Ѓоковиќ за ангажманот на Мареј: Ми требаше тренер кој поминал исто што и јас

 Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објасни зошто го повикал Енди Мареј во неговиот тим.

- Размислував за следната сезона и се обидував да сфатам што ми треба во оваа фаза од мојата кариера. Во март ја прекинав долгогодишната и успешна соработка со Горан Иванишевиќ. Така, ми требаа шест месеци добро да размислам дали ми треба тренер, и ако е така, кој ќе биде тој. Погледнав низ различни имиња и сфатив дека идеален тренер за мене сега би бил некој што го поминал исто искуство како мене. Можеби ова е повеќекратен победник на Грен слем и поранешен светски рекет број еден. Одеднаш помислив на Енди Мареј. Малку го изненадив зашто не го очекуваше тоа. Но, брзо стапивме во контакт и неколку дена подоцна тој се согласи. Многу сум среќен поради ова. Тој беше еден од моите главни ривали. На иста возраст сме, игравме на најголемите сцени во нашиот спорт. Едвај чекам да излезам на теренот и да почнам да се подготвувам за следната сезона, изјави Ѓоковиќ.

Пред една недела беше објавено дека Мареј ќе го тренира Ѓоковиќ за време на претсезонските тренинзи, како и до крајот на Австралија Опен во 2025 година.

Тинејџер убил девојче поради кавга за мече (ВИДЕО)

Во Велика Британија во тек е судењето на тинејџерот кој уби 15- годишно девојче со нож поради расправија за плишана играчка, објавија денеска британските медиуми.

Тој ѝ го забодел ножот во вратот на Елиан, пријателката на неговата поранешна девојка, откако се расправале бидејќи тој одбил да ѝ го врати плишаното мече.

Обвинетиот Хасан Сентаму (18) се изјаснил за невин за убиството на ученичката, наведувајќи дека одговорноста му била намалена поради дијагностицираниот аутизам, пренесува Sky News.

Сентаму, кој имал 17 години за време на убиството, рекол дека ја убил Елијан Андам бидејќи изгубил контрола.

Обвинителот, сепак, рече дека Сентаму отишол да ги пречека девојчињата, земајќи кујнски нож со себе, што докажува дека имал намера да ги повреди или убие.

Судењето на тинејџерот продолжува пред судот во Лондон.

Божикна шега: На шефот му завиткале сѐ во канцеларијата со шарена хартија, тој збеснал (ВИДЕО)

Вработени во една компанија во Охајо решиле да ја направат ултимативната божиќна шега со нивниот шеф, кој се вратил на работа по девет дена одмор.

Тие ја завиткале целата негова канцеларија во хартија за завиткување со божиќна тема, вклучувајќи ги ѕидовите, компјутерот, тастатурата и секој пијалок во неговиот мини фрижидер, а потоа ја покажале неговата реакција кога влегол во канцеларијата.

„Ох, по ѓаволите“, извика шокирано од она што се случило со неговата канцеларија, а девојките се смеат во ходникот. Потоа рече: „Морам некако да најдам начин да работам овде... Знаете дека имам околу 800 мејлови“.

Девојките опишале како нивниот менаџер бил во „целосно неверување“ и дека следниот пат кога ќе оди на одмор треба да постави камера во канцеларијата.

Откако видеото стана вирално и собра речиси 9 милиони прегледи, девојките решија да изведат нов трик. Овој пат во канцеларија ставиле огромен диносаурус на надувување со божиќна капа. „После ова дефинитивно ќе постават камера“, велат девојките.

@lake.erie.arms Replying to @Micbreclo & the prank series continues! #workpranks #fired #officepranks #officehumor #prank #prankwars #employee #boss #fyp #officelife #humor #funny #worklife #employeeofthemonth #viralvideo ♬ Run, Rudolph Run - Chuck Berry

Италија побарува милиони воена отштета од Германија за извршен масакр од нацистите

Апелациониот суд во градот Аквила, во италијанската област Абруцо, денеска пресуди дека Германија мора да плати отштета од четири милиони евра на 30 роднини на жртвите од масакрот во градот Пјетранзиери во Втората светска војна.

Во 2017 година, судот донесе одлука со која на Германија ѝ наложи да плати отштета од милион и 600 илјади евра на општината Рокарасо, на која ѝ припаѓа градот Пјентрансиери, пишува Анса.

Во ноември 1943 година, нацистички војници масакрирале 128 невооружени италијански цивили во блиската шума Лимарија под сомнение дека ги поддржуваат партизаните.

Меѓу убиените цивили имало 60 жени, 34 деца помлади од 10 години, како и неколку постари лица.

притисни ентер