Ракетата Фалкон 9 полета од Калифорнија во 6:53 часот по средноевропско време.
Дел од ракетата Falcon 9 се врати на Земјата по 8 минути, како што беше планирано, и слета на брод во Тихиот Океан, пишува Space.com.
Ова беше 20-то лансирање и слетување на тој ракетен засилувач, а дури 13 од тие мисии беа дел од мисиите Starlink.
Вториот дел од ракетата Фалкон 9 стигна до ниската орбита на Земјата, каде што ги истовари сателитите, околу 62 минути по полетувањето.
Според Space.com, моментално има 6.600 сателити Starlink во орбитата.
Истражувачите од Холандија неодамна објавија истражување дека оваа мрежа на сателити на Илон Маск сѐ повеќе ги попречува радиотелескопите, а со тоа и проучувањето на небото.
- Секогаш кога се лансираат повеќе од овие сателити, со ова ниво на загаденост, сè помалку го гледаме небото. Се обидуваме да проучуваме работи како што се емисиите од црните дупки во центарот на галаксиите. Ги разгледуваме некои од најраните галаксии, кои се оддалечени милиони и милиони светлосни години, како и егзопланетите – изјави проф. Џесика Демпси, директор на ASTRON.