Франција ѝ дозволи на Украина да користи ракети со голем дострел

Нема „црвени линии“ кога станува збор за поддршката на Украина, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан Ноел Баро за Би-Би-Си.

Жан-Ноел Баро рече дека Украина може да истрела проектили со голем дострел кон Русија „за самоодбрана“, но не потврди дали веќе е употребено француско оружје.

„Принципот е поставен... Нашите пораки до претседателот Зеленски беа добро примени“, рече тој во ексклузивното интервју за Би-Би-Си.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно оваа година укажа на подготвеноста на Франција да дозволи нејзини проектили да бидат истрелани кон Русија. Но, коментарите на Баро се значајни, следните денови откако американските и британските ракети со долг дострел беа употребени на таков начин за прв пат.

Баро, кој вчера разговараше со министерот за надворешни работи Дејвид Лами во Лондон, рече дека западните сојузници не треба да поставуваат никакви ограничувања на поддршката за Украина против Русија и „да не поставуваат и изразуваат црвени линии“.

Изјавата на францускиот министер за надворешни работи предизвика бурни реакции ширум светот.

Запрашан дали тоа би можело да значи и француски трупи во борба, тој рече: „Не исклучуваме ниту една опција“.

„Ќе ја поддржуваме Украина интензивно и онолку долго колку што е потребно. Зошто? Бидејќи нашата безбедност е во прашање. Секојпат кога руската армија напредува за еден квадратен километар, заканата се приближува до Европа за еден квадратен километар“, рече тој.

Баро посочи дека ја повикува Украина да влезе во НАТО, како што побара претседателот Зеленски.

„Отворени сме за упатување покани, така што во нашите разговори со пријателите и сојузниците, пријателите и сојузниците на Украина, работиме да ги приближиме до нашите позиции“, рече Баро.

Анџелина Џоли се расплака во интервју за новиот филм: Толкав е фокусот на бизнисот (ВИДЕО)

Актерката Анџелина Џоли ита кон својот втор Оскар и се чини дека по втор пат по 2000 година и „ Girl, interrupted“, ќе ја донесе оваа актерска награда дома, играјќи во филмот „Марија“, која ја толкува оперската дива Марија Калас.

- Слушнав дека оваа жена никогаш не ја слушала својата музика, туку за прв пат пуштала плочи во последната недела од животот, кога била сосема сама. Ги слушав нејзините интервјуа, оние кога беше помлада и полна со живот, знаеш кога те испрашуваат со часови за твојот потенцијал и техника, и последното кое воопшто не беше пријатно, каде новинарот не ѝ даваше поддршка, туку прашуваше само за озборувања. Постојано ги гледав туѓите толкувања за ова човечко суштество, ја гледав како длабоко, емпатично суштество.“

Велат дека Марија во деловниот живот го постигнала она што никогаш не можела во приватниот живот - восхит и стабилност, но дека наместо љубовта на многумина, ја сакала љубовта на неколкумина, пред сѐ нејзината мајка и нејзиниот прв сопруг, објави Гео.

-Никогаш досега не сум играла изведувач, но она што таа го направи за мене, ќе се обидам да не бидам емотивна, знаете поради нашата работа може да го изгубиме значењето, да се запрашаме „зошто го правиме ова?“. И тоа што сум креативен човек, ја разменував таа енергија со другите луѓе, со публиката, тоа ми беше целта, причината зошто е убаво да се биде уметник. Има толку многу фокус на деловната страна, што е кој, кој што прави, па ме натера да се сетам колку сакам да бидам уметник“ - низ солзи рече Џоли.

@etalkctv Angelina Jolie sat down with us to explain how she was able to connect to Maria Callas’s story when playing her in Netflix’s ‘Maria’. 🎬 #AngelinaJolie #MariaCallas #MariaMovie #Netflix #Interview #Hollywood ♬ original sound - etalk

Победата на Трамп му го зголеми богатството на Маск- го собори сопствениот рекорд

Нето богатството на американскиот милијардер Илон Маск вчера достигна рекордни 347,8 милијарди долари.

Нето богатството на американскиот милијардер Илон Маск вчера достигна рекордни 347,8 милијарди долари, поттикната од континуираниот раст на акциите на Tesla и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција xAI беше проценет на 50 милијарди долари, пишува Bloomberg.

Бројните компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го катапултираше во политичкото внимание.

Американската новинска агенција додаде дека акциите на Тесла вчера пораснале за 3,8 отсто, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе ѝ дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.

Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на Блумберг.

Израелски рабин исчезна во Емиратите, се огласи Нетанјаху

Израелскиот рабин Зви Коган исчезна во Обединетите Арапски Емирати, соопшти денеска канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Коган има двојно израелско-молдавско државјанство, објави Тајмс оф Израел.

Во соопштението се наведува и дека е отворена истрага врз основа на информации дека исчезнувањето на лицето идентификувано како Зви Коган во четвртокот е поврзано со „терористички инцидент“.

Канцеларијата на Нетанјаху соопшти дека Коган е емисар на Чабад, ортодоксна еврејска организација со ограноци низ целиот свет.

притисни ентер