ИТФ: Над 100 милиони луѓе во светот играат тенис

Повеќе од 100 милиони луѓе ширум светот играат тенис, објави Меѓународната тениска федерација (ИТФ) во својот најнов извештај.

Во извештајот на ИТФ се наведува дека 106 милиони луѓе ширум светот играле тенис барем еднаш минатата година, што е за 25 отсто повеќе отколку во 2019 година.

ИТФ очекува на оваа бројка да им се придружат уште 30 милиони играчи.

Вкупниот број на жени кои играат тенис се зголемил за осум проценти, но во 2019 година тие процентуално 47 отсто од вкупниот број тенисери во светот, а сега се 40 проценти.

ИТФ објави дека вкупниот број на тренери е зголемен за 13 отсто, при што 24 отсто од тренерите се жени.

Директорот за развој на ИТФ, Лука Сантили, рече дека „нема конкретна причина“ за падот на женското учество меѓу играчите и изрази очекување дека зголемувањето на бројот на женски тренери ќе помогне да се привлечат повеќе жени во тенисот.

Британска министерка поднесе оставка поради лага за украден телефон

Британската министерка за транспорт Луиз Хеј поднесе оставка откако призна дека ја измамила полицијата во врска со службен телефон за кој лажно пријавила дека е украден.

Хеј во писмо до премиерот Киер Стармер изјави дека во 2013 година пријавила дека телефонот бил украден за време на „ужасен грабеж“, но подоцна сфатила дека го заборавила дома.

„Инцидентот беше вистинска грешка од која немав никаква корист,“ напиша Хеј, додавајќи дека оставката е потребна за да се избегнат одвлекувања од работата на владата.

Премиерот Стармер ѝ се заблагодари за нејзината работа, но оставката претставува нов удар за неговата влада, чиј рејтинг паѓа поради обвинувања за злоупотреба на фондови и зголемување на даноците.

Градоначалникот Никола Најдовски нов претседател на Советот на Пелагониски плански регион

Градоначалникот на Општина Демир Хисар Никола Најдовски, избран е за нов претседател на Советот на пелагонискиот плански регион.

Во мандатниот период Најдовски ќе се фокусира на комуникациската стратегија на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион 2024-2026 година, информираа од Општина Демир Хисар.

-Благодарам на колегите градоначалници на општините од регионот за укажаната доверба. Локалниот и регионалниот развој се нераскинливо поврзани во својата функција и намена, а и нивната цел е заедничка, а тоа е подобар живот за граѓаните. Моите заложби и посветеност ги ставам на располагање за преку заедничка соработка со сите релевантни чинители. Со покренување на нови иницијативи, како и со креирање на нови проекти да придонесеме кон развиен и успешен Пелагониски регион, истакна Најдовски.

Во Советот на пелагонискиот плански регион членуваат градоначалниците на општините Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево, Новаци, Могила, Кривогаштани и Долнени.

Викедов студен бран и врнежи од снег и дожд

Синоптичарите најавуваат дела во деновите од викендот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 60 l/m2). 

На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка.

- Во југоисточните делови ќе бидат само од дожд. Ќе дува умерен, а на планините силен северен ветер. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно со магла по одделни котлини, информираат од УХМР.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и снег, кои повремено ќе бидат пообилни. На околните планини врнежите ќе бидат од снег.

притисни ентер