Кина со поддршка за Иран во заштитата на неговата безбедност

„Кина го поддржува Иран во заштитата на неговиот суверенитет, безбедност и националното достоинство“.

Кина го поддржува Иран во заштитата на сопствениот „суверенитет, безбедноста и национално достоинство“, му рекол кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на вршителот на должноста министер за надворешни работи на Иран, Али Багери Кани во денешниот телефонски разговор, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

За време на повикот, Ванг Ји ја потврди осудата на Пекинг за убиството на шефот на политичкото биро на палестинскиот Хамас Исмаил Ханија во Техеран на 31 јули, нагласувајќи дека нападот го нарушува суверенитетот на Иран и ја загрозува регионалната стабилност.

„Кина го поддржува Иран во заштитата на неговиот суверенитет, безбедност и националното достоинство според законот, како и неговите напори за одржување на регионалниот мир и стабилност, а исто така е подготвена да одржува блиски контакти со Иран“, рече кинескиот министер./МИА

Литванија смета дека авионите на НАТО треба да ги соборуваат руските дронови над Балтикот

Од влегувањето на трите балтички земји во НАТО во 2004 година, на нивното небо патролираат авиони на НАТО бидејќи тие немаат борбени авиони.

Литванскиот министер за одбрана Лауринас Касциниус изјави дека авионите на НАТО стационирани во балтичките земји треба да соборуваат руски беспилотни летала во воздушниот простор на неговата земја и соседите, откако руски дрон минатата недела падна во Летонија.

Од влегувањето на трите балтички земји во НАТО во 2004 година, на нивното небо патролираат авиони на НАТО бидејќи тие немаат борбени авиони.

Мисијата на НАТО за надгледување на балтичкото небо „не само што треба да патролира, туку треба, доколку е потребно, доколку времето дозволува, да го скрати синџирот на одлучување на ниво на НАТО за авионите веднаш да полетаат и да ги уништат беспилотните летала“, изјави Касциунас.

Руски дрон „Шахед“ од иранско производство во саботата се урна во Летонија, но не експлодира.

Летонскиот претседател Едгарс Ринкевичс во вторникот рече дека неговата земја разговара за ова прашање со сојузниците.

-Го покренуваме прашањето за протоколот за пресретнување на беспилотни летала со нашите партнери во НАТО и бараме да се користат сојузнички борбени авиони штом беспилотно летало ќе се приближи до нашите граници, изјави Ринкевичс, оценувајќи дека проблемот се јавува, меѓу другото, затоа што авоните добиваат наредби од НАТО, а не од локално ниво, што ја забавува процедурата.

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски претходно овој месец изјави дека Варшава треба да има право да соборува руски ракети кои се закануваат на нејзината територија додека се уште се над Украина.

Украина, исто така, побара од соседните земји-членки на НАТО да ги соборат руските ракети и беспилотни летала насочени кон нејзините западни региони.

Видео: Рок иконата Џон Бон Џови спречи жена да скокне од работ на мостот во Нешвил

Хуман чин на рок иконата Џон Бон Џови. Тоj е е фатен од надзорната камера како спречува жена да скокне од работ на мостот во Нешвил.

Пејачот и пришол на жената околу 18 часот по локално време додека го снимал спот за негова песна.Тој ја убеди непознатата жена да се врати преку оградата на пешачкиот мост.

Според полицискиот оддел во Нешвил, инцидентот се случил во вторникот вечерта додека 62-годишниот музичар снимал видео спот на патеката.

На видеото, објавено од локалната полиција, може да се види како Бон Џови и приоѓа на жената со уште едно лице. Потоа се наведнува на оградата од мостот и ја подига жената.началникот на полицијата ја пофали постапката на рок ѕвездата.„Сите треба да си помогнеме едни на други да останеме безбедни“, пренесува дејли меил.

Комеморација за актерката Снежана Стамеска

Комеморацијата во чест на починатата актерка Снежана Стамеска ќе се одржи денеска во 12 часот во фоајето на Драмски театар.

Стамеска беше првенка на Драмски театар Скопје и една од ведетите на македонското глумиште. Дипломирла на Театарската академија во Белград во 1970.

Од нејзиното вработување во 1971 до пензионирањето во 2010 Стамеска беше член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Низ исклучително плодната актерска кариера одиграла преку седумдесет улоги во матичниот театар и на сцените на неколку други македонски театарски куќи.

Таа реализираше многу значајни телевизиски и филмски улоги.

Исклучителната популарност Снежана Стамеска ја стекна во одумдесетите и деведесетите години кога публиката ја засака во улогите на Пандора во Солунски патрдии (1979), Вера во Диво месо (1979), Сина во телевизиската серија Трст виа Скопје (1987), Вера во Среќна Нова '49 (1985), и Паца во Викенд на мртовци (1985).

притисни ентер