Мицкоски: Ковачевски предложи широка влада по уставните измени

Изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да влезе во влада со СДСМ и со останатите политички партии, но без учество на ДУИ во таа влада, изјави денеска претседателот на партијата Христијан Мицкоски по лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски, на која, како што нагласи, „јасно му кажал“ дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата стои на ставот дека уставни измени под бугарски диктат на ваков начин и под овие околности нема да поддржи.

Тој посочи дека на средбата премиерот Ковачевски предложил во рамки на Парламентот да почне дискусија и да се отвори и да се изгласа со две третини потреба за промена на Уставот, а потоа да биде формирана влада во која од десетте ресори кои ги менаџира СДСМ, пет да бидат дадени на ВМРО-ДПМНЕ.

- Тој предложи да бидат завршени уставните измени, да отпочне процесот на преговори, за кој добивме потврда денеска дека не е почнат, и потоа да бидат затворени едно две или три поглавја во зависност од брзината, а таа Влада да оди на парламентарни избори, рече Мицкоски.

На оваа понуда од Мицковски е даден одговор дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да влезе во влада со СДСМ и со остранатите политички партии, но без учество во истата влада на ДУИ.

- ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да учествува во таква Влада, со тоа што избори подготвува техничка влада сто дена пред одржување на избори, и евентуалните уставни измени да важат денот кога ќе отпочне ратификацијата на пристапниот протокол на Македонија во рамки на ЕУ од парламентите на 27 земји членки, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека премиерот Ковачевски ваквиот предлог го протолкувал како кршење на преговарачката рамка.

- Тогаш му предложив да одиме на предвремени избори кои ќе се одржат на три датуми на есен, да се формира влада на широко национално единство во која нема да биде дел ДУИ и бидејќи ниту една земја членка на ЕУ нема против македонскиот многувековен идентитет, традиција, култура, обичаи, македонски јазик, тогаш еве јас сум подготвен да разговарам со неколку премиери на следниот состанок на Европскиот совет да изгласаат потврда или гаранција за сето ова што го збориме, па да видиме дали е така како што ни велат, имајќи предвид дека и Бугарија има легитимна Влада и со тој документ да дојдеме пред македонските граѓани дека Европа застанува позади многувековниот македонски идентитет, изјави Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека 44-те пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата стојат заедно на ставот дека уставни измени на ваков начин нема да поддржат.

Франција им нареди на трговците да ги означуваат производите, на кои им го намалиле пакувањето

Француските трговци ќе мора да ги известат клиентите за намаленото пакување на производите кое не е придружено со соодветно намалување на нивните цени, објави Министерството за финансии, сигнализирајќи нова мерка за борба против скриените поскапувања.

Тајното покачување на цените преку намаленото пакување на производите предизвикува главоболки и кај потрошувачите и кај владите, бидејќи ја инхибира потрошувачката во услови на послаба куповна моќ на домаќинствата под притисок на високата инфлација и трошоците за задолжување.

Француските малопродажни компании од јули до септември ќе треба да ги информираат потрошувачите за храната и другите производи за широка потрошувачка чија цена не го следи намаленото пакување, соопшти Министерството. „Ќе ставиме крај на таквите практики. Сакам да ја вратам довербата на потрошувачите, а довербата оди рака под рака со транспарентноста“, рече министерот за финансии Бруно Ле Мер.

Цените на храната станаа главно политичко прашање во Франција минатата година бидејќи цените на храната скокнаа за рекордни 16 отсто по редовните годишни преговори меѓу трговците на мало и компаниите за храна.

Владата со закон го регулираше одложувањето на датумот за преговори годинава и побара од компаниите да го ограничат поскапувањето. Минатиот септември ланецот супермаркети „Карфур“ прикажа предупредувања за цените на некои производи со цел да изврши притисок врз големите производители на стоки за широка потрошувачка, како „Нестле“, „ПепсиКо“ и „Унилевер“ пред преговорите.

Анѓеловски: „Дуизацијата“ е најопасен процес на испумпување средства од буџетот

„Ниту некој ќе се определува меѓу Русија и ЕУ, ниту некој ќе се определува меѓу изолација и ЕУ“

И пред кампањата започна реториката на безалтернативност на СДСМ и онаа на „зелените“ дека имаме избор меѓу Русија и ЕУ. Ниту некој ќе се определува меѓу Русија и ЕУ, ниту некој ќе се определува меѓу изолација и ЕУ, тоа се големите лаги пред јавноста. Ние ќе се определуваме меѓу иднина за Македонија и македонските граѓани, внатре во државата без разлика како тој пат ќе се вика. И најубавата куќа ако внатре е нечиста, децата ќе сакаат да ја напуштат. Прво да си го средиме сопствениот двор.

Повикот за обединување на Мицкоски е за јасно и недвосмислено обединување на сите кои чувствуваат дека Македонија е доведена до ѕид, дека нема правда за никого, тоа е повик до сите што се чувстввуваат така за да се прекине поцесот на „заевизација“ и „дуизација“ на Макеоднија. Дуизацијата е најопасниот процес на испумпување на средства од буџетот на лица блиски до ДУИ, за да се создадат монструми што подоцна ќе владеат со економските, политичките и општествените процеси во државата, рече Страшо Ангеловски во Само Вистина.

Меган Маркл се враќа на телевизија, ќе води кулинарска емисија

Војвотката од Сасекс Меган Маркл се враќа на малите екрани, а наскоро би требало да ја видиме во ново шоу за готвење.

Дедлајн објави дека Арчевел продукција, продукциската куќа на Маркл и нејзиниот сопруг принцот Хари, е во „рана фаза“ на работа на две нови серии. Една од нив ќе биде за поло, спорт кој е голема страст на принцот Хари, а другата ќе биде за градинарство и готвење, а домаќинка ќе биде Маркл.

Моментално е познато, како што напиша Deadline, дека тоа ќе биде шоу кое „ги слави радостите на готвењето, градинарството, забавата и пријателството“, Маркл ќе биде извршен продуцент, а се знае и кои луѓе веќе работат на ова шоу.

Во целиот проект се вклучени режисерот Мајкл Стид, кој работеше на шоуто Ентони Бурдејн: Запознавање со непознатото, како и Леа Харитон, која стои зад готвачкото шоу на пејачката Селена Гомез, Selena + Chef, кое се емитува на HBO.

Серијата е во рана продукција, а насловите и датумите на издавање се очекува да бидат објавени во наредните месеци. Покрај тоа, извор потврди за Дејли Меил дека Нетфликс веќе изнајмил дом за снимање во Монтесито, Калифорнија.

Сето ова, како што пишува People, е дел од договорот што Меган Маркл и принцот Хари го потпишаа со Нетфликс, вреден 100 милиони долари. Кога го потпишаа во 2020 година, најавија дека ќе работат на документарни емисии и серии, играни филмови и емисии за деца, а сега изгледа решија да направат чекор понатаму.

притисни ентер