Гром го оштети Константиновиот свод во Рим, туристите наоѓаат парчиња мермер

Силно невреме вчера го зафати главниот град на Италија.

Ветерот собори дрвја, силен дожд ги поплави улиците, а гром го оштети Константиновиот свод во близина на Римскиот Колосеум.

Работниците собраа и обезбедија парчиња бел мермер од античката зграда веднаш штом невремето стивна, изјавија официјални лица. Сè уште се проценува степенот на штетата. „Нашите работници пристигнаа веднаш по ударот на громот. Сите фрагменти беа пронајдени и обезбедени“, се вели во соопштението на Археолошкиот парк Колосеум.

И туристите кои денеска поминаа покрај сводот пронајдоа фрагменти и им ги предадоа на работниците во паркот. „Малку е надреално што ги најдовме фрагментите“, рече Јана Ренфро, 69-годишна туристка од американската сојузна држава Индијана, која рече дека ги пронашла фрагментите на околу три метри од основата на структурата.

Нивниот водич, Серена Џулијани, ги пофали за предавањето на пронајдените фрагменти, велејќи дека тие покажале „голема чувствителност за римските антиквитети“. Триумфалната капија на честа, висока повеќе од 20 метри, била подигната во 315 н.е. за да ја прослави победата на царот Константин над Максенциј по битката кај Милвискиот мост.

Видео: Рок иконата Џон Бон Џови спречи жена да скокне од работ на мостот во Нешвил

Хуман чин на рок иконата Џон Бон Џови. Тоj е е фатен од надзорната камера како спречува жена да скокне од работ на мостот во Нешвил.

Пејачот и пришол на жената околу 18 часот по локално време додека го снимал спот за негова песна.Тој ја убеди непознатата жена да се врати преку оградата на пешачкиот мост.

Според полицискиот оддел во Нешвил, инцидентот се случил во вторникот вечерта додека 62-годишниот музичар снимал видео спот на патеката.

На видеото, објавено од локалната полиција, може да се види како Бон Џови и приоѓа на жената со уште едно лице. Потоа се наведнува на оградата од мостот и ја подига жената.началникот на полицијата ја пофали постапката на рок ѕвездата.„Сите треба да си помогнеме едни на други да останеме безбедни“, пренесува дејли меил.

Комеморација за актерката Снежана Стамеска

Комеморацијата во чест на починатата актерка Снежана Стамеска ќе се одржи денеска во 12 часот во фоајето на Драмски театар.

Стамеска беше првенка на Драмски театар Скопје и една од ведетите на македонското глумиште. Дипломирла на Театарската академија во Белград во 1970.

Од нејзиното вработување во 1971 до пензионирањето во 2010 Стамеска беше член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Низ исклучително плодната актерска кариера одиграла преку седумдесет улоги во матичниот театар и на сцените на неколку други македонски театарски куќи.

Таа реализираше многу значајни телевизиски и филмски улоги.

Исклучителната популарност Снежана Стамеска ја стекна во одумдесетите и деведесетите години кога публиката ја засака во улогите на Пандора во Солунски патрдии (1979), Вера во Диво месо (1979), Сина во телевизиската серија Трст виа Скопје (1987), Вера во Среќна Нова '49 (1985), и Паца во Викенд на мртовци (1985).

Претседателската дебата меѓу Харис и Трамп привлече 57,5 ​​милиони гледачи

Дебатата привлече повеќе гледачи од онаа во јуни меѓу Трамп и тогашниот претседателски демократски кандидат, актуелниот претседател Џо Бајден, која ја следеа околу 51 милион луѓе.

Претседателската дебата меѓу демократската потпретседателка Камала Харис и републиканскиот кандидат Доналд Трамп привлече 57,5 ​​милиони телевизиски гледачи на седум телевизиски мрежи, покажуваат прелиминарните податоци на агенцијата „Нилсен“ објавени доцна синоќа.

Дебатата што се одржа завчеравечер беше прва тет-а- тет средба на кандидатите за претседателските избори на 5 ноември.

Дебатата привлече повеќе гледачи од онаа во јуни меѓу Трамп и тогашниот претседателски демократски кандидат, актуелниот претседател Џо Бајден, која ја следеа околу 51 милион луѓе.

По лошиот настап во оваа дебата, Бајден се повлече од изборната трка.

Бројките за гледаност на „Нилсен“ не ги вклучуваат луѓето кои ја следеле дебатата онлајн и низ баровите и рестораните. Конечните податоци што ќе ги вклучи и овие бројки ќе бидат објавени подоцна.

Рекордна гледаност досега е забележена во претседателската дебата во 2016 година, кога 84 милиони луѓе го следеа дуелот меѓу демократската кандидатка Хилари Клинтон и Доналд Трамп.

притисни ентер