Градоначалникот Никола Најдовски нов претседател на Советот на Пелагониски плански регион

Градоначалникот на Општина Демир Хисар Никола Најдовски, избран е за нов претседател на Советот на пелагонискиот плански регион.

Во мандатниот период Најдовски ќе се фокусира на комуникациската стратегија на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион 2024-2026 година, информираа од Општина Демир Хисар.

-Благодарам на колегите градоначалници на општините од регионот за укажаната доверба. Локалниот и регионалниот развој се нераскинливо поврзани во својата функција и намена, а и нивната цел е заедничка, а тоа е подобар живот за граѓаните. Моите заложби и посветеност ги ставам на располагање за преку заедничка соработка со сите релевантни чинители. Со покренување на нови иницијативи, како и со креирање на нови проекти да придонесеме кон развиен и успешен Пелагониски регион, истакна Најдовски.

Во Советот на пелагонискиот плански регион членуваат градоначалниците на општините Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево, Новаци, Могила, Кривогаштани и Долнени.

Јамал утре се враќа во составот на Барселона

Тренерот на лидерот во шпанското фудбалско првенство Барселона, Ханси Флик, потврди денеска дека тинејџерот Ламин Јамал ќе се врати во тимот овој викенд.

Јамал паузира од почетокот на ноември поради повреда на скочниот зглоб, но тренираше со тимот во четвртокот и ќе биде во конкуренција за составот за утрешниот натпревар против Лас Палмас.

„Ламин се врати. Тој е подготвен за игра. Ќе видиме дали ќе го почне натпреварот. Може да игра, ќе игра“, рече Флик.

Барселона е прва на табелата со 34 бодови, четири повеќе од Реал Мадрид на второто место.

Министерот Трипуновски во Црна Гора потпиша Протокол за соработка со министерот Јоковиќ

Денеска во Црна Гора министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со Владимир Јоковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство потпишаа Протокол за научна, техничка и економска соработка .

Денеска во Црна Гора министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со Владимир Јоковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство потпишаа Протокол за научна, техничка и економска соработка во областа на земјоделство помеѓу министерствата.

Согласно потпишаниот Протокол двете земји во областа на земјоделството (градинарството, сточарството, овоштарство, лозарство и заштита на растенија), руралниот развој, ветеринарство, безбедноста на храна, прехрамбената индустрија, водостопанството и шумарството ќе овозможат:

- Размена на научни и технички информации и документација;

- Размена на резултати од истражувањата публикувани и верификувани од страна на овластените институции, како и воспоставување дирекни заеднички активности на споменатите институции;

- Размена на генетски и биолошки материјал од областа на растителното производство и сточарство;

- Размена на искуства во земјоделската политика, надворешно - трговската размена, специфични мерки на поттикнување и заштита на производството, земјоделството и извозот на земјоделски производи;

- Поддршка и заеднички ангажман во креирањето, пронаоѓањето на средства за финансирање и реализација на регионални проекти;

- Развој на организации на производители и здруженија на земјоделците;

- Развој на советодавните служби и итн.

За период од еден месец по потпишувањето на Протоколот, ќе се формира заедничка Работна група, со задача континуирано да ја следи и поттикнува реализацијата на соработката.

На првата седница членовите од Работната група ќе одлучат за планот на активности во врска со договорените области на соработка.

Работната група ќе одржува редовни седници најмалку два пати годишно наизменично во двете земји.

Соработката помеѓу двете земји во областа на земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се продлабочува во наредниот период.

Кина откри најголемо наоѓалиште на злато со проценета вредност од 76 милијарди евра

Во провинцијата Хунан, Кина откри најголемо наоѓалиште на злато во светот, кое според проценките содржи 1.000 тони злато со вредност од 76 милијарди евра, пренесе „Дејли мејл“ повикувајќи се на кинески државни медиуми.

Геолозите користеле модерни методи на истражување и 3Д моделирање за да идентификуваат структура на 40 златни жили на длабочина од околу 1.600 метри под рудникот Вангу. Според податоците на Геолошкиот институт на Хунан, овие жили содржат околу 300 тони злато, а подлабоките слоеви можат да кријат уште поголеми резерви.

Откритието предизвика зголемување на цената на златото на светските берзи, кое сега е блиску до историскиот максимум. Кина, која веќе учествува со 10 проценти во глобалното производство на злато, дополнително ја зајакнува својата позиција како водечки производител.

Експертите оценуваат дека златото останува сигурна инвестиција во време на економски и политички нестабилности, а трендот на намалување на каматните стапки дополнително ја зголемува неговата атрактивност.

притисни ентер