Меланија Трамп ја избра долгогодишната соработничка Хејли Харисон за шефица на својот кабинет

Меланија Трамп, сопругата на новоизбраниот американски претседател, денеска ја назначи долгогодишната соработничка Хејли Харисон за шеф на кабинетот на првата дама на САД.

„Харисон има солидно разбирање за операциите на Белата куќа и како началник на персоналот (таа) ќе го надгледува и раководи тимот на Источното крило додека стратешки се поврзува со другите делови на владата“, се вели во соопштението од кабинетот на Меланија Трамп.

Трамп најверојатно нема да се пресели во Вашингтон за да служи како прва дама со полно работно време, но ќе ја задржи платформата и ќе се фокусира на клучните приоритети, пишува Дејли Меил.

Во текот на првите четири години во источното крило на Белата куќа, тимот на Меланија Трамп беше далеку помал во споредба со другите модерни први дами и се состоеше од десетина вработени.

„Не сум загрижен бидејќи овој пат е поинаку. Имам многу повеќе искуство и многу повеќе знаење. Сакам)мојот тим да ја има истата визија како мене и да ми служи затоа што и служат на земјата“, рече Трамп во неодамнешното интервју за Фокс њуз.

„Малиот Херкул“ беше чудо од дете со огромни мускули, а сега сонот му е НАСА (ВИДЕО)

Светот пред 24 години беше воодушевен кога се појави момче, навидум сосема обично, додека не ја соблече кошулата.

Тогаш Ричард Сандрак имаше осум години, но имаше и осум плочки на стомакот, кои ја воодушевија целата планета. Детето го доби прекарот Малиот Херкулес, но сега изгледа сосема поинаку.

Ричард Сандрак беше чудо на природата, но и на трудот. Имаше осум години кога светот го запозна „Малиот Херкулес“, кој потекнува од семејство опседнато со фитнес и тренинзи. Неговиот татко Павел бил шампион во боречки вештини, а неговата мајка Лена се занимавала со аеробик.

Поради ова, неговиот животен пат природно го привлекол на тренинзи уште од мали нозе, а неговите методи го запалиле интернетот. Во тоа време, кога имал само една година, правел 600 склекови и стомачни, како и 300 чучнувања на дневна основа. Резултатите биле видливи на неговото тело веќе на таа возраст.

Но, јавноста веднаш почна со осуда за ваквата обука и „мачење“ на детето, додека родителите биле обвинети и дека му давале стероиди, бидејќи не верувале дека вакво нешто е возможно. Мајката Лена сето тоа го негирала.

Поминаа години откако Сандрак ја воодушеви јавноста, а сега 24 години подоцна не личи на себе. Се бореше со тренинзи, кревање тегови и сѐ што одеше со фитнесот од една едноставна причина - му било здодевно.

Ричард сега работи како каскадер во шоуто „Waterworld“ во Холивуд, додека сонува да стане инженер во НАСА.

Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана

Европа се соочува со долгорочна закана бидејќи тековната руска инвазија на Украина „повеќе не е регионална војна“, предупреди германскиот министер за одбрана Борис Писториус, цитиран од ДПА.

Рускиот претседател Владимир Путин „одамна целосно се префрли на воена економија“ и земјата моментално произведува оружје и муниција за три месеци колку што прави целата Европска унија за една година, додаде Писториус.

Министерот го посочи говорот на Путин од крајот на октомври, во кој авторитарниот руски лидер говори за „сериозна, непопустлива битка за нов светски поредок“ и изјави дека веќе се смета себеси за победник во војната против Украинците.

Во исто време, хибридната војна против дезинформациите и лажните вести е во полн ек, рече Писториус, говорејќи на настан во западниот град Арнсберг организиран од Фондацијата „Фридрих Еберт“, која е поврзана со централно-левичарската Германска социјалдемократска партија.

„Нашата безбедност е кревка предност. Германија мора да го забрза темпото и да инвестира повеќе во својот воен капацитет, предупреди Писториус.

Директорот на БЈБ Јанев во посета на граничните премини Богородица и Дојран

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев денеска, заедно со својот тим, ги посети OВР Гевгелија, граничните премини Богородица и Дојран, како и ОВР Валандово и ПС Дојран.

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев денеска, заедно со својот тим, ги посети OВР Гевгелија, граничните премини Богородица и Дојран, како и ОВР Валандово и ПС Дојран, каде беше информиран за тековните активности за работењето на службите кои се во надлежност на СВР Струмица и Oдделот за гранични работи, за проблемите, потребите и предизвиците со кои тие се соочуваат во текот на нивното секојдневно работење.

Како што информираат од МВР, Јанев посебно се осврна на потребата од координирано и синхронизирано работење на граничната полиција и Секторот за внатрешни работи Струмица, во насока на секојдневна размена на информации за критични и жешки точки кои се користат од страна на криминални групи или поединци за прекуграничен криминал. Тој ја потенцира потребата полициските службеници да имаат блиска соработка со царинските службеници, посебно на граничните премини, со цел заедничко и ефективно работење во насока на превенирање, откривање и спречување прекугранични нелегални активности.

-Заштитата на државната граница, борбата против прекуграничниот криминал и организираниот криминал се активности за кои во најголем дел носител е полицијата и затоа сите полициски службеници мора крајно одговорно, со силен интегритет и максимална посветеност, да се вложуваат во секојдневното работење, посочуваат од МВР.

Нагласуваат дека при посетите се разговараше и за идеите и начините кои би можеле да помогнат протокот на патници, возила и стоки да биде поефикасен. Исто така, се разговараше и за подобрување на соработката со локалните власти и заедницата и соодветно исправање пред предизвиците од безбедносно функционален аспект со кои се сочуваат локалните заедници.

притисни ентер