Јужна Кореја подигна борбени авиони: Кинески и руски воени авиони влегоа во просторот

Единаесет кинески и руски воени авиони денеска навлегоа во зоната на воздушна одбрана на Јужна Кореја во период од четири часа, што ја натера Јужна Кореја да подигне борбени авиони, соопшти јужнокорејската војска.

Според Здружениот штаб на Јужна Кореја, леталата влегле во зоната еден по друг во период од четири часа, но ја напуштиле без да предизвикаат инциденти или да навлезат во воздушниот простор на земјата.

„Сите авиони беа идентификувани пред да влезат во зоната, а нашите авиони изведоа тактички маневри како одговор“, соопшти Здружениот штаб.

Кинеските и руските авиони во последните години често влегуваа во зоната на воздушна одбрана на Јужна Кореја, а потоа излегуваа без инциденти. Двете земји не ја признаваат зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја.

Зоните на противвоздушна одбрана се воспоставени од многу земји со цел следење и контрола на авионите кои се приближуваат кон нивниот воздушен простор.

Засилени инспекции на Пазарниот инспекторат по повод „Black Friday“

Засилени инспекции на Пазарниот инспекторат по повод „Black Friday“ и непочитувањето на Законот за заштита од пушење.

Државниот пазарен инспекторат ќе врши редовни и вонредни надзори за време на викендот, а посебно внимание ќе биде посветено на продажните акции за „Black Friday“ со цел спречување на доведување во заблуда на потрошувачите и примена на измамнички трговски дејства.

Од Пазарниот инспекторат информираат дека до нив во континуитет пристигнуваат поплаки за пушење во угостителските објекти поради што ќе се вршат и надзори согласно Законот за заштита од пушење.

Апелираат до сите трговци и угостители, да ги почитуваат законите, а своите дејности и услуги да ги вршат во согласност со законските прописи.

-Исто така, ги охрабруваме граѓаните, секоја неправилност која ќе ја забележат да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат на 191 или на www.dpi.gov.mk, стои во објавата од Државниот пазарен инспекторат.

Стојкоски: Затекнавме општина во долгови и населени места без инфраструктура

Зад нас се три години  посветена работа, работа со која создававме дела, работа на проекти кои ја обликуваат иднината на нашата општина и проекти кои ќе останат запаметени за идните генерации.

Почитувани сограѓани, драги Ѓорче Петровци

Зад нас се три години посветена работа, работа со која создававме дела, работа на проекти кои ја обликуваат иднината на нашата општина и проекти кои ќе останат запаметени за идните генерации. Вашата поддршка беше најголемиот мотив за нашата работа, особено во миговите кога пред нас стоеја најголемите предизвици.

Ѓорче Петров од општина заглавени во финансиски проблеми, во проекти со затекната нерешена инфраструктура.

Денеска е општина која расте и се модернизира, благодарение на заедничкиот труд и домаќинското управување со финансиите.

Во Ѓорче Петров, започнати се и реализирани капитални дела кои остануваат за идните генерации:

Во Стопански Двор започнавме изградбата на новата детска градинка, со сместувачки капацитет од приближно 120 дечиња и најсовремени услови за истите. Успеавме да ги прошириме капацитетите на градинката Детелинка за 100 нови дечиња. Ја отворивме новата градинка Сонце со капацитет од 200 дечиња, што го ставивме во фокус силно предучилишното образование и развојот и потребата за нови капацитети за сместување во градинките.

Во градинката Пампурче го отворивме и првиот сензорен центар за деца во Република Македонија.

Создаваме подобри услови за сите ученици во сите училишта на територијата на општина Ѓорче Петров.

За прв пат се гради спортска сала во подрачното училиште во населбата Хром

А направивме и доградба на две училишта едното во Ново Село и во Хром со којшто овозможивме подобри услови за следење на наставата и максимално останавме посветени на нашиот фокус за едносменско работење во сите училишта во Ѓорче Петров.

Во Ѓорче Петров се гради и првиот социјален клуб во земјата наменет за адолесценти и возрасни со аутистичен спектар.

Пред една година ја отворивме и новата општинска зграда што значи конечно централизирани услуги и подостапен систем за граѓаните на едно место.

Решаваме комунални проблеми на цела територија на општината Ѓорче Петров, го решивме и деценискиот проблем со водоснабдувањето на село Кучково и изградивме целосно нов систем на водоснабдување.

Кучково доби и партерно уредување и нов рекреативен центар кој претставува убавина не само за Ѓорче, туку и за жителите на градот Скопје.

Населените места во Ѓорче Петров интензивно добиваат нови фекални канализациони мрежи и амтосферски канализациони мрежи.

Големиот проект за реконструкција на улицата Радушка опфати поставување на 2400 метри нова канализациона, фекална и атмосферска мрежа, а во завршна фаза изведба на последната трета фаза од реконструкција на коловозот со што Ѓорче Петров ќе добие нова улица како главна артерија во срцето на општината.

Поставена е и нова атмосферска канализација на улиците Манчу Матак и Волковска.

А со проектот „Ѓорче Петров без кал“, само засега опфативме над 80 улици во Ѓорче Петров, што означува и најголем инвестициски циклус во историјата на општината.

Во с. Орман е изградена нова пречистителна станица, додека во Ново Село изграден е нов парк за рекреација, ново урбано катче во кое имаат можност за рекреација сите генерации.

Направивме бум и во делот на инвестирање во спортската инфраструктура:

Со обнова на спортските комплекси „Бранители“ и „Даме Груев“ во Ѓорче Петров поставена е нова подлога во приближна големина од околу 3000 метри квадратни нови игралишта.

Дополнително успеавме да изградиме и два нови терени на вештачка трева во близина на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ стадионот Македонија, Ѓорче Петров и остануваме посветени до крајот на оваа година да реализираме уште две фудбалски игралишта со вештачка трева во дворот на ООУ „Мирче Ацев“ и во дворот на ООУ „Страшо Пинџур“.

Во изминатите три години исто така работевме забрзано на урбанизација и модернизација на општината Ѓорче Петров:

Го донесовме и (ДУП) за планот СЗ 16, со којшто Ѓорче ќе прерасне во еден модерен и една атрактивна општина.

Наместо станбена зграда, започнавме постапка за катна гаража до пазарчето во Ѓорче Петров, со што сакаме да го решиме долгогодишниот проблем со паркирањето во овој дел.

А во Кучково во завршна фаза е и изградбата на првиот Регионален центар за ресоцијализација на деца коишто го победиле канцерот.

Конечно, имаме силен и посветен партнер за соработка во Владата на Република Македонија.

Веќе имаме одобрено проекти за изградба на локален пат од Волково до село Орман за пробивање на ул.„ Социјалистичка Зора" кон ул. Фронт, како и за реконструкција на повеќе улици од посебно значење за општината ул."Николај Островски во Даме Груев улиците "Никола Вукмировиќ" и "Вера Циривири" во населбата Ѓорче Петров и проширување на делот од патот кој води кон училиштето во с.Кучково.

Ова се резултати кои зборуваат за нашата заедничка работа. Вашата поддршка беше клучна во сиот изминат период, а мојата и посветеноста на општинската администрација останува непроменета. Продолжуваме да го менуваме Ѓорче за доброто на сите нас.

Нашата визија за Ѓорче Петров се остварува, со работа создаваме дела, а Ѓорче Петров преминува во една модерна и урбана општина.

Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров

Драма на небото над Белград: Итно приземјен авионот од Подгорица

При утринскиот лет за Белград, авионот на компанијата „ТО Монтенегро“ се судрил со јато птици, по што авинот итно бил  по овој приземјен во главниот град на Србија.

-Поради овој настан доцнеше летот од Белград за Подгорица, бидејќи на авионот во моментов се врши неопходна техничка проверка, за да се обезбеди максимална безбедност - потврдено е за РИНУ.

Исто така, овој непредвиден настан ќе предизвика доцнење на летот за Рим, додека другиот сообраќај се очекува да се одвива според предвидениот распоред.

- Им благодариме на патниците за разбирањето и трпението. Безбедноста на патниците и членовите на екипажот и техничката исправност на авионот остануваат наш приоритет, а тимовите на компанијата вложуваат максимални напори сите патници да бидат навремено информирани и безбедно да се превезат до нивните дестинации - велат тие.

притисни ентер