Како и во претходните случаи, италијанската компанија беше принудена да го прекине производството во фабриката Мирафиори. Поради намалената побарувачка на електричниот 500e, Fiat привремено го прекина производството на почетокот на есента, а сега одлучија да го направат тоа повторно.
Првичната идеја беше да се запре производството од 18 декември до 5 јануари следната година. Сепак, интервалот сега е продолжен до 2 декември, што значи дека фабриката ќе работи цел месец.
Да потсетиме дека стариот Fiat 500, кој се произведуваше во Полска, беше прекинат летово откако Fiat се откажа од инвестициите за да ги исполни новите безбедносни правила. Се уште се произведува во алжирските погони, но не за европскиот пазар. Затоа, Fiat се одлучи за електричен модел како основа врз која ќе се развива новиот хибрид. Неговото доаѓање се очекува дури во 2026 година.
Не е само малиот хечбек што е погоден од малата побарувачка, бидејќи Maserati се соочува со идентичен проблем. Во овој период ќе биде стопирано и производството на моделите GranTurismo и GranCabrio.
Во соопштението за печатот се наведува дека активностите во фабриката во Торино ќе бидат привремено стопирани поради „тековната неизвесност во продажбата на електрични автомобили на неколку европски пазари“. Електричните возила сочинуваат 97% од производството во фабриката Мирафиори. Во Maserati, пак, причината е малата побарувачка за луксузни автомобили надвор од Европа, како што се САД и Кина.