Ѓоковиќ по победата во Торино: Не е лесно на 36 години да се постигне ова

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ по седми пат е шампион на завршниот мастерс, со што испиша нови страници од тениската историја.

Денеска во финалето во два сета беше подобар од Јаник Синер - 6:3, 6:3.

На доделувањето на пехарот имаше пофални зборови за Јаник Синер, но и за неговиот тим...

- Ти благодарам за убавите зборови, Јаник. Имавте убава недела зад себе, честитки за сѐ во текот на оваа година. Очекувам следната година да бидете уште подобри, да бидете први во светот и да освоите барем еден Грен слем. Сега неколку зборови до мојот тим, имавме и добри и лоши моменти, бевме заедно 24 часа, да го земеме овој трофеј, кој е најголем во нашиот спорт. На 36 години е тешко да се направи тоа. Одлучноста даде резултати, многу сум благодарен на мојот тим кој сега е тука со нас. Сакам да кажам едно, Јаник е Италијанец кој играше овде во Торино, имав таква поддршка во оваа земја, тоа е неверојатно. Ви благодарам многу за сѐ. Во Рим или овде, секогаш е спектакл. Многу луѓе се секогаш тука за да ги гледаат најдобрите тенисери во светот. Очигледно сум многу среќен што сум тука и што играм пред вас.“

Новак додаде дека се радувал и поради публиката која во голем број дошла на „Пала Алпитур“.

- Сакам да им се заблагодарам на сите, ви благодарам што нѐ следите оваа сезона, за мене ова е многу успешна сезона, можеби најуспешна во мојата кариера. Благодарност до сите луѓе кои се дел од нашиот спорт. Навистина е голем напор кога тоа ќе се случи. Се игра низ целиот свет. Прекрасно е да се види толку многу луѓе кои поддржуваат тенис и благословени сме што ве гледаме сите на трибините. Се надевам дека ќе се видиме следната година.“

Салата „Расадник” може да биде новиот дом на РК Вардар

Стартува реконструкција на спортската сала „Расадник“, која долги години досега беше под клуч, а некогашниот нејзин сјај беше прекриен со отпад, руинирана инфраструктура. 

Надлежните очекуваат некогашниот дом, каде кариерата ја почнале еминентни имиња во македонскиот спорт за околу 1 година повторно да го добие некогашниот сјај.

„Од понеделник почнува реконструкцијата на салата проектот за реконструкција чини 120 милиони денари и се надеваме иако рокот според договорот е некаде 20 месеци, меѓутоа мислам дека со една добра соработка, со економскиот изведувач, со поддршка од локалната самоуправба, но и со константна комуникација со нас министерството мислам дека ќе го завшриме за многу пократок рок. “-изјави Борко Ристовски – министер за спорт.

„Оваа сала е доказ за тоа како 30 години наназад не функционирал системот и како многу ветувале и не реализирале.... од денеска па натаму, овде се менува приказната и сликата и ова повторно ќе биде место кадешто ќе се собира народот и кадешто ќе се раѓаат нови спортски имиња како што било случај во минатото .“-изјави Орце Ѓорѓиевски - градоначалник на Кисела Вода.

Реконструкцијата доаѓа откако пред една година Општина Кисела Вода ја презема спортската сала од Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти, без долгови. Некогашниот спортски новинар Атанас Костовски, вели го памети денот кога меѓуостанантите бил дел од отворањето на салата и се надева дека час поскоро ќе биде сведок на нејзиното повторно отворање, а најавено е и враќање на ракометниот клуб „Вардар“ во неговиот стар дом.

„Ми е драго што токму на овој ден општината го определи за реконструкција не некогашната наша спортска убавица....која да ве потсетам ја изградивме скопјаните со самопридонес имавме неколку години помали примања за 2 насто....“ -изјави Атанас Костовски – поранешен спортски новинар.

„Ние вардарците сме сентиментално врзани за оваа сала затоа што од 1985 до 1999 година Вардар играше во оваа сала и тогаш почна да освојува титули, куп, да игра во полуфинале во тогашниот систем на Европа - Лига Европа. “-изјави Михајло Михајловски - Долгогодишен претседател на РК Вардар.

Предвидено е со рекнструкцијата Расадник да добие простор за ракомет, баскет, мал фудбал, фитнес центар, теретана и спа центар, и простор кој ќе може да се издава.

Конечно и во Македонија се прават хируршки интервензии за пациенти со тешка сколиоза

60 годишна пациентка со кифоза на р’бетниот стлоб, каде цела била превиткана со горниот дел од телото кон земја по направента интервенција на клиниката за трауматологија има целосно исправен р’бетен столб. 

Станува збор за интервенција каде преку минимален рез е направено исправување и фиксација. Доктор Игор Мерџаноски раководител од клиниката за трауматологија од големо значење е едукацијата од нивните колеги од Турција предводен од проф. Уфук Ајдинли во делот на операции на тешки сколиози и овие пациенти не заминуваат во странство а буџетот од ФЗОМ останува за клиниката.

„Се прави многу мал рез и се прави целата процедура целата опрема што ја имаме е по стандарди како и сите земји што работат интервенции на р’бетниот столб. Пациентите си одат дома во една добар општа состојба“, вели Д-р Игор Мерџаноски раководител на Клиника за трауматологија.

Според Мерџановски голем дел од спондилозите се вродени но дел од нив се добиени и кај децата и кај возрасните.

„Епидемија на проблеми со р’бетниот столб имаат возрасните заради седење, не движење. Дел од нив имаат и хирушки интервенции бидејќи станува збор за големи болки и трнење во рацете и нозете“, објаснува д-р Игор Мерџаноски раководител на Клиника за трауматологија..

Во спиналниот центар на Клиниката за трауматологија за една недела биле направени четири операции на р’бетен столб кај деца со сколиоза кои што биле на листата за упатување во странство.

Јаневска: Оптимизацијата на училишната мрежа значи подобро образование за учениците

Оптимизацијата на училишната мрежа ќе им овозможи подобро образование на учениците и со неа сите добиваат – старите училишни згради ќе може да се пренаменат за потребите на средината.

Оптимизацијата на училишната мрежа ќе им овозможи подобро образование на учениците и со неа сите добиваат – старите училишни згради ќе може да се пренаменат за потребите на средината а наставниците ќе можат да добијат друг ангажман и да останат функционални, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на прашање при посетата на средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ во Битола.

„Не значи дека учениците ќе останат без образование ако затвориме училиште, ниту значи дека наставниците нема да бидат искористени во образовниот процес. Праќам порака до родителите дека превозот ќе биде организиран, децата ќе им бидат во поголема средина, каде ќе стекнуваат животни видувања, знаења и компетенции во помодерно училиште. Ќе видат смарт-табла, ќе видат различни наставници, ќе има со кого да се натпреваруваат. Ако во една рурална средина има комбинирана паралелка од пет ученици, не можеме да очекуваме резултат. Затоа велиме – децата ќе ги однесеме во соодветните класови во посовремено училиште, кадешто ќе добијат соодветно знаење, кадешто ќе останат подолго во училиште, за да можат да се приближат со знаењата на учениците од ЕУ“, рече Јаневска.

Во однос на наставниците, министерката појасни дека за нив се подготвува нов закон, што очекува да се донесе во текот на првите три месеци од следната година.

„Имаме вишок наставници во државата и тоа мора јавно да се каже. До скоро велев 3.000 но таа бројка расте, затоа што луѓето се иселуваат. Заедно со родителите си одат и младите. Наставникот треба да биде функционален. Затоа, ќе ги задржиме децата подолго во училиште, од 8 до 16 часот. Од прво до петто одделение во целодневна настава, што значи едно одделение со две наставнички. За повисоките класови, од 6. до 9. одделение, по завршувањето на редовните часови ќе има други наставни и воннаставни активности и општествено-корисна работа. Ова се спроведува во Европа и е многу значајно – децата да стекнат реални сознанија каков е животот надвор од училиштето и од семејството, да стекнат емпатија, да стекнат животни вештини, за што ќе бидат ангажирани дел од наставниците“, посочи Јаневска.

Рече дека дел од наставниците ќе може да се ангажираат со децата со посебни образовни потреби, за кои има недостаток на образовни асистенти.

„Има непополнети места во мрежата на просветни инспектори. Исто така, Државниот испитен центар работи со минимални капацитети, Бирото за развој на образованието во изминатите години ја изгуби својата базична улога, да ги советува и обучува наставниците, таму секако ќе требаат искусни и квалитетни наставници кои ќе ги подучуваат младите. Има многу можности каде можеме да им најдеме функција на наставниците, и тоа ќе го правиме“, рече министерката.

Укажа дека во поголемите градови има проблем за едносменска и целодневна настава затоа што нема соодветна инфраструктура, како на пример во Битола, каде можеби ќе треба да се изградат уште едно до две училишта, а таков пример е и Скопје, каде треба да се доградуваат училници и нови училишта. Додаде дека не може инфраструктурните проблеми да се решат за кусо време, но колку повеќе деца и млади почнат да учат во подобри услови, толку поголем ќе биде успехот на државата, а тоа значи и толку повеќе задоволни ученици, родители и наставници.

Министерство за образование и наука

притисни ентер