ЛЕ: Карабах задоцни на дуелот против Тотенхем поради сообраќаен метеж

Почетокот на натпреварот од воведното коло во Лига Европа меѓу Тотенхем и Карабах доцнеше 35 минути измината вечер откако азербејџанскиот тим „заглави“ во сообраќаен метеж во Лондон.

Азербејџанскиот тим на пат кон стадионот ги извести оргнизаторите дека нема да биде во можност навреме да пристигне, по што Тотенхем во консултација со УЕФА, објави дека почетокот на натпреварот ќе доцни поради „сериозни проблеми во транспортот“.

Самиот натпревар почна шокантно за Тотенхем кој веќе во 8 минута остана со играч помалку на теренот поради исклучувањето на романскиот интернационалец Драгушин, но англискиот тим, сепак, на крајот триумфираше убедливо со 3-0.

Резултати од 1. коло во Лига Европа:

Тотенхем – Карабаг 3-0

Фенербахче – Сент Жил 2-1

Малме – Ренџерс 0-2

Рома – Атлетик Билбао 1-1

Ајакс – Бешикташ 4-0

ФЦСБ – Рига 4-1

Лион – Олимпијакос 2-0

Брага – Макаби Тел Авив 2-1

Ајнтрахт – Викторија Плзен 3-3

Одиграно в среда:

Динамо Киев – Лацио 0-3

Митјиланд – Хофенхајм 1-1

Галатасарај – ПАОК 3-1

Лудогорец – Славија Прага 0-2

Манчестер Јунајтед – Твенте 1-1

Ница – Реал Сосиедад 1-1

Андерлехт – Ференцварош 2-1

АЗ Алкмар – Елфсборг 3-2

Бодо Глимт – Порто 3-2).

Се омажи Лана Дел Реј

 Само еден месец откако јавноста дозна дека е во врска со 56-годишниот Џереми Дуфрен, пејачката Лана Дел Реј стапи в брак со него.

Според западните медиуми, двојката си ги разменила заветите во заливите во Лујзијана, каде што Дуфрен ги води своите популарни мочуришни тури со пловила.

На снимките што ги објави „Дејли мејл“, Лана оди кон олтарот во раскошна венчаница, со букет в рака и коса врзана во кадраво опавче украсено со машна. Дуфрен е во црн костум. Свадбата и дочекот на гости се одржаа на јавно пристаниште, со маси под бел шатор. Сестрата на Лана, Керолин Грант и брат ѝ Чарли Хил-Грант, исто така, беа на венчавката.

На Лана ова ѝ е прв брак, а на Дуфрен втор. Тој е татко на две деца, а работи како капетан и водич во „Ербоут турс“ (Airboat Tours) - агенција што овозможува пловење со чамци низ мочуриштата на Луизијана, коишто патем, се природно живеалиште на алигатори, чапји, јастреби и други животни.

Како што се наведува, Џереми е голем обожавател на алигатори. Лана и Џереми се запознале во 2019 година кога таа била посетителка на една од тие обиколки на мочуриштата.

Меѓувладина седница и тет-а-тет средба на Мицкоски и Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера пристигна во Охрид тој утринава имаше тет-а-тет средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Орбан пристигнат со бројна делегација во чиј состав се и 10-тина министри.

Тој последен пат беше во земјава во 2013 година кога и е одликуван со орден „8 септември“.

Во Охрид најавен е времен режим на сообраќај, таму е Ивана Стојановска, Ивана каква е агендата на двајцата премиери за денеска ?

Во видеото погледнете го целиот извештај од Охрид.

Намалени водостоите на езерата

За два сантиметра е намален водостојот на Дојранското Езеро, а за по еден на Преспанското и на Охридското Езеро во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа, нивото на Дојранското Езеро е 66 сантиметри под договорениот минимум, а на Преспанско Езеро е 20 сантиметри под апсолутно појавениот регистриран минимум. Водостојот, пак, на Охридско Езеро е 10 сантиметри над дозволениот минимум, но е за 14 сантиметри понизок од просекот за септември.

Минимално намалување на нивото е регистрирано и кај повеќето реки во земјава иако има и такви каде водостојот е ист или малку зголемен. Најголемо намалување од пет сантиметри има реката Црн Дрим на мерното место кај Ложани, додека најголемо зголемување од два сантиметра има Вардар кај Велес.

притисни ентер