ЈуЕс Опен: Пегула ја совлада Швјонтек, Синер обезбеди полуфинале

„Конечно можам да кажам дека сум полуфиналист“, со олеснување изјави 30-годишната Пегула

Изненадувањето на денот на ЈуЕс Опен го приреди синоќа Американката Џесика Пегула, 6-та на АТП-листата, која по шест неуспешни обиди конечно се пласираше во грен – слем полуфинале, совладувајќи ја најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек од Полска со 6-2, 6-4 во четвртфиналето на ЈуЕс Опен.

„Конечно можам да кажам дека сум полуфиналист“, со олеснување изјави 30-годишната Пегула, која претходнои во кариерата имаше шест четвртфинални порази на грен – слем турнирите.

Триумфот на Пегула значи дека Американците ќе имаат дури четири претставници во полуфиналните пресметки во машка и женска конкуренција, откако пласман меѓу најдобрите четири претходно обезбедија нејзината сонародничка Ема Наваро, а кај мажите Тејлор Фриц и Френсис Тиафо.

Пегула во четврток ќе се бори за пласман во финалето против Чехинката Каролина Мучова (ВТА-52), која со 6-1, 6-4 ја исфрли Бразилката Беатрис Хадад (21).

Првиот носител на машкиот турнир, Италијанец Јаник Синер се пласираше во полуфиналето Опен победувајќи го Русинот Данило Медведев во четвртфиналето со 6:2, 1:6, 6:1, 6:4.

Во полуфиналето Синер ќе се соочи со 22-годишниот Британец Џек Дрејпер кој елиминираше Алекс де Минаур со 6-3, 7-5, 6-2./МИА

Атрактивна девојка праша УФЦ ѕвезда дали може да ја удри со 1% од силата- сите шокирани (ВИДЕО)

Иако видеото за UFC на Јутјуберката Нина Мари Даниел и Алекс Переира беше создадено пред неколку месеци, повторно стана вирално на социјалните мрежи благодарение на неверојатната бројка од 23 милиони прегледи на Тикток.

Се верува дека причината е тоа што во нејзиниот последен блог Нина повторно соработуваше со шампионот на УФЦ, додека во претходниот, кој стана познат, го привлече вниманието поради болката што ја чувствуваше.

Имено, таа требаше да добие удар од Переира со само еден процент од силата на бразилскиот борец, но брзо потоа падна на подот со болна гримаса на лицето.

„Нина Драма“, како што се претставува оваа девојка на социјалните мрежи, стана суперѕвезда во светот на ММА медиумите благодарение на нејзините уникатни и забавни интервјуа.

Нина може да покаже поинаква страна на борците што обожавателите често не можат да ја видат во традиционалните интервјуа, а тоа често води до хумористични и неочекувани резултати.

Реакција на битолскиот муфтија Амит Расимовски: Нашиот став за Јени џамија не е променет

Битолскиот муфтија Амит Расимоски реагира на вчерашната изјава на првиот човек на Завод и музеј Битола, Зоран Николовски, околу нивниот состанок за Јени џамијата...

Муфтијата вели дека средбата била побарана од нивна страна уште пред еден месец, но за сосема други тековни и идни проекти на Битолското муфтивство.

-По завршувањето на службениот состанок, директорот зборуваше за неговите работи. Во меѓувреме спомна дека Јени џамија одлучил да ја промовира како Музеј на христијанската и исламската култура. Јас го прашав како ќе го направи тоа, кога со Закон и решение на државата е именувана како Галерија на уметностите и ние немавме никаква службена информација, на што тој одговори дека таа повеќе никогаш нема да биде галерија. Нормално дека за ова го известив поглаварот на ИВЗ, заменик министерот за култура и турската амабсада која имаше и реакција. Нашиот став за Јени џамијата воопшто не е променет и е јасен, бараме да и се врати на вистинскиот сопственик, ИВЗ – стои во демантот на битолскиот муфтија Амит Расимовски..

Вчера, директорот на Битолскиот завод и музеј, Зоран Николовски, во изјава за Канал 5 кажа дека пред две недели го информирал битолскиот муфтија за музејската поставка, а тој бил воодушевен од идејата и поради тоа отстапил два стари Курани на реверс на една година..

Објавен е списокот на најпродаваните нови автомобили во Европа

Најпродаваните модели се добор познати, а забележителен е и пораст на продажбата на одредени германски марки.

Продажбата на нови автомобили во Европа се стабилизира на нешто повеќе од милион возила месечно, што е на ниво на истиот период минатата година. Сепак, тоа не значи дека сите производители постигнале подеднаков успех.

Групацијата Volkswagen во октомври продала 287.000 автомобили, што е зголемување од 11%, објави Јато. И во исто време, треба да се има предвид дека Audi потфрли. Неверојатно е што главната причина за успехот е растот на продажбата на електричните модели. Така, Škoda Enyaq стана најпродаваниот електричен модел во Европа, заменувајќи го Tesla Model 3.

Во октомври, групацијата Volkswagen имаше 27,6% од пазарот на Стариот континент, што е буквално најдобар резултат во последните четири години. Овде вреди да се спомене дека најпродавана марка во Европа е Volkswagen, пред Toyota и Skoda.

Стелантис, од друга страна, има причина да се грижи. Нивната продажба се уште е во минус. Plug-in хибридите забележаа особено голем пад од дури 64%. Вкупниот минус во последниот месец изнесуваше забележителни 17%.

Евтиниот Sandero останува омилен избор на европските купувачи. Sandero го избраа 21.740 клиенти, а вреди да се спомене и новиот Duster, кој со продадени 14.235 примероци забележа раст на продажбата од дури 44%. Одличен резултат постигна и второпласираниот Peugeot 208, кој со 20.389 продадени примероци порасна за 40%.

Третопласираниот Тигуан беше одлично прифатен од европската публика. Иако е нешто поскап модел од ривалите од рангирањето, растот на продажбата од 72% го донесе семејниот теренец на третото место.

Да споменеме уште некои интересни појави на пазарот на нови автомобили. Volvo EX30 забележа повеќе од 5.300 продадени единици, Porsche Macan забележа пораст од 142% во единиците поради доаѓањето на новата електрична генерација, а Fiat Abarth 600 забележа раст на продажбата од 304 во октомври 2023 година на повеќе од 4.169 единици минатиот месец .

притисни ентер