Генерален штрајк во Италија: Над половина милион работници на протест (ФОТО)

Во Италија во тек е генерален штрајк организиран од синдикатите ЦГИЛ и УИЛ.

Во Италија во тек е генерален штрајк организиран од синдикатите ЦГИЛ и УИЛ, со барање за промени во буџетот, зголемување на платите и пензиите, поголеми средства за здравството, образованието, јавните услуги и инвестициите во индустриската политика, а според еден од организаторите , на протестите излегле повеќе од половина милион луѓе.

- Ако ги собереме сите оние кои решија да излезат на улица денес, можеме со сигурност да кажеме дека повеќе од 500.000 луѓе низ Италија избраа да излезат на улица за да ги бранат слободите и правата - изјави секретарот на синдикатот CGIL Маурицио Ландини. , зборувајќи од сцената во Болоња.

Во тек се протести на повеќе од 43 плоштади ширум Италија каде демонстрантите се собраа да се спротивстават на „неправедните и погрешни избори на властите“.

Повеќе од 50.000 луѓе се собраа во Болоња, а повеќе од 30.000 демонстранти излегоа на улиците во Неапол, пренесува АНСА.

Синдикалците посочуваат дека повеќе од 70 отсто од работниците се вклучиле во генералниот штрајк веќе во првите работни смени, а во некои фирми протестирале и 100 отсто од вработените.

Штрајкот почнал во утринските часови и ќе трае осум часа или целата работна смена за сите јавни и приватни сектори, со исклучок на транспортот каде што е намален на четири часа.

Претходно во Болоња пред демонстрантите се обрати лидерот на италијанската левица (Sinistra Italiana), Николо Фратојани, кој истакна дека е во тек голем генерален штрајк за одбрана на правата на работниците и жените и за промена на неправедните и репресивни мерки кои намалување на финансирањето и универзалните права, влошување на животот на граѓаните и не решавање на проблемите во државата.

Зеленски именува нов командант на Копнените сили на Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го назначи генерал-мајор Михаил Драпатиј за нов командант на копнените сили на Украина.

Драпатиј ќе го замени Александар Павлиук, кој ја извршуваше таа функција од февруари 2024 година, објави Киев Индипендент. Зеленски го пофали Драпатиј за неговата улога во организирањето на одбраната во регионот Харков.

Иако не наведе конкретни причини за промената, претседателот на Украина ги истакна заслугите на Драпатиј во воениот сектор. Драпатиј беше командант на 58-та одделна моторизирана пешадиска бригада на Украина од 2016 до 2019 година.

Од овој мај тој е на чело на оперативната група сили во регионот на Харков, додека од септември ја презеде оперативно-тактичката група сили во регионот на Луганск.

Навивачите згрозени од глетката на стадионот „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа против Бода Глимт во петтото коло од Лигата на Европа, но сликата која се создаде по натпреварот ги запали социјалните мрежи.

Еден од навивачите на домашниот тим под своето седиште на „Олд Трафорд“ фотографирал бара со нечиста вода и мртов стаорец во неа, што ги згрозило сите навивачи на овој клуб.

Иако е едно од поевтините седишта на „Театарот на соништата“ кое може да се плати по 66 фунти, ова е без сомнение необична сцена на стадионите во Англија, особено кога зборуваме за легендарниот Олд Трафорд.

Што се однесува до Манчестер Јунајтед, нивниот следен натпревар е против Евертон во Премиер лигата на 1 декември.

ДУИ: Итно барање за оставка на министерот за внатрешни работи

Демократската унија за интеграција итно ја бара оставката на Министерот за внатрешни работи поради неоправданата и без преседан полициска интервенција за време на синоќешните прослави на Денот на албанското знаме. 

Оваа интервенција не само што ги попречи мирните и традиционални манифестации на Албанците, туку предизвика непотребни тензии и инциденти кои ја нарушија меѓуетничката хармонија во земјата.

Дополнително, денес сме сведоци на селективен и пристрасен пристап од страна на органите на редот. Додека граѓаните албанци кои го запалија државното знаме се приведени и казнети, оние кои го запалија албанското знаме остануваат неказнети. Овој дискриминаторски и неправеден пристап е неприфатлив и ја поткопува довербата на граѓаните во државните институции, дополнително продлабочувајќи ги поделбите и тензите во општеството.

Министерот за внатрешни работи не успеа да обезбеди праведен и професионален пристап кон овие инциденти, покажувајќи неспособност и недостаток на одговорност за справување со меѓуетничките ситуации со потребната внимателност. Поради ова, бараме неговата итна оставка.

Демократската унија за интеграција останува посветена на заштитата на правата и достоинството на Албанците, како и на зачувувањето на соживотот и стабилноста во Македонија. Нема да толерираме институциите на државата да се користат за дискриминаторски политики кои ги нарушуваат правата на граѓаните и меѓуетничкиот соживот, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер