Леонтиев: Најмалку седум исчезнати во Нова Каховка по уривањето на браната

Најмалку седум лица се водат за исчезнати откако водата од уништената брана ги поплави околните области, соопшти денеска Тасс, цитирајќи го градоначалникот на Нова Каховка, Владимир Леонтиоев, кој е назначен од Москва.

Браната Нова Каховка, на реката Днепар, која е под контрола на Москва, беше уништена вчераутро и поплави дел од линијата на фронтот во областа Херсон, принудувајќи илјадници локални жители да ги напуштат своите домови.

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за уништување на браната.

Околу 42.000 лица се во опасност од поплави во областите под руска и украинска контрола долж реката Дњепар, соопштија украинските власти, а шефот на хуманитарната помош на ОН предупреди на „тешки и далекусежни последици“.

-Со сигурност знаеме за седум лица дека се водат за исчезнати, изјави градоначалникот Леонтиев за Тасс.

Од градот вчера беа евакуирани над 900 лица со вкупно околу 45.000 жители. Нова Каховка е под руска контрола и се наоѓа на левиот брег на реката Дњепар.

Украинските власти соопштија дека околу 80 населени места низ регионот Херсон се во опасност од поплави.

Гувернерот на украинската област Херсон, Олександр Прокудин, денеска соопшти дека 1.582 куќи се поплавени на десниот брег на реката Днепар, а околу 1.457 луѓе се евакуирани во текот на ноќта.

Претходно, Прокудин изјави дека во текот на изминатиот ден при руското гранатирање на регионот и на самиот град Херсон загинал еден цивил, а еден е повреден.

Стопанствениците се жалат на одлуката на владата утре да биде неработен ден

Одлуката утрешниот ден и 8 мај да бидат неработни денови за сите граѓани, негативно ќе се одрази на бизнисот.

Фирмите ќе претрпат загуби, неефикасна станува целата недела по вакавата одлука, реагираат од бизнис заедницата. Од Сојузот на стопанските комори велат, одлуката на Владата, за која никој не ги консултирал, ќе ја почитуваат, но со неа не се согласуваат.

„Знаете кога ќе прогласите неработен ден во среда од прилика негативноста ја има цела недела така да и понеделникот и вторник се реалтивно не ефикасни и четвртокот и петокот, така да навистан една многу непријатна ситуација...Со нас конкретно никој нема разговарано на оваа тема.... “- Трајан Ангеловски – претседател на ССК

Од пазарен најавуваат инспекциски контроли во текот на утрешниот ден. Оттаму со препорака сите да ја почитуваат владината одлука. Велат исклучок се само оние работодавачи чии работни процеси поради активностите кои ги извршуваат не можат да прекинат со работа.

„24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) се неработни денови за сите граѓани. Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат.За наведените денови ДПИ ќе воведе дежурства и преку државните пазарни инспектори ќе контролира дали Заклучокот на Техничката Влада се почитува. “ - Државен пазарен инспекторат

За да бидат неработни 24 април и 8 мај прво имаше препорака, но по реакциите во јавбниоста и од бизнис секторот, владата донесе заклучок изборните денови да бидат неработни, со цел непречено одвивање на гласањето.

МВР со оперативен план ќе се грижи утрешниот изборниот ден да помине во мирна атмосфера

Од МВР претходно најавија дека ќе има засилено полициско обезбедување во Тетово и Гостивар.

На утрешниот прв круг од претседателските избори ќе може да гласаат и граѓаните кои немаат валидни документи со „Северна “ или по рок на важност им истекле личната карта или пасошот во периодот од 9 месеци до денот на одржувањето на изборите, односно по 24 јули 2023 година. Истото ќе важи и за изборите на 8-ми мај, согласно измените на Изборниот законик од 7-ми март.

Воедно, граѓаните и утре ќе можат да ги подигнат нивните веќе изготовени лични документи.. Од МВР посочуваат и дека скопјани ќе можат личните карти да ги подигнат и во полициските станици.

„ Одделенијата за управни работи работат се со цел граѓаните кои не ги подигнале личните карти да можат тоа да го направат и утре за да го остварат своето право на глас, се разбира граѓаните ќе можат да одат од 8-19 часот да одат во одделенијата за управни работи во градовит екаде што живеат,а за Скопје знаеме дека личните карти се подигнуваат од надлежните полициски станици. “-Тони Ангеловски – Портпарол на МВР

Од полицијата велат дека сите сектори за внатрешни работи се целосно подготвени за гласањето да помине во најдобар ред. Информираат дека како и за претходните избори така и за овие формиран е посебен оперативен штаб кој е насочен кон реализацијата на изборниот процес.

„ Досега нема никакви ниту индиции ниту најави за било какви проблеми, се надеваме ние ќе направиме се процесот да помине најдобро што може, полицијата е подтовена за граѓаните да можат слободно да ја изразат својата волја. “-Тони Ангеловски – Портпарол на МВР

Од МВР претходно најавија дека ќе има засилено полициско обезбедување во Тетово и Гостивар.

ДИК со последни подготовки пред утрешниот изборен ден

Речиси 7.000 болни и изнемоштени лица, затвореници во казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, гласаат денеска, ден пред утрешните претседателски избори. 

Од Државанта изборна комисија соопштија дека се ореземаат сите чекори утрешниот изборен ден да помине во најдобар ред. Пред ДИК е Андријана Лазова.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер