Ѓоковиќ по месец и пол се врати на терените и го збриша противникот во Париз

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ лесно ја надмина првата пречка на АТП Мастерс 1000 турнирот во Париз, победувајќи го Аргентинецот Томаш Ечевери со 6:3, 6:2 во второто коло.

Како прв носител, Ѓоковиќ беше слободен во првото коло, а следен противник ќе му биде Холанѓанецот Талон Грикспур.

Ечевери одлично се држеше против Ѓоковиќ до 3:3 во првиот сет. Во тој момент Ѓоковиќ направи серија од пет гема. Првиот сет го доби со 6:3, во вториот поведе со 2:0 и така го разби противникот. По освојувањето на УС Опен и пред настапот на турнирот во Париз, 36-годишниот Ѓоковиќ само пред месец и пол играше на Дејвис куп турнирот во Валенсија.

Притвор за три лица, кои го вчеравечер го палеа и газеа македонското знаме

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор против три лица во скратена постапка.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор против три лица во скратена постапка, по произнесување на осомничените, кои доцна попладнево беа спроведени во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на тројцата им определи 8 дневен притвор, заради опасност од бегство и повторување на делото.

Приведените лица се сомничат за кривчното дело од чл.319 ст.1 од КЗ а поврзани со вчерашните настани во кои беа уништувани национални симболи и државното знаме.

Американка е пуштена на слобода по 13 години затвор- докажано е дека не е виновна

Кимберли Ханзлик (59) од Њујорк не можеше да ги контролира емоциите кога по долги 13 години била ослободена од затворот во кој била толку долго, иако била неправедно осудена.

Таа липаше, плачеше, беше во шок - мешавина од тага, солзи радосници и чувство на олеснување.

Судот во Бронкс нареди нејзино ослободување откако новите докази покажаа дека, спротивно на тогашната пресуда, таа нема никаква врска со нарачаното убиство во Бронкс што се случило пред 25 години.

„Веднаш знаевме дека е невина“, изјави нејзиниот адвокат Ирвинг Коен за New York Post. Тој бил клучен во нејзиното ослободување и рече дека Кимберли Ханзлик реагирала „навистина емотивно“ на ослободувањето.

Во 2011 година, Кимберли Ханзлик била осудена на 20 години затвор. Судот, врз основа на доказите во тоа време, утврдил дека Кимберли го дала клучниот совет што довело до убиството на семејниот човек Џозеф Браун во Њујорк во март 1999 година. Убиецот ја застрелал својата жртва осум пати, пишува Билд.

Во текот на истрагата било утврдено дека за време на ликвидацијата дошло до промена на идентитетот и дека не требало да биде убиен Џозеф Браун, туку неговиот брат, наркодилерот Томас Браун. Во тоа време Кимберли Ханзлик била проститутка зависна од крек, поради што нејзиниот кредибилитет бил доведен во прашање, што веројатно придонело за толку голема затворска казна.

„Госпоѓа Ханзлик помина 13 години во затвор врз основа на сведочењето на судењето кое денес веќе нема да биде веродостојно во светлината на откривањето на новите информации. Таа е апсолутно невина“, рече нејзиниот адвокат, истакнувајќи дека една од клучните точки за време на изрекувањето на пресудата било она што наводно било видено на местото на злосторството на авенијата Ист Тремонт во Њујорк.

За време на новите истраги, се појавиле докази кои покажуваат дека изјавата на клучниот сведок што првично довело до осудата на Кимберли Ханзлик била лажна. Кимберли не била на местото на злосторството, што автоматски не ја става во никаква поврзаност со убиството.

Семејството на жртвата со големо незадоволство ја примило новата пресуда и се уште тврдат дека Кимберли е виновна.

Роналдињо постигна неверојатен гол и потсети на времињата кога беше ѕвезда (ВИДЕО)

Легендите на Реал Мадрид и Барселона одиграа пријателски натпревар во Катар, пред околу 30.000 гледачи, а натпреварот заврши со резултат 2:2.

На теренот беа играчи како Луис Фиго, Кларенс Сидорф, Ривалдо, но најголема ѕвезда беше Роналдињо, кој уште еднаш покажа дека има магија во нозете.

Славниот Бразилец постигна неверојатен гол од слободен удар во 16. минута при резултат 1:0 за Барселона и ја удвои предноста. Голот е без сомнение вистинско ремек дело.

Иако Барселона имаше два гола предност, Реал успеа да израмни, по што пеналите требаше да го решаваат победникот. На крајот славеше каталонскиот тим.

Да потсетиме, Роналдињо во својата голема кариера настапуваше за Пари Сен Жермен, Милан, Фламенго, а убедливо најголем успех го имаше во Барселона со која во 2006 година ја освои Лигата на шампионите. За каталонскиот клуб одигра 145 натпревари и постигна 70 голови. Тој го освои и Светското првенство со Бразил во 2002 година.

притисни ентер