Министерот Љутков тврди дека во моментов, не се знае во чие владение е Универзалната сала

Во моментов, не се знае во чие владение е Универзалната сала во Скопје откри министерот за култура Зоран Љутков…

Во моментов не се знае во чие владение е универзалната сала во Скопје – вели министерот за култура Зоран Љутков. Според него, преземањето на ингеренциите меѓу министерството за култура и Град Скопје било незаконско, и најави кривични пријави за како што кажа, сите инволвирани во процесот. Тој посочи дека засега состојбата останува статус кво, бидејќи уште со првиот негов потпис ќе сторел кривично дело, па оттаму вели се прават анализи како законски да се постапи и ингеренциите целосно да се вратат кај градот.

„Се работи за незаконско преземање од Град Скопје, кон министерство за култура. Министерство за култура и туризам не може да го гради тој објект. Сега не се знае во чие владение е Универзална сала, така е не се знае, затоа е и стопиран процесот затоа што ние не можеме како министерство за кулутра, како владина институција да финансираме или да градиме објект, локална установа, по закон не можеме да градиме локална установа, по закон не можеме да градиме локална установа.“

Универзална сала е наведена како водечки проект за „Скопје – европска престолнина на културата“ за 2028 година, па стравувањата дали истата ќе добие нов сјај до тогаш остануваат. Министерот Љутков уверува, дека Универзална ќе се реконстурира, но како што налага законот.

„Скопје во 2028 година ќе ја има Универзална сала и тоа ќе ја има на законски и на легален начин, ова што е направено досега е незаконски и нелегално и подлежи на кривични пријави, она што ние ќе го направиме, е ќе го запреме ваквото дивеење и ваквото незаконско работење, ќе ја вратиме постапката и на најтранспарентен и на најлегален начин Скопје ќе биде европска престолнина на културата, со нова Универзална сала и ќе се гордее со таа универзална сала, бидејќи ќе биде изработена законски.“

Преносот на ингеренциите, како што тогаш се тврдеше, се направи на почетокот на годинава по долги меѓусебни обвинувања и преговори, а од министерството за кулутра уверуваа дека реконструкцијата ќе се направи за три години, а беше посочено и дека истата ќе се одвива во две фази, една за фасада и кров, а другата за уредување на внатрешноста, беше распишана и јавна набавка за надзор на втората фаза преку меѓународен тендер. Универзална во меѓувреме беше зафатена и од сериозен пожар поради кој падна куполата.

Израел го нападна Јемен- на удар се електраните и пристаништата

Израелската војска објави соопштение за нападот на Јемен.

Во соопштението објавено на X, војската вели дека „во голема воздушна операција денес, десетици авиони на воздухопловните сили, вклучувајќи борбени авиони, авиони за полнење гориво и разузнавачки авиони нападнаа воени цели на терористичкиот режим Хути во областите на Рас Иса и Ходеида во Јемен.“, пренесе Би-Би-Си.

„ИДФ ги нападна електраните и морското пристаниште, кои се користат за увоз на нафта.“

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека ја нападнале инфраструктурата и пристаништата во Јемен за кои тврдат дека се користат за транспорт на иранско оружје во регионот.

Нападот е одговор на „неодамнешните напади“ на Хутите против Израел, соопшти ИДФ. Хутите ја презедоа заслугата за пресретнатиот проектил истрелан во централен Израел во петокот.

Сè уште не се знае колкава е штетата од нападите во Јемен.

Над 3.000 луѓе веќе платиле капар за првиот летечки автомобил, производството почнува наскоро

Компанија од Калифорнија најави дека наскоро ќе започне со производство на првиот летечки автомобил.

Alef Aeronautics го претстави летечкиот автомобил Alef Model A претходно оваа година, што предизвика огромен интерес. Сега објавија дека досега добиле над 3.200 нарачки за овој модел кој има почетна цена од околу 300.000 долари.

PUCARA Aero и MYC со искуство во производство на воздушни делови за Boeing и Airbus започнаа заедничко вложување и потпишаа договор за производство на делови за Alef. Првите примероци на овој летечки автомобил треба да бидат произведени до крајот на следната година.

Калифорниската компанија поддржана од Space X на Маск го претстави својот прв автомобил на почетокот на оваа година - Model A. Тоа е двосед кој во режим на пат функционира како електричен автомобил опремен со четири електрични мотори.

Во подот под телото на саќето има осум пропелери. Во режимот на лебдење, кабината се ротира за 90 степени, така што предниот и задниот дел на возилото делуваат како крило. Според најавите на производителот, автомобилот треба да може да помине до 320 километри на пат и до 180 километри во воздух.

Да потсетиме, минатата година Федералната управа за авијација му додели на Алеф специјален сертификат за воздухопловство и му дозволи да лета за ограничени цели. Одделно, Алеф работи на автомобил со четири седишта, Model Z, кој треба да биде лансиран до 2035 година по цена од само 35.000 долари.

САД: Подготвени сме во краток рок да испратиме дополнителна војска на Блискиот Исток

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ја овласти американската војска да го зајакне своето присуство на Блискиот Исток.

„Остин ја зголеми подготвеноста за дополнителни американски сили да се распоредат, за да можеме подобро да одговориме на различни непредвидени ситуации“, објави портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Патрик Рајдер во соопштението.

„Остин јасно стави до знаење дека ако Иран или неговите сојузници го искористат овој момент за да го таргетираат американскиот персонал или интересите во регионот, САД ќе ги преземат сите неопходни мерки за одбрана на нашиот народ“, додаде тој.

Во соопштението на Пентагон се вели дека може да распореди сили на краток рок и дека САД се уште се фокусирани на заштита на американските граѓани и сили во регионот, одбрана на Израел и деескалација на ситуацијата.

притисни ентер