Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено, иако коловозите се влажни поради зимските услови. Од 12:20 часот има забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар и магистралниот пат Гостивар-Кичево поради врнежи од снег.
АМСМ информира дека е нормализиран сообраќајот на излез од Гостивар кон Стража и дека сообраќајот кон Пониква и кон село Бели се одвива непречено, по една коловозна лента.
Интензитетот на сообраќај е умерен и без задржувања на граничните премин. Умерен е и на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Особено внимателно управување со возилата се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Граѓаните најавуваат дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови возила од 15 ноември.