И Турција има балистичка хиперсонична ракета- „џенк“ ќе има дострел од 1.000 километри (ВИДЕО)

Еден од најнапредните проекти на турската воена индустрија по балистичката ракета Тајфун е развојот на хиперсонична балистичка ракета „Џенк“ со дострел над 1.000 километри.

Оваа прва ракета со среден дострел ја развива Рокетсан, а според информациите од таа компанија, оваа ракета би требало да биде првата хиперсонична ракета произведена во Турција која ќе ја вградува најнапредната технологија, потсетува независниот геополитички магазин Turkish Century на платформата Х .

Компанијата Рокетсан е водечка компанија во областа на развој на балистички ракети, а минатата година ја претстави балистичката ракета „Тајфун“ со дострел поголем од 550 километри, објави Б92. По Тајфун, ракета со краток дострел, Рокетсан сега развива ракета со среден дострел што се очекува да има дострел од над 1.000 километри.

По успешните тестови на моторот, наскоро се очекува и првото пробно лансирање на балистичката ракета „Џенк“ (што на турски значи војна).

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека турската воена индустрија ќе развие балистичка ракета со среден дострел за време на тестот на Тајфун на 12 мај 2023 година.

Во таа прилика беше истакнато дека „Џенк“ ќе биде една од најнапредните балистички ракети со среден дострел во светот со голема моќ на маневрирање.

Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана

Европа се соочува со долгорочна закана бидејќи тековната руска инвазија на Украина „повеќе не е регионална војна“, предупреди германскиот министер за одбрана Борис Писториус, цитиран од ДПА.

Рускиот претседател Владимир Путин „одамна целосно се префрли на воена економија“ и земјата моментално произведува оружје и муниција за три месеци колку што прави целата Европска унија за една година, додаде Писториус.

Министерот го посочи говорот на Путин од крајот на октомври, во кој авторитарниот руски лидер говори за „сериозна, непопустлива битка за нов светски поредок“ и изјави дека веќе се смета себеси за победник во војната против Украинците.

Во исто време, хибридната војна против дезинформациите и лажните вести е во полн ек, рече Писториус, говорејќи на настан во западниот град Арнсберг организиран од Фондацијата „Фридрих Еберт“, која е поврзана со централно-левичарската Германска социјалдемократска партија.

„Нашата безбедност е кревка предност. Германија мора да го забрза темпото и да инвестира повеќе во својот воен капацитет, предупреди Писториус.

Директорот на БЈБ Јанев во посета на граничните премини Богородица и Дојран

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев денеска, заедно со својот тим, ги посети OВР Гевгелија, граничните премини Богородица и Дојран, како и ОВР Валандово и ПС Дојран.

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев денеска, заедно со својот тим, ги посети OВР Гевгелија, граничните премини Богородица и Дојран, како и ОВР Валандово и ПС Дојран, каде беше информиран за тековните активности за работењето на службите кои се во надлежност на СВР Струмица и Oдделот за гранични работи, за проблемите, потребите и предизвиците со кои тие се соочуваат во текот на нивното секојдневно работење.

Како што информираат од МВР, Јанев посебно се осврна на потребата од координирано и синхронизирано работење на граничната полиција и Секторот за внатрешни работи Струмица, во насока на секојдневна размена на информации за критични и жешки точки кои се користат од страна на криминални групи или поединци за прекуграничен криминал. Тој ја потенцира потребата полициските службеници да имаат блиска соработка со царинските службеници, посебно на граничните премини, со цел заедничко и ефективно работење во насока на превенирање, откривање и спречување прекугранични нелегални активности.

-Заштитата на државната граница, борбата против прекуграничниот криминал и организираниот криминал се активности за кои во најголем дел носител е полицијата и затоа сите полициски службеници мора крајно одговорно, со силен интегритет и максимална посветеност, да се вложуваат во секојдневното работење, посочуваат од МВР.

Нагласуваат дека при посетите се разговараше и за идеите и начините кои би можеле да помогнат протокот на патници, возила и стоки да биде поефикасен. Исто така, се разговараше и за подобрување на соработката со локалните власти и заедницата и соодветно исправање пред предизвиците од безбедносно функционален аспект со кои се сочуваат локалните заедници.

Донев: Владата обезбеди средства за обиколницата кај Новаци, претходната власт го заборави

На денешната Комисија за финансии и буџет, на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Донев.

На денешната Комисија за финансии и буџет, на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Донев кој образложи во однос на поднесениот амандман дека владата ја нема тргнато настрана Општина Пласница а доказ за тоа дека се издвоените пари од кредитот, исто така наведе дека претходната власт оставила недовршени проекти, како проектот со регионалната депонија во Општина Новаци, за кои оваа влада успешно изнаоѓа решенија.

„Издвоени се, како што кажа заменик министерот, 11 милиони и 500 илјади денари од кредитот кој што беше поделен по општините, односно, локалните самоуправи. До година сумата ќе биде уште поголема. Ќе спомнам еден проект кој што го започна претходната влада, тој проект започна во 2021 година, а тоа е за изградба на регионална депонија во општина Новаци. Тој проект цели три години беше тргнат настрана и овие средства кои што беа издвоени не беа искористени за да се изгради таа регионална депонија, која што ќе го реши проблемот со ѓубрето од Општина Дебар до Општина Прилеп“, изјави Донев.

Тој посочи, исто така, дека од страна на Владата се обезбедени средства за изградба на обиколницата кај општина Новаци, и дека во моментот тече тендерот за набавка на канти за ѓубре и механизација, сметајќи дека сето тоа ќе придонесе за подобро функционирање на локалните самоуправи.

„Владата во изминативе три месеци обезбеди средства за изградба на обиколницата кај општина Новаци, со што се одблокира целиот проект. Таму ќе се изгради обиколница која ќе овозможи сите тие камиони кои што депонираат ѓубре, да ја заобиколуваат општина Новаци и ѓубрето да се депонира близу Рек Битола. Сакам да ве информирам, во моментот тече тендерот за набавка на механизација и канти за ѓубре за сите општини. Сите тие камиони и канти ќе бидат поделени на сите општини од Општина Дебар до Општина Новаци, односно Општина Прилеп“, рече Донев, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер