Масакр во Чикаго: Убиени родителите, двете деца, па дури и трите кучиња (ВИДЕО)

Полицијата пронашла мртви двајца родители и нивните две деца во дом во областа Чикаго.

Во неделата вечерта, член на семејството ја известил полицијата и побарал од нив да го проверат семејството затоа што една од жртвите не се појавила на работа тој ден, изјави заменик-началникот на полицискиот оддел во Ромеовил, Крис Бурн.

„Не веруваме дека сторителот во моментов е меѓу жртвите. Не се работи за убиство и самоубиство. Во куќата најдовме три кучиња, тие исто така беа застрелани и убиени“, рече Бурн вчера за време на прес-конференција, како што е соопшти NBC News.

„Родителите се идентификувани како Алберто Ролон и Зоралда Бартоломеи. Се уште не се знае дали се во брак, но тие се родители на двете деца кои беа застрелани. Познат е и идентитетот на малолетниците, но поради чувствителната природата на истрагата, не можеме да ги објавиме нивната возраст и пол“, додаде тој.

„Една од жртвите не се појавила на работа во 6 часот наутро во неделата и не одговарала на телефонски повици во текот на денот, поради што членовите на семејството биле загрижени“, соопшти полицијата. Телата биле откриени во неделата навечер. Детективите веруваат дека пукањето се случило помеѓу 21 часот во саботата и 5 часот наутро во неделата. Мотивот се уште не е познат.

Министерот за внатрешни, Спасовски е против предложениот Закон за амнестија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е против донесување на Законот за амнестија, што го предложи Лога, а по кратки перипетии, го прифати и Владата.. 

Законот за амнестија се уште не е стигнат до Собрание, но освен опозицијата, против неговото донесување е и Министерот за внатрешни Оливер Спасовски.... Смета дека со вака предвиденото решение нема да постигне завртаната цел за растеретување на пренатрупаноста во затворите, а носи ризици по безбедноста. Наспроти тоа, порачува Спасовски, државата треба поинаку да му пристапи на проблемот, а решенијата да одат во насока на зголемување на капацитетите на затворите.

„Апсолутно не е соодветно ниту времето ниту моментот на носење Закон за амнестија. Второ, опфатот кој е барем соопштен, дека ќе опфати прилично мај број на лица, исто така нема да помогне многу. Меѓутоа сега тоа е работа на собранието. Прво, сметам дека нема да имаме никакви ефекти во однос на носењето на законското решение, нема да допринесе значително да се ослободат места или да се намали притисокот на казнено – поправните установи. Јас мислам дека треба државата стратешки да размислува во зголемувањето на капацитетите на затворските институции.“

Со законот, кој е на предлог на министерот за правда, целосно ќе се ослободат лицата на кои им е изречена казна затвор до шест месеци, а на останатите осуденици на полесни кривични дела ќе им се намали казната за 30%. Целта на носењето на законот, како што стои во оваа верзија, е ресоцијализација на сторителите на кривични дела и намалување на пренатрупаноста во затворите а со тоа и државата да има помал финансиски трошок. Но токму со ова не се согласува Спасовски, бидејќи според него и во минатото амнестирани осуденици по три месеци слобода повторно завршувале во затвор.

„Ние секогаш укажуваме на тоа дека оние лица кои сториле кривични дела, пред се разбојништва, тешки кражби, претставуваат уште терет за безбедносната состојба. Или ако ги погледнеме минатите закони за амнестија ќе видите дека најголемиот дел од тие лица за 2 до 3 месеци повторно се враќаат назад затоа што имаат повторно кривични дела и со кои ние секојдневно се справуваме.“

Ако законот се донесе, ќе биде втор на кој министер јавно се противел на негово донесување. Претходно министерот за правда Кренар Лога не се согласи со измените на Кривичниот законик на чиј предлог беше потпишана неговата заменичка Аврамовска – Мадиќ. Законот за амнестија, според најавите требаше во средата да биде доставен до Собранието, но на брифингот во четвртокот Лога рокот го пролонгираше за 10-тина дена..

Егзодус од Нагорно Карабах- избегале 100.000 од вкупно 120.000 Ерменци

Повеќе од 100.000 бегалци пристигнале во Ерменија од Нагорно Карабах, изјави вчера вечер шефот на агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) Филипо Гранди.

„Многумина се гладни, исцрпени и имаат итна потреба од помош“, рече Гранди на социјалните мрежи. „УНХЦР и другите хуманитарни партнери ја засилуваат својата поддршка за ерменските власти, но итно е потребна меѓународна помош“, додаде Гранди.

Трамп се огласи со мислење за новото момче на Тејлор Свифт

Иако пред само неколку недели, многу луѓе не ни знаеја дека постои, 33-годишниот Тревис Келче, играч на Канзас Сити Чифс и еден од најуспешните играчи во американската НФЛ, моментално е најпосакуваното момче во светот.

Тревис е на радарот на љубителите од јули кога првпат откри дека присуствувал на концерт на Тејлор Свифт со намера да ѝ го даде бројот на мобилниот телефон, но кога таа се појавила на стадионот пред неколку дена да навива за него во игра против Чикаго Беарс, стана главна тема на Интернет.

Дури и Доналд Трамп го сподели своето мислење за него. Поранешниот американски претседател (77) се осврна на наводната врска меѓу играчот на НФЛ и поп-ѕвездата за време на интервјуто за Daily Caller. Трамп на парот му посака сѐ најдобро, но и шпекулираше дали нивната романса ќе потрае:

„Им посакувам сѐ најдобро на двајцата. Се надевам дека ќе уживаат во животот, можеби заедно, можеби не - најверојатно не.“ Неговите коментари за пејачката доаѓаат години откако таа во неколку наврати јавно го осуди.

Во мај 2020 година, таа зборуваше против Трамп откако тој се закани дека ќе изврши насилство на протестот во Минеаполис, кој беше започнат како одговор на смртта на Џорџ Флојд. „Откако го разгорувате пламенот на белата надмоќ и расизмот за време на вашето претседателство, имате нерви да глумите морална супериорност пред да се заканувате со насилство?“ напиша таа на X (поранешен Твитер).

Се појавија и снимки од документарниот филм на Свифт, Мис Америка 2020 година, во кој таа пркосно му кажува на својот тим дека ќе зборува против Доналд Трамп и републиканската сенаторка Марша Блекбурн. „Ова е нешто што знам дека е правилно... Морам да бидам на вистинската страна на историјата“, рече таа.

притисни ентер