Лашкоска: Обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска денес ја посети Гевгелија каде заедно со градоначалникот Андон Сарамандов се приклучија на акцијата за масовно пошумување.

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска денес ја посети Гевгелија каде заедно со градоначалникот Андон Сарамандов се приклучија на акцијата за масовно пошумување и подигање на јавната свест „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“ во рамките на која на месноста Топлик, Гевгелија се засадуваа 6000 дрвни насади.

„Министерството за животна средина ги поддржува активностите за пошумување во државата бидејќи тие се значаен ресурс од повеќе аспекти – заштита на биодивезитетот, подобрување на квалитетот на воздухот, климатските промени, заштита од ерозија и свлечишта и се важен економски ресурс“ изјави Лашкоска на настанот потенцирајќи дека обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво особено во услови кога сме соочени со многу високи летни температури и со сериозно опожарување на шумите на територијата на целата држава.

Таа упати честитки и благодарност до градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов и општина Гевгелија за одлично реализираната акција.

Во рамките на посетата на општина Гевгелија, заменик министерката Лашкоска и градоначлникот Сарамадов направија увид во реализацијата на проектот за намалување на загуби на вода со замена и инсталација на водомери заедно со инсталација и конфигурација на опрема со далечинско отчитување. Проектот го имплементира ЈКПД Комуналец Гевгелија, а е финансиски поддржан од страна на МЖСПП со средства во висина од 5 милиони денари, соопштуваат од Министерството.

Победата на Трамп му го зголеми богатството на Маск- го собори сопствениот рекорд

Нето богатството на американскиот милијардер Илон Маск вчера достигна рекордни 347,8 милијарди долари.

Нето богатството на американскиот милијардер Илон Маск вчера достигна рекордни 347,8 милијарди долари, поттикната од континуираниот раст на акциите на Tesla и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција xAI беше проценет на 50 милијарди долари, пишува Bloomberg.

Бројните компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го катапултираше во политичкото внимание.

Американската новинска агенција додаде дека акциите на Тесла вчера пораснале за 3,8 отсто, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе ѝ дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.

Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на Блумберг.

Израелски рабин исчезна во Емиратите, се огласи Нетанјаху

Израелскиот рабин Зви Коган исчезна во Обединетите Арапски Емирати, соопшти денеска канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Коган има двојно израелско-молдавско државјанство, објави Тајмс оф Израел.

Во соопштението се наведува и дека е отворена истрага врз основа на информации дека исчезнувањето на лицето идентификувано како Зви Коган во четвртокот е поврзано со „терористички инцидент“.

Канцеларијата на Нетанјаху соопшти дека Коган е емисар на Чабад, ортодоксна еврејска организација со ограноци низ целиот свет.

Идната кралица на Шведска облече униформа, а цивилите добија летоци за да се подготват за војна

Додека на цивилите во Шведска им делат брошури како да се подготват за војна, принцезата Викторија, идната кралица на оваа скандинавска земја, веќе ја облече униформата и зеде пушка.

Престолонаследничката принцеза Викторија од Шведска му се придружи на поморскиот полк на воена вежба додека ја продолжува својата специјална обука за да стане офицер на вооружените сили, пишува Dailymail.

Принцезата е снимена на воена вежба во близина на Стокхолм. Насмеана и енергична, таа покажа дека не се плаши да се соочи со предизвици додека им се придружи на членовите на 1-от морски полк.

Наследничката на шведскиот трон била облечена во маскирна воена униформа, со тежок елек и војнички чизми, додека во рацете држела пушка. И покрај снежните услови, принцезата била фокусирана и подготвена за акција, носејќи ја косата во ниско опавче.

На вежбата, која се одржа во Берга, поморска база во Стокхолм, Викторија се сликаше за групна фотографија со членовите на 1-от морски полк.

Како идна шведска кралица, принцезата Викторија моментално поминува низ специјална офицерска обука за да се подготви за нејзината идна улога. Во април беше објавено дека принцезата ќе присуствува на оваа обука наесен со цел да стекне подлабоко разбирање за тактиката, воената наука и стратегијата.

„Целта ми е да ја вложам целата моја енергија на оваа обука за во иднина најдобро да ја претставувам Шведска и вооружените сили. Се радувам на интересниот и корисен период на учење со моите нови колеги“, рече тогаш таа.

Претходно, Викторија присуствуваше на тринеделен основен воен курс во Меѓународниот центар на шведските вооружени сили во 2003 година.

Воената обука на Викторија е дел од пошироката традиција меѓу европските кралски семејства. Шпанската принцеза Леонор (18), наследничка на шпанскиот трон, минатата година започна интензивен тригодишен курс на Генералната воена академија во Сарагоса.

Обуката вклучува програми на Поморската академија и Академијата на воздухопловните сили, обезбедувајќи сеопфатен увид во шпанските вооружени сили. Двајцата британски принцови Вилијам и Хари завршија воена обука. И двајцата се пилоти на хеликоптери, а црвенокосиот Хари служел како пилот на Апачи во Авганистан.

Откако Викторија ќе стане кралица, нејзината најстара ќерка, принцезата Естел, се очекува да помине низ слична обука како втора во редот за тронот.

притисни ентер