И владејачкото семејство на Монако добива своја ТВ-серија

Британското кралско семејство има многу замерки за продукцијата на серијата „Круна“ (The Crown), што ја прикажува нивната семејна историја во шест сезони, но според познавачите, серијата е и заслужна за зголемувањето на популарноста на кралската куќ

Британското кралско семејство има многу замерки за продукцијата на серијата „Круна“ (The Crown), што ја прикажува нивната семејна историја во шест сезони, но според познавачите, серијата е и заслужна за зголемувањето на популарноста на кралската куќа... Кнежевското семејство на Монако, од друга страна, се чини самото е подготвено „да им ја сервира“ својата приказна на гледачите.

Тоа би го следело владејачкото семејство Грималди сегашниот принц Албер Втори и принцезата Шарлин, како и нивните претходници, починатиот принц Рение Трети, кој се ожени со холивудската глумица Грејс Кели. Но, прво се планира филм, а подоцна тоа можеби ќе се развие во ТВ-серија. Сепак, овојпат проектот и продукцијата се во рацете на оние на кои најмногу им веруваат - самото владејачко семејство.

Проектот е потпишан од продукциска куќа предводена од синовите на принцезата Каролина од Хановер, инаку внуци на Грејс Кели - Андре Казираги, Пјер и неговата сопруга - Беатрис Казираги (родена со презимето Боромео).

Називот на првиот филм е „Part I - The Rock“ („Поглавје I - Каменот“), и тој ќе се сосредоточи на првото заземање на Кнежевството Монако од страна на Франческо Грималди кон крајот на 13. век. Поддржувајќи го папата и заземајќи став против светиот римски император, тие станале господари на Монако во 15. век. Секој принц (кнез) од Монако го носи презимето Грималди, а тоа го прави најдолговечното владејачко семејство во Европа.

Според развојот на настаните, постојат амбиции и за цел серијал филмови, а можеби и за серија, бидејќи историјата на Грималди е повеќевековна.

Протест пред Владата на лицата со попреченост, бараат зголемување на додатокот

Да за правда, не за милосрдие.

Лицата со попреченост денеска ја блокираа Илинденска, барајќи од Владата да ги исполни ветувањата за да го запрат животот на маргините.

Некој со кучиња водници, други во колички, некои со стапови за слепи лица се собраа неколку десетици граѓани со попреченост, велејќи дека и собирањето пред влада им претставувало потешкотија, бидејќи како што посочија не постои соодветна пристапност за овие лица ниту по улиците ниту до институции. Велат, нема да отстапат додека барањата не им се исполнат..

-Јас спиев овде 60 дена во шатори, мислејќи дека општеството ќе тргне кон подобро за сите, а не да биде подобро за 120 политичари. Како можат едногласно да си ја качат нивната плата за 78%, а земаат 1000е плата, а граѓаните не добиваат ништо.. Знаете колку чини да се направи една рампа? 10 евра, а тие си ја покачија плата по 700 евра.

Меѓу главните барања се социјалната правда и рамноправност, па велат, како што си ги покачија функционерите платите за речиси 80%, така може да се покачи и додатокот за попреченост, а меѓу барањата им е и поголема инклузивност, бидејќи се чувствуаат целосно запоставени од системот..

-Лажејќи не дека нема пари во буџетот за покачување од 15 %, лажејќи не, ветувајќи на нивните кампањи дека 50% ќе добиеме покачување на додатокот за попреченост, ни тоа не го добивме за да на крај они, во партнерство со нивните уставни судии да си ги покачат нивните плати за 78%, а притоа се декларираме како социјална држава, дека се грижиме за ранливите категории, а уствари не се грижиме за ранливите категории ние овие категории ги третираме како слепо црево во општеството...

Според најавите, како што кажаа, треба да се сретнат со претставници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Собранието каде ќе ги претстават своите барања и ќе инсистираат веднаш тие да бидат применети...

Лидерска средба без договор за уставните измени и можноста за заедничка влада

Лидерската средба Ковачевски Мицкоски заврши без договор за уставните измени и можноста за заедничка влада.

Според Мицкоски власта нема двотретинско мнозинство и треба да се оди на предвремени избори. Премиерот Ковачевски пак смета дека ВМРО-ДПМНЕ го смениле ставот и дека денешната лидерска го покажала тоа.Пред клубот на пратениците е Михајло Видимлиски.

Во што се разликите во ставовите на Мицкоски и Ковачевски?

притисни ентер