Гигантот „Тошиба“ пропаѓа: На работниците им нудат предвремена пензија и помош

Повеќе од 3.000 вработени во јапонската компанија Тошиба во Јапонија го прифатиле предлогот на компанијата за предвремено пензионирање, јавува агенцијата Kyodo, повикувајќи се на анонимни информирани извори.

Споменатите работници ќе ја напуштат компанијата до крајот на ноември и ќе добијат пари и помош за наоѓање нова работа, велат извори.

Дополнително, планирано е неколку стотици вработени во Toshiba да бидат прераспределени во сектори кои покажуваат раст како што е инфраструктурниот бизнис, а реструктуирањето нема да го заобиколи седиштето на компанијата во Токио.

Toshiba претходно во мај најави дека ќе ја намали својата работна сила во Јапонија за шест отсто, односно ќе укине 4.000 работни места, а на вработените им биле понудени пакети за предвремено пензионирање.

Компанијата „Тошиба“ на крајот на септември вработувала повеќе од 65.000 работници во Јапонија, а се очекува на крајот на фискалната година која завршува во март 2025 година да забележи финансиска загуба поради тековното реструктуирање, додава јапонската агенција.

Исповед на „Духот“ , кој убил 147 руски војници: Најчиста работа се врши со еден куршум (ВИДЕО)

Украински снајперист чие кодно име е „Дух“ открива како со смртоносни истрели од далечина до 1.500 метри елиминирал 147 руски војници.

Неименуваниот снајперист, кој е и командант на единицата „Духовите на Бахмут“, исто така тврди дека заедно со неговата елитна единица елиминирал над 1.200 цели за само 17 месеци, пренесува „Дејлимејл“.

„Дух“ изјавил дека „убивањето на непријателски војник е како редовна работа“, објаснувајќи како нишани, го проверува опсегот и се уверува дека непријателот нема да го открие.

„Најчистата работа е да го завршиш со еден, прецизен истрел. После тоа немам каење. Ако не ги убијам Русите, тие ќе ме убијат мене“, изјави тој за италијанскиот весник „Кориере“.

Убиствата што ги постигнува неговата единица се евидентираат електронски со помош на нишанот на нивните пушки, а тимот останува во позиција три до пет часа по пукањето за да се увери дека целта е елиминирана.

„Духовите на Бахмут“ брои околу 20 врвни снајперисти и моментално се распоредени на првите линии во Покровск, во срцето на Донбас, каде што украинските сили се во дефанзива под притисок на руските напади.

Сите членови на единицата се професионални војници и учествувале во некои од клучните битки од избувнувањето на војната во февруари 2022 година. Единицата била распоредена во Буча, Ирпиње, околината на Мариупол, Суми и на Северниот фронт, а потоа во Харков, Бахмут и Авдијивка.

Елитната единица поминала 10 месеци обука пред да биде распоредена во Бахмут.

„Дух“, кој го крие лицето од јавноста, објасни дека тоа е обид да ја заштити неговата ќерка Владислава (13) затоа што „Русите може да ја бараат и да ѝ наштетат за да ме казнат“, со оглед на неговиот статус како еден од најдобрите украински снајперисти.

„Тајната на добриот снајперист е да има трпение да чека. Многу пукање е бескорисно, всушност може да биде многу опасно“, вели тој.

„Духот“ погодил руски војник на импресивна оддалеченост од 1,5 километар, што е негов личен максимум, иако повеќето негови истрели се на растојание од 300 до 500 метри.

Тој, исто така, тврди дека неговиот тим постигнал еден од најдолгите потврдени снајперски удари во историјата, елиминирајќи цел на растојание од 2,4 километри.

Командантот објаснил дека тие обично одат на мисии во патроли од осум лица, составени од двајца снајперисти, двајца службеници за комуникација и беспилотни летала, тројца војници со митралези за поддршка и еден задолжен за брза евакуација.

За време на мисиите, кои траат 48 часа, тие носат торби тешки 30 килограми, кои во зима стануваат уште потешки поради опремата за греење.

„Ги оставаме џиповите на пет до шест километри од оперативната зона и маршираме во тишина, распоредени настрана, често поминувајќи далеку зад руските линии на фронтот“, рече тој.

Нивното основно оружје е американската пушка „Barett M107A1“, иако користат и „Barett MRAD“ како и украински пушки како „UAR-10“ и „Snipex Alligator“. Ефективниот домет на „Barett M107A1“, според упатството, е 1,8 km, додека максималниот домет е 4 km.

„Да се ​​биде снајперист не е како во американските филмови кои ја романтизираат работата на снајперистот и ја прикажуваат како многу гламурозна“, тврди „Дух“.

Тој рече дека најголемиот дел од работата на единицата се заснова на опстанок.

„Учиш како да пукаш, како да се камуфлираш, како да ја разбереш околината. Можеш совршено да пукаш, но ако не можеш да преживееш, тоа е безвредно. Работиме 24 часа на ден, нема разлика помеѓу ден и ноќ. Нема викенд. Ти си целосно исцрпен, целосно исцеден и кога ќе се вратиш од мисијата, ти си руина.“

Поранешниот претприемач „Дух“ почнал да работи како снајперист во 2014 година, откако Русија незаконски го анектира Крим. Тој бил подложен на обука за снајпер во 2016 година со британски, американски, канадски и литвански инструктори. Тој потврдил дека обуката на неговата единица дала резултати, бидејќи нема загинати членови на тимот.

„Апсолутно му верувам на секој член на мојот тим. Ние сме целосно независни. Сè што правиме, правиме сами. Веројатно тоа е причината зошто сите сме сè уште живи и заедно“.

Иако групата е многу успешна, „Дух“ предупреди дека ситуацијата во Покровск не е добра.

„Русите постојано напаѓаат. Се чини дека имаат бесконечен број дронови, речиси сите се посупериорни од нашите. Не знам како ќе заврши ова“, рече тој.

Латиша продава користени стапчиња за уши и се фали дека добро заработува (ВИДЕО)

Во време кога луѓето постојано бараат начини да заработат пари, една девојка доби неконвенционална - некои би рекле бизарна идеја.

Во објавеното видео се гледа како таа ги чисти ушите со стапче, по што го пакува во посебна кеса и со благодарница му ја испраќа на купувачот. Пред тоа е прикажана цифра од 85 фунти.

Останува нејасно дали девојката ги нуди стапчињата за споменатата сума или заработила толку.

Видеото го сподели девојка на Тикток Латиша, со порака: „Вашите пријатели работат сериозна работа од 9 до 17 часот, а вие продавате искористени стапчиња за уши“.

@latieshajoness1 Its a lifestyle @ADayWithLayla #latieshaslive #sidehustle #weirdthingsisellontheinternet #sidehustlesecrets ♬ just a girl - autumnaudios

Инаку, Латиша се потпишува како „Кралица на продавањето чудни работи на Интернет“. Од друга страна, името Лајла се гледа на благодарницата, па најверојатно се работи за некој друг.

„Слеп патник“ е пронајден во авионски тоалет-жената сакала без билет да лета од Њујорк до Париз

Во авион на „Делта ерлајнс“ од Њујорк до Париз, пронајден е слеп патник. Една жена успешно ги заобиколила проверките на идентитетот, се качила на летот за Франција без билет.

Патниците и членовите на екипажот на летот DL264 на Delta Air Lines од аеродромот Џон Ф. Кенеди до Шарл де Гол во вторник на 26 ноември откриле дека во тоалетот на авионот крие жена, која патува без билет, пренесе Авиоатион 24. Поголемиот дел од летот таа се криела во тоалетот бидејќи сите седишта во Боингот 767 биле зафатени.

Постојаната зафатеност на еден од тоалетите на авионот го зголемила сомнежот кај екипажот и патниците дека нешто чудно се случува зад затворени врати. Член на кабинскиот екипаж открил дека жената лета без билет, што веднаш било пријавено кај пилотите, а потоа и во француската полиција.

По слетувањето во Париз, екипажот ги замолил патниците да останат на своите места додека полицајците не влезат во авионот. Полицијата набрзо влегла во авионот на „Делта ерлајнс“ и го привела „чудниот патник“.

Засега не е познато како жената успеала да се качи во авионот без билет. Она што е познато е дека службениците на американската Администрација за транспортна безбедност (TSA) ја прегледале жената пред да влезе во авионот, односно дека поминала контра-диверзантска проверка на аеродромот Џон Кенеди.

Таа сепак избегнала две точки за проверка на идентитетот, потврди ТСА. „Делта ерлајнс“ соопшти дека започнува истрага за да се утврди како жената се качила во авионот.

притисни ентер