Масното ткиво на еден дел од телото може да биде опасно, па и кај оние кои не се гојазни

Иако сите добро знаеме дека вишокот килограми и дебелината придонесуваат за зголемен ризик од бројни здравствени проблеми, лекарите тврдат дека мастите на еден дел од телото можат да бидат исто толку опасни.

Имено, тоа е таканаречената висцерална маст која најчесто се таложи на стомакот.

Според Health Direct, овој тип на маснотии на стомакот е знак на метаболички синдром, група на нарушувања кои вклучуваат висок крвен притисок, дебелина, висок холестерол и отпорност на инсулин. Заедно, тие го зголемуваат ризикот од мозочен удар, срцеви заболувања и дијабетес тип 2. Сепак, овој тип на маснотии се таложи и кај послабите луѓе.

Една неодамнешна студија во која учествуваа неколку стотици Британци на возраст од 40 до 69 години, а резултатите беа објавени во списанието на Американското здружение за срце, покажа дека жените кои имаат повеќе масти во овој дел од телото се соочуваат со 20 отсто поголем ризик од срцев удар, во споредба со оние кои имаат иста тежина, но немаат масти.

Сунак се соочува со бунт во неговата партија

Сунак се соочува со бунт во неговата партија поради плановите да им се забрани на младите да пушат.

Британскиот премиер Риши Сунак се соочува со нов бунт во неговата партија поради плановите да им се забрани на младите да пушат цигари.

Доколку се усвои законот за тутун и електронски цигари, би било прекршок да се продаваат тутунски производи на секој роден по 1 јануари 2009 година, јави „Скај њуз“.

Тоа значи дека оние кои сега имаат 15 или помалку години никогаш нема да можат легално да купат цигари.

Владата ја принуди „Alfa Romeo“ да го смени името на новиот модел, повеќе не се вика „Milano“!

Оригиналното име на моделот не траеше ниту една недела.

„Alfa Romeo“ во понеделникот објави дека ќе го смени името на новопретставениот теренец „Milano“ во „Junior“ по притисокот од италијанската влада.

Одлуката доаѓа само неколку дена откако Адолфо Урсо, италијанскиот министер за индустрија, ја критикуваше „Alfa Romeo“ за рекламирање на „странски“ автомобил со италијанско име. Имено, „Milano“ (сега „Junior“) ќе се произведува во фабриката Тихи, која се наоѓа во Полска.

„Автомобил наречен „Milano“ не може да се произведува во Полска“, рече Урсо во четвртокот.

„Тоа е забрането со италијанскиот закон“.

Тој се повикува на законот од 2003 година, кој вели дека не може да се изнесуваат информации кои ги доведуваат во заблуда потрошувачите. Значи, автомобил со значката „Milano“ мора да се произведува во Италија. Инаку, компанијата дава погрешни индикации кои не се дозволени според италијанскиот закон, пренесува „Reuters“.

Како „Milano“, „Junior“ е уште едно оживеано име од историјата на брендот. Можеби е посоодветен за овој нов мал кросовер.

„Junior“ првично беше користен од „Alfa Romeo“ како ниво на опременост во средината на 1960-тите за неговите почетни купеа од сериите 105 и 115 „Giulia“.

„Ние сме целосно свесни дека оваа епизода ќе остане врежана во историјата на брендот“, рече извршниот директор Жан-Филип Импарато во врска со промената на името по притисокот од властите.

„Тоа е голема одговорност, но во исто време е и возбудлив момент. Изборот на новото име „Alfa Romeo Junior“ е сосема природен, бидејќи е силно поврзан со историјата на брендот.

Извор: Б92

До крајот на денов локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи

До крајот на денов и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. 

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје, променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе биде 25 степени.

Под влијание на серија на влажни бранови, до почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

- Утре наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м2 за краток период, соопштуваат од УХМР.

притисни ентер