова со Родригез повторно не успее, тој е на ред!

Пејачката и поранешниот бејзбол играч сè уште не се изјасниле по овој повод.

Извор: srecna.republika.rs

Проверени трикови на професионалните готвачи

Како рибата да не ви се распадне во текот на пржењето, а домот да не ви мириса

Рибата приготвена вака ќе биде совршено крцкава и нема да впива вишок масло.

Рибата е најздравото месо што луѓето можат да го консумираат, меѓутоа повеќето домаќинки избегнуваат да ја приготвуваат бидејќи е комплицирана за готвење. Повеќето од нив рибата ја валкаат во брашно пред да се пржат, а таа се лепи на дното на тавата и се распаѓа.

Покрај тоа, при приготвувањето риба сигурно ќе се замириса не само кујната туку и цела куќа, а миризбата може да трае со денови. Токму поради ова повеќето домаќинки го избегнуваат нејзиното приготвување.

Совети од професионалците

Дали некогаш сте се запрашале како е можно во рибен ресторан секое парче риба да е совршено зготвено, а непријатниот мирис речиси и да не се чувствува иако секојдневно приготвуваат риба во поголеми количини.

Постојат трикови со кои професионалните готвачи спречуваат рибата да се распадне, но и да не се задржи непријатниот мирис при пржењето и похувањето риба.

За секое парче, особено филетите, кои се особено кревки, бидејќи немаат коски, да останат совршени, професионалните готвачи советуваат пред приготвувањето да ја потопите рибата во раствор од вода и сок од четвртина лимон. Оваа смеса ќе го спречи создавањето на непријатниот мирис при пржењето.

Наместо обично брашно за панирање, готвачите користат густин или пченкарен скроб кој создава заштитна обвивка околу рибата, така што нема да се распадне за време на пржењето. Покрај тоа, рибата ќе биде совршено крцкава и нема да впие ниту капка вишок масло.

За кујната и остатокот од домот да не мириса на пржена риба, професионалните готвачи советуваат во помал сад да истурите јаболков оцет кое ќе врие на тивок оган и полека ќе испарува додека ја пржите рибата. Јаболковиот оцет го неутрализира мирисот на пржена риба.

Извор: srecna.republika.rs

Морбидно: Ги ископуваат мртовците, ги чистат, облекуваат и одат со нив на прослави (ВИДЕО)

Годишниот ритуал на едно индонезиско племе, во кој покојниците се ексхумираат, средуваат и чистат, па повторно се закопуваат - откако ќе поминат време со живите, не престанува да привлекува внимание.

Станува збор за племето Тораја од островот Сулавеси кое секоја година во август практикува необична церемонија. На интернет можете да најдете бројни видеа на кои луѓето позираат со покојникот, кој поминал долго време под земја.

Членовите на племето, како дел од церемонијата наречена Ма'нене, ги откопуваат починатите членови на семејството, ги капат, чистат, ги пресоблекуваат во нова облека и често ги изнесуваат на улица и се фотографираат со нив.

Важен дел е и замена или ремонт на ковчегот, чија цел е да се запре гниењето на балсамираните тела.

Овие луѓе не ја гледаат смртта како последен чекор, туку постепеното преминување на душата во задгробниот живот. Како резултат на тоа, тие веруваат дека телата на починатите сè уште бараат грижа, пишува Дејли мејл.

Церемонијата се организира повеќе од еден век, а нејзината суштина е да се слави животот и да се одржи врската со починатите роднини.

Треба да се спомене дека погребите се важен општествен настан во кој цели семејства се собираат со локалното население за да ги обноват верувањата и традициите на нивните предци.

Ваквите настани траат неколку дена, под името Рамбо Солока.

притисни ентер