Јаневска: Оптимизацијата на училишната мрежа значи подобро образование за учениците

Оптимизацијата на училишната мрежа ќе им овозможи подобро образование на учениците и со неа сите добиваат – старите училишни згради ќе може да се пренаменат за потребите на средината.

Оптимизацијата на училишната мрежа ќе им овозможи подобро образование на учениците и со неа сите добиваат – старите училишни згради ќе може да се пренаменат за потребите на средината а наставниците ќе можат да добијат друг ангажман и да останат функционални, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на прашање при посетата на средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ во Битола.

„Не значи дека учениците ќе останат без образование ако затвориме училиште, ниту значи дека наставниците нема да бидат искористени во образовниот процес. Праќам порака до родителите дека превозот ќе биде организиран, децата ќе им бидат во поголема средина, каде ќе стекнуваат животни видувања, знаења и компетенции во помодерно училиште. Ќе видат смарт-табла, ќе видат различни наставници, ќе има со кого да се натпреваруваат. Ако во една рурална средина има комбинирана паралелка од пет ученици, не можеме да очекуваме резултат. Затоа велиме – децата ќе ги однесеме во соодветните класови во посовремено училиште, кадешто ќе добијат соодветно знаење, кадешто ќе останат подолго во училиште, за да можат да се приближат со знаењата на учениците од ЕУ“, рече Јаневска.

Во однос на наставниците, министерката појасни дека за нив се подготвува нов закон, што очекува да се донесе во текот на првите три месеци од следната година.

„Имаме вишок наставници во државата и тоа мора јавно да се каже. До скоро велев 3.000 но таа бројка расте, затоа што луѓето се иселуваат. Заедно со родителите си одат и младите. Наставникот треба да биде функционален. Затоа, ќе ги задржиме децата подолго во училиште, од 8 до 16 часот. Од прво до петто одделение во целодневна настава, што значи едно одделение со две наставнички. За повисоките класови, од 6. до 9. одделение, по завршувањето на редовните часови ќе има други наставни и воннаставни активности и општествено-корисна работа. Ова се спроведува во Европа и е многу значајно – децата да стекнат реални сознанија каков е животот надвор од училиштето и од семејството, да стекнат емпатија, да стекнат животни вештини, за што ќе бидат ангажирани дел од наставниците“, посочи Јаневска.

Рече дека дел од наставниците ќе може да се ангажираат со децата со посебни образовни потреби, за кои има недостаток на образовни асистенти.

„Има непополнети места во мрежата на просветни инспектори. Исто така, Државниот испитен центар работи со минимални капацитети, Бирото за развој на образованието во изминатите години ја изгуби својата базична улога, да ги советува и обучува наставниците, таму секако ќе требаат искусни и квалитетни наставници кои ќе ги подучуваат младите. Има многу можности каде можеме да им најдеме функција на наставниците, и тоа ќе го правиме“, рече министерката.

Укажа дека во поголемите градови има проблем за едносменска и целодневна настава затоа што нема соодветна инфраструктура, како на пример во Битола, каде можеби ќе треба да се изградат уште едно до две училишта, а таков пример е и Скопје, каде треба да се доградуваат училници и нови училишта. Додаде дека не може инфраструктурните проблеми да се решат за кусо време, но колку повеќе деца и млади почнат да учат во подобри услови, толку поголем ќе биде успехот на државата, а тоа значи и толку повеќе задоволни ученици, родители и наставници.

Министерство за образование и наука

Трагедија во Грција: Четири деца се задушиле со гас дома, најстарото не преживеало

Едно дете починало, а три се во критична состојба по истекување на гас во семејна куќа во Ксанти, Грција.

Според медиумите, момчето (16) го загубило животот, две од неговите сестри биле интубирани, додека третата сестра исто така е во тешка состојба. Децата утрово биле пронајдени во куќата без свест. Според медиумите, родителите спиеле во горната соба, додека децата биле на приземје. Кога утрово мајката се симнала, забележала дека ниту едно од децата не се движи и веднаш повикала брза помош, објави Катимерини.

За жал, не долго откако сите биле префрлени во болница, лекарите можеле само да констатираат смрт на момчето. Неговите три сестри на возраст од 15, 18 и 20 години се во исклучително тешка состојба.

Во болница се хоспитализирани и таткото и мајката, но според грчките медиуми не биле забележани здравствени проблеми.

На трагедијата наводно ѝ претходело поставување резервоар за плин од надворешната страна на куќата. Се уште не е познато како дошло до истекувањето.

22- годишен возач и неговата 21- годишна сопатничка загинаа во сообраќајка кај Ботун

На  29.11.2024 година во 07:21 чaсот, во СВР Охрид е пријавено дека, на автопатот во изградба, кај девијацијата „Царо поле“, атар на селото Ботун, општина Дебрца, патнички автомобил „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки, излетал од патот. 

По преземени мерки, констатирано е дека, Ф.К.(22) возач на возилото и сопатничката Е.С.(21), двајцата од Кичево, починале на местото на настанот а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид. Увид на местото извршија јавен обвинител, сообраќаен вештак и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, врз телата на двете починати лица, ќе биде извршена обдукција, соопштуваат од СВР Охрид.

Министерката Божиновска се сретна со амбасадорот на Шпанија, Сориано Ортиз

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Македонија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз.

На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на билатералната соработка во областа на енергетиката, со посебен акцент на развојот на обновливите извори на енергија и зелената енергија. Двајцата соговорници ја истакнаа важноста од размена на искуства и знаења во овие области, особено во контекст на глобалните напори за енергетска транзиција и намалување на емисиите на стакленички гасови.

Министерката Божиновска изрази благодарност за поддршката што Кралството Шпанија ѝ ја дава на Македонија, како во рамките на Европската Унија, така и преку различни билатерални иницијативи. Амбасадорот Сориано Ортиз ја потврди подготвеноста на Шпанија за продолжување и унапредување на оваа соработка, особено преку нови заеднички проекти во енергетскиот сектор.

„Македонија и Шпанија ги поврзуваат 30 години на богати дипломатски односи и традиционално пријателство. Овие односи се базирани на искрена соработка и споделена визија за одржлив развој и просперитет,“ истакна министерката Божиновска, додавајќи дека двете земји ќе продолжат да работат на зајакнување на своето партнерство во различни области.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

притисни ентер