Мили: Украина не треба да користи американско оружје за напади врз руска територија

САД одамна и укажаа на Украина да не користи воена опрема произведена од САД за напади врз руска територија, изјави денеска висок американски генерал, поради наводите дека проукраинска вооружена група користела оклопни возила на САД.

Началникот на здружениот генералштаб на САД, генерал Марк Мили, изјави дека неговиот кабинет ги прегледува фотографиите на кои се прикажани возила за кои се верува дека биле користени во напад на рускиот пограничен регион Белгород.

Сепак, според него, на Киев му е јасен американскиот став дека слична опрема од американско производство не треба да се користи во Русија.

Оставките на двајца членови на судскиот совет ќе бидат констатирани на утрешната седница

За утре во 11 часот е закажана седницата на Судскиот совет на која ќе треба да се констатираат оставките кои вчера ги поднесоа двајцата членови, врховната судијка Мирјана Радевска Стефкова и апелациониот судија Зоран Герасимовски.

Официјалните информации зошто двајцата се одлучија на ваквиот чекор се очекува да бидат објавени на седницата, иако Герасимовски вчера во куса изјава за Канал 5 кажа дека една од причините е тоа што Советот станал непродуктивен поради нерасчистените односи на одредени членови. Како ќе функционира советот понатаму и кога би се избрале нови членови засега останува непознато. Според Миша Поповиќ од Институтот за демократија оставките на двајцата членови се чекор во вистинаска насока, а неговите очекувања се дека и останатите ќе ги напуштат функциите во советот и ќе дадат можност на нови членови да продолжат со овозможување на независност и квалитет во работата на судството.

„ Ова е шанса за судската фела да покаже промена она што го пропушти во изминатитот период да го направи, а тоа е да побара одговорност од судскиот совет, сега има шанса да именува членови кои ќе застапуваат квалитет во правосудството.// Доколку видиме други оставки на оние членови што се бираат во Собранието очекувам промена и на дискусиите на процесот на номинација да се искористи добрата пракса од именувањата на ДКСК во која ќе има јавна расправа во Собранието. “-Миша Поповиќ – Институт за демократија

На утрешната седница на советот ќе се избира и нов потпретседател кој ќе седне на местото на досегашниот заменик Селим Адеми, кој заседаваше со седницата на која на скандалозен начин беше разрешена доскорешната претседателка Весна Дамева.

Мештани од Слупчане не дозволиле да се реконструира електродистрибутивната мрежа на ЕВН

200 селани од слупчане го блокирале влезот во селото и ги спречиле екипите на евн да влезат и да работат на реконструкција и модернизирање на мрежата.

Од ЕВН велат дека за проблемот информирано е МВР.

„Сѐ додека корисниците не дозволуваат да се работи, ќе се соочуваат со прекини во снабдувањето и сериозни дефекти како резултат на контуинирани кражби и злоупотреби во мрежата. Дефектите ќе се отстрануваат само доколку се создадат нормални услови за работа“, информираат од компанијата. И додаваат дека годишните загуби на струја во селото изнесуваат над 1 милион евра. Годишно, 80% од потрошената електрична енергија се краде, а само 20% се наплаќа. Со исти вакви проблеми евн долги години се соочува и во Арачиново.

Видео: Како да се изгонат мувите од влезот и домот?

Со топлото време се буди и природата, што значи и зголемување на бројот на инсекти, како што се мувите, во и околу домот.

За да се ослободите од несаканите „натрапници“, Андреја Жан, која пренесува бројни совети за чистење и уредување на домот, овојпат споделува трик со монети, вода и ќесе за замрзнување.

- Значи, ставете ги паричките во ќесето и додајте вода за тие да пловат во неа. Ќесето се закачува на влезната врата или пред прозорецот, вели Жан.

Луѓето велат дека овој необичен трик, всушност е навистина делотворен.

- Очите на мувите се многу чувствителни на промените во светлината. Затоа, светлоста што се одбива од паричките ги збунува мувите и ги тера да се оддалечат од вашиот влез, појаснува Андреја.

Нејзиното видео собра над 200.000 прегледи на социјалните мрежи, а повеќе следачи кои го испробале овој трик велат дека се презадоволни.

притисни ентер