Каракамишева: Законот за јазиците е неуставен, ги изедначува македонскиот и албанскиот јазик

Професорката Тања Каракамишева, која е меѓу потписниците на една од многуте иницијативи за преиспитување на уставноста на Законот за јазиците, ја поздравува одлуката на судот по пет години конечно да се изјасни... 

Законот за употреба на јазиците се коси со Уставот и излегува надвор од Охридскиот рамковен договор бидејќи со него се воведува целосна двојазичност во сите државни институции, смета професорката Тања Каракамишева Јовановска, која го поздравува чекорот на Уставен по цели пет години конечно да расправа по поднесените иницијативи и да ја испита уставноста на овој закон. Според неа законот е неприменлив и полн со нејасноти особено во делот на судските постапки и тоа јасно е наведено во мислењето на Венецијанската комисија која уште во 2019 побара тој да биде допрецизиран и доработен.

„Овој закон практично ги изедначува македонскиот и албанскиот јазик во примената на целата територија, а во некои елементи и во меѓународните односи. Со ова законот го прекршува амандманот V на Уставот каде јасно е наведено дека македонскиот јазик е задолжителен за сите, додека другите јазици што ги зборуваат најмалку 20% од граѓаните се факултативни и треба да дејствуваат во уставно утврдените рамки. Во амандманот 5 пишува „може“, а не „мора“ да се употребува друг јазик различен од македонскиот како што пропишува Законот“.

За оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците поднесени се 13 иницијативи. Зад една од нив стои токму професорката Каракамишева, заедно со уште 14 унверзитески професори, во која како спорни елементи ги наведуваат и одредбите за воведување двојазнични униформи, за парите, како и паричните казни предвидени во случај на неупотреба на албанскиот во државните институции.

„Примената на албанскиот јазик во институционалната практика под закана на глоби е спротивно на меѓународната јазична легислатива и практика, како и на Уставот на РМ. Спорна е двојазичност на униформите на полицајците, пожарникарите и здравствените работници. Амандманот 5 на Уставот може да важи за вработените во локалните, а не во државните институции, како и одредбите за книжните и кованите пари, како и поштенските марки“.

Додека се чека на одлуката која Уставен треба да ја донесе на почетокот на идниот месец, партите од алабнскот блок со меѓусебниобвинувања. Првиот вицепремиер Меџити тврди дека ДУИ е подготвена да го жртвува албанскиот јазик и да ја искристи одлуката на судот за содздавање тензии и протести, додека од ДУИ посочуваат дека Вреди ги продавале Албанците во замена за своите позиции преку нивните оправдувачките ставови за изјавите на првиот човек на Уставен, Дарко Костадиновски, кои инетгратиците ги толкуваат како политички притисок врз судиите. Премеирот Мицкоски пак во неколку наврати порача дека оценувањето на уставноста на Законот за употреба на јазиците не е политичка, туку судска одлука и како таква очекува да се почитува од сите во државата.

Морбидно: Ги ископуваат мртовците, ги чистат, облекуваат и одат со нив на прослави (ВИДЕО)

Годишниот ритуал на едно индонезиско племе, во кој покојниците се ексхумираат, средуваат и чистат, па повторно се закопуваат - откако ќе поминат време со живите, не престанува да привлекува внимание.

Станува збор за племето Тораја од островот Сулавеси кое секоја година во август практикува необична церемонија. На интернет можете да најдете бројни видеа на кои луѓето позираат со покојникот, кој поминал долго време под земја.

Членовите на племето, како дел од церемонијата наречена Ма'нене, ги откопуваат починатите членови на семејството, ги капат, чистат, ги пресоблекуваат во нова облека и често ги изнесуваат на улица и се фотографираат со нив.

Важен дел е и замена или ремонт на ковчегот, чија цел е да се запре гниењето на балсамираните тела.

Овие луѓе не ја гледаат смртта како последен чекор, туку постепеното преминување на душата во задгробниот живот. Како резултат на тоа, тие веруваат дека телата на починатите сè уште бараат грижа, пишува Дејли мејл.

Церемонијата се организира повеќе од еден век, а нејзината суштина е да се слави животот и да се одржи врската со починатите роднини.

Треба да се спомене дека погребите се важен општествен настан во кој цели семејства се собираат со локалното население за да ги обноват верувањата и традициите на нивните предци.

Ваквите настани траат неколку дена, под името Рамбо Солока.

Му се јавувала на поранешниот и по илјада пати дневно, упаднала кај него дома - ја осудија

Стоматолог од англискиот град Ексетер, Дејвид Паљеро, започнал врска со медицинската сестра Софи Колвин по смртта на неговата сопруга во 2021 година.

Двајцата работеле во иста стоматолошка амбуланта, но врската по извесно време завршила. Човекот немал поим што го чека.

Паљеро ја опишал љубовната врска со Софи како „нежна и убава“, но по некое време ситуацијата стана „трауматична“.

Двојката престанала да излегува, а жената почнала опсесивно да го демне својот поранешен, ставајќи уред за следење во неговиот автомобил и во една прилика упаднала во неговиот дом.

Паљеро сведочел дека живеел во „страв да не биде следен“ и дека Софи постојано му се јавувала на телефон, пренесува Times Now News.

Му упатила 965 повици во еден ден, а над 1000 следниот ден!

Стоматологот се плашел дека Софи „се крие во грмушките пред неговата куќа“, или дека „демне по споредните патишта“, каде што возел.

Бизарниот случај завршил на суд, бидејќи Паљеро се обратил до полицијата.

Обвинетата Софи се изјаснила за виновна за следење и малтретирање, па ѝ е изречена условна затворска казна во времетраење од 20 недели и наредба за приоѓање до жртвата од пет години.

Тој претходно побарал од судијата да не ѝ изрекува престрога казна.

„Не сакав ова да се случи, но твоите постапки ме исцрпија“, и рекол тој на поранешната девојка.

Бил Гејтс го предупреди светот дека е можна глобална војна и пандемија во наредните 30 години

Има некои прашања кои дури и милијардерот и филантроп Бил Гејтс (69) го држат буден навечер.

Ќе има ли уште една пандемија? Дали глобалните тензии ќе достигнат точка на вриење, предизвикувајќи глобална војна? Што би не турнало во таа бездна?

Додека Бил Гејтс, таткото на три деца, е многу оптимист за вештачката интелигенција и искоренувањето на смртоносните болести како што е детската парализа, тој сè уште е загрижен за можноста од војна или нова пандемија, пишува магазинот Fortune.

„Во моментов има многу жаришта во светот кои можат да предизвикаат голема војна. Но, дури и ако тој конфликт се избегне, тогаш најверојатно во следните 25 години можеме да очекуваме нова пандемија.

Ко-основачот на Мајкрософт не бил импресиониран од глобалниот одговор на пандемијата на коронавирус и рече дека клучните лекции биле игнорирани. Тој беше многу критичен за одговорот на Америка на пандемијата.

„Земјата од која светот очекуваше да ја води и да биде модел не ги исполни тие очекувања. Иако некои од лекциите од пандемијата на коронавирус беа научени, тоа беше многу помалку отколку што би очекувал“, додаде Гејтс.

Милијардерот секако не е сам во своите песимистички прогнози. Многу други глобални здравствени експерти, исто така, ги повикуваат западните земји да се подготват за подобро да одговорат на новите епидемии.

Професорот Пол Хантер е експерт за епидемиологија на новите болести од Универзитетот во Источна Англија во Норвич, Англија. Тој зборуваше за нов смртоносен вид на мајмунски сипаници.

„На Запад, ние навистина се интересираме за болест само кога таа директно ќе ни се заканува. Проблемот е што толку многу од овие болести би можеле да се спречат да се прошират доколку земјите на терен имаат ресурси. Ова е тема која се повторува. Западот се грижи само за контрола на епидемијата кога ќе почнеме да забележуваме случаи, а потоа е скоро секогаш доцна да се искорени инфекцијата.“

Гејтс истакна дека се надева дека здравствените организации ќе почнат да размислуваат подолгорочно во наредните години.

„Што е направено добро, а што не, се уште не е утврдено. Можеби тоа ќе се промени во следните пет години, но засега е многу изненадувачки“, рече Гејтс.

Оваа порака беше испратена и од највисоката власт - Светската здравствена организација (СЗО).

Претходно оваа година, СЗО издаде предупредување за ширење на вирусот на грип преку добитокот, птиците и луѓето и ги повика нациите да работат заедно за подобро да се подготват за пандемија.

„Едно е сигурно. Во иднина ќе има уште пандемии на грип“, рече Никола Луис, директор на Светскиот центар за грип и додаде:

„Мојата порака до меѓународната заедница е дека мора да ја оставиме настрана нашата воздржаност. Мораме да ја оставиме настрана нашата парохиска загриженост и да се потсетиме на влијанието и разорните последици од глобалната пандемија од кој било агенс на болеста што доаѓа“.

Бил Гејтс, чие богатство се проценува на 157 милијарди долари, според индексот на милијардери на Блумберг, не е единственото влијателно име кое предупредува за потенцијален глобален конфликт. Извршниот директор на JPMorgan Chase, Џејми Дајмон, претходно рече дека геополитичките тензии се најголемата закана со која се соочува глобалната економија:

„Ние претходно се справувавме со инфлацијата, претходно се занимававме со дефицити, претходно се справувавме со рецесија и не сме виделе вакво нешто од Втората светска војна“, рече тој и продолжи:

„Мислам дека Америка многу сериозно ја сфаќа руската инвазија на Украина, не сум сосема сигурен како остатокот од светот го прави тоа. Имате европска демократска нација под закана од нуклеарна уцена. Мислам дека тоа беше добар одговор. Но тоа ќе влијае на сите наши односи додека војната некако не се реши“.

притисни ентер