Ѓоковиќ го освои 40. трофеј на Мастерс 1000. турнирите

 Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по седми пат во кариерата триумфираше на Мастерс турнирот од серијата 1.000 во Париз, совладувајќи го вечерва во финалето бугарскиот тенисер Григор Димитров со 6-3, 6-3.

За 36-годишниот српски тенисер ова е јубилејна 40. титула на Мастерс 1.000 турнирите, а вкупно 97. освоен трофеј во кариерата.

Од друга страна, 32-годишниот Димитров остана на осум освоени турнири во кариерата.

Бугаринот последен пат триумфираше пред шест години на АТП финалниот турнир. /MИА

Турција влезе во рецесија

Турција влезе во рецесија во третиот квартал, покажаа денеска податоците на Заводот за статистика, при што потрошувачката на граѓаните е потисната под притисокот на високата инфлација и трошоците за задолжување.

Во периодот од јули до септември, економската активност е намалена на тримесечно ниво, според сезонски и календарски прилагодени податоци, за 0,2 отсто, како и во претходните три месеци, утврди Заводот за статистика.

Тоа значи дека Турција е во рецесија, што технички се дефинира како пад на активноста два квартали по ред. На годишна основа, економијата во третиот квартал пораснала за 2,1 отсто, по ревидираниот раст од 2,4 отсто во претходните три месеци.

Податоците покажуваат послаба побарувачка, особено за услуги, под притисок на високите каматни стапки. Централната банка започна циклус на затегнување на монетарната политика минатиот јуни, зголемувајќи ги каматните стапки од 8,5 на сегашните 50 отсто за да ја спречи високата инфлација. Во октомври цените пораснале за 48,58 отсто на годишна основа.

Градежништвото и финансиските услуги ја поддржаа економијата во летниот квартал, покажуваат податоците на заводот за статистика.

Турската економија во изминатите години порасна меѓу четири и пет отсто, но оваа година растот е забавен. Министерот за финансии Мехмет Шимшек денеска изјави дека растот повторно ќе се забрза во втората половина на следната година.

Исто така, централната банка денеска соопшти дека високите трошоци за задолжување ја „балансирале“ домашната побарувачка.

Фиат повторно го прекинува производството на моделот 500е

Stellantis повторно одлучи привремено да го прекине производството.

Како и во претходните случаи, италијанската компанија беше принудена да го прекине производството во фабриката Мирафиори. Поради намалената побарувачка на електричниот 500e, Fiat привремено го прекина производството на почетокот на есента, а сега одлучија да го направат тоа повторно.

Првичната идеја беше да се запре производството од 18 декември до 5 јануари следната година. Сепак, интервалот сега е продолжен до 2 декември, што значи дека фабриката ќе работи цел месец.

Да потсетиме дека стариот Fiat 500, кој се произведуваше во Полска, беше прекинат летово откако Fiat се откажа од инвестициите за да ги исполни новите безбедносни правила. Се уште се произведува во алжирските погони, но не за европскиот пазар. Затоа, Fiat се одлучи за електричен модел како основа врз која ќе се развива новиот хибрид. Неговото доаѓање се очекува дури во 2026 година.

Не е само малиот хечбек што е погоден од малата побарувачка, бидејќи Maserati се соочува со идентичен проблем. Во овој период ќе биде стопирано и производството на моделите GranTurismo и GranCabrio.

Во соопштението за печатот се наведува дека активностите во фабриката во Торино ќе бидат привремено стопирани поради „тековната неизвесност во продажбата на електрични автомобили на неколку европски пазари“. Електричните возила сочинуваат 97% од производството во фабриката Мирафиори. Во Maserati, пак, причината е малата побарувачка за луксузни автомобили надвор од Европа, како што се САД и Кина.

Славески: Веројатно по налог на Арсовска, администрацијата ме опструира

Совет на град Скопје со мнозинство гласови донесе заклучок со кој се задолжува градоначалникот Арсовска по можност во текот на денешниот ден, да предложи измени и дополни на одлуката за исплата на приватните превозници.

Совет на град Скопје по петчасовна расправа на итна вонредна седница со мнозинство гласови донесе заклучок со кој се задолжува градоначалникот Арсовска во најкус можен рок, по можност во текот на денешниот ден, 29 ноември 2024 година, да предложи измени и дополни на одлуката за исплата на приватните превозници, со конкретни насоки.

Иако како Претседател на Совет замолив Сектор за поддршка на Совет, кој е дел од градската администрација, да го подготви заклучокот за потпис и проследување до градоначалникот Арсовска во рок од половина час по завршување на седницата, тоа не е направено ниту по час и половина од посочениот рок. Веројатно по налог на Арсовска, администрацијата ме опструира, односно отворено покажува дека се противи на решавање на проблемот со приватните превозници.

Останувам да го чекам на потпис актот во мојата канцеларија во Совет на град Скопје, објави на Икс претседателот на Советот, Трајко Славевски, се наведува во соопштениет на ВМРО-ДПМНЕ..

притисни ентер