Кејт Мидлтон ја посетила вонбрачната ќерка на принцезата Дајана и кралот Чарлс Трети

По запознавањето, на Вилијам му порачала една работа

По запознавањето, на Вилијам му порачала една работа

Се работи за неверојатна сличност со Лејди Ди, па нема сомнение дека таа ѝ е ќерка!

Во британското кралско семејство со години кружат гласини за тајната која ретко кој можеше да ја очекува - дека кралот Чарлс Трети и покојната принцеза Дијана имаат вонбрачна ќерка по име Сара Спенсер, која живее во Америка.

Наводно, пред да се венчаат Дајана Спенсер и принцот Чарлс, кралицата Елизабета Втора сакала да провери дали Дајана може да има деца или не. Според изворите, користен е метод на ин витро оплодување со цел да се провери плодноста на принцезата Дајана.

@cristinabrunothemuse1111 Part3 Did Prince Charles and Princess Diana have a daughter? #princessdiana #ladydiana #kingcharles #katemiddleton #princewilliam #royals #royalfamilies #brithishmonarchy #englishroyalfamily #gossiptime #foryou #viralvideo #saraspencer ♬ original sound - MUSE CREATIONS - CristinaBrunoTheMuseCreation75

Меѓутоа, една лекарка која била вклучена во процедурата наводно украла јајце-клетки и сперма и ги искористила кај сурогат мајка. Приказната сугерира дека сурогат мајка била сопруга на докторот кој го извршил оплодувањето. Оваа приказна добива на тежина, и покрај напорите да се одржи во тајност, а новите детали ги доведуваат во прашање сегашните правила и прописи во врска со наследувањето на тронот.

Според информациите кои се појавија во јавноста последниве денови, Сара е родена 1981 година, една година пред принцот Вилијам, сегашниот престолонаследник. Додека во минатото британската монархија беше строго патријархална во однос на правилата според кои се привилегирани машките наследници, сегашните закони го фаворизираат најстариот потомок, без разлика на полот. Доколку околностите беа поинакви, Сара можеби би имала право на тронот.

- Нејзиното постоење никогаш не е отворено признаено, иако во една прилика во Америка е објавена нејзина фотографија. Сличноста со Лејди Дајана е впечатлива. Нејзината приказна е една од оние кои засекогаш би можеле да ја променат перцепцијата за тоа кој навистина би требало да биде наследник на тронот. Наводно и самата Сара не знаела кои се нејзините родители сè до смртта на принцезата Дајана, кога ѝ било кажано – вели извор близок до кралското семејство, а за тоа пишува и Дејли Меил.

Според извештаите, оваа тајна била чувана многу долго, бидејќи во времето кога се родила Сара законите биле јасни - машките наследници имале приоритет. Затоа, дури и да било познато нејзиното постоење, тоа немаше да ја промени позицијата на Вилијам во врска со наследувањето на тронот. Меѓутоа, сега, со промената на правилата околу наследството, се шпекулира дека Сара како прва наследничка би можела да го бара своето право на тронот.

- Не се работи само за наследството, туку и за семејството. Очигледно, принцот Вилијам отсекогаш сакал да ја запознае својата сестра. Се шпекулираше дека единствениот член на семејството кој досега ја запознал Сара е принцезата Кејт Мидлтон, која била фасцинирана од нејзината сличност со покојната Дајана, додал изворот.

Кралското семејство сè уште не ги коментира овие тврдења, но интересот на јавноста за Сара расте од ден на ден.

Извор: srecna.republika.rs

По врнежите, агрометеоролозите препорачуваат дополнителна претсеидбена обработка на почвата

 По врнежливиот период што ја зафати земјава, кај одредени есенски култури кои се во период на претсеидбена подготовка површината на почвата треба длабоко да се обработи.

По врнежливиот период што ја зафати земјава, кај одредени есенски култури кои се во период на претсеидбена подготовка површината на почвата треба длабоко да се обработи, а по обработката треба да следи и дополнителна претсеидбена и површинска обработка, укажуваат агрометеоролозите од УХМР.

Како што објаснуваат, целта на дополнителната обработка е да создаде растресит и иситнет површински слој на почвата во кој ќе се посее семето.

-Паралелно со обработката на почвата треба да се изведе и основното ѓубрење, како важна агротехничка мерка, бидејќи поголемиот дел од нашите почви се скудни со азот и фосфор на што треба да се посвети посебно внимание при ѓубрењето. Останатите земјоделски култури или во поголем дел, се наоѓат во фаза на берба, се собираат или веќе им се собрани плодовите. Се препорачува земјоделските производители да продолжат со активностите и грижата за нивните посеви, напоменуваат агрометеоролозите.

Тие укажуваат дека според прогнозата, до утре ќе преовладува сончево и топло време. Во недела ќе има значителна промена со повремени врнежи од дожд, локална појава на грмежи и засилен северен ветер. Засилен ветер ќе има и во понеделник што ќе предизвика значителен пад на температурата.

Без вода дел од Маџари

Без вода денеска од 11:10 часот се дел од корисниците од улицата „Благоја Стефковски“ во населба Маџари.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради замена на затворач во шахта на ул.„Благоја Стефковски“бб (кај Спорт Лајф) во населба Маџари.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Мицотакис: Меѓународните договори мора да се почитуваат и имплементираат целосно

Постојат нарушувачи, кои не би сакале ништо повеќе од тоа да предизвикаат нови поделби во овој чувствителен агол на Европа. 

Време е познатата фраза на Винстон Черчил дека „Балканот произведува повеќе историја отколку што може да консумира“ еднаш засекогаш да ја оставиме во историските книги, порача грчкиот премиер Кирјакос Мициотакис во неговиот говор на Генералното собрание на Обединетите нации, осврнувајќи се на иднината на Западен Балкан, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис ја повтори грчката поддршка за европската перспектива, но и посочи дека Договорот од Преспа, Дејтонскиот договор и Договорот Белград – Приштина мора да се почитуваат и имплементираат.

Рече дека Грција, како најстара земја-членка на ЕУ во регионот, отсекогаш имала визија за Западен Балкан да биде дел од европското семејство, „визија која ќе ги намали тензиите и конфликтите и ќе ги вгради владеењето на правото и основните слободи, поттикнувајќи развој и просперитет за народите“.

Посочи дека „имаше напредок, но не беше доволен“, а 21 година по Солунската агенда „остануваат значајните предизвици“.

-Дозволете ми да бидам многу искрен: земјите од Западен Балкан треба да донесат дефинитивна одлука да го остават зад себе трауматичното наследство од минатото. И политичкото раководство на Западен Балкан треба, со дела, да избере да ја прифати својата европска иднина. Преку подобрување на демократското владеење, консолидирање на владеењето на правото и слободата на изразување, спроведување на тешки внатрешни реформи и многу важно посветеност на добрососедските односи. Заживувањето на националистичките наративи и агенди не треба денес да има место во регионот што е на прагот за членство во ЕУ. Да почнеме со основите работи: меѓународните договори мора да се почитуваат и имплементираат целосно и со добра волја, без разлика дали зборуваме за Дејтон, или за Преспа или за договорите Белград-Приштина, порача Мицотакис.

притисни ентер