Фото: Ураганот Хелена ја погоди Флорида, најмалку три жртви

Најмалку три лица загинаа во невремето кога ураганот Хелена ги погоди САД, најсилниот досега што ја погодил областа Биг Бенд на Флорида.

Хелена синоќа стигна во северозападна Флорида како бура од четврта категорија.

Националниот центар за урагани во Мајами соопшти дека Хелена синоќа ја погодила областа во близина на реката Аусила во областа Биг Бенд во Мексиканскиот залив. Брзината на ветрот била 225 километри на час.

Поради Хелена властите издадоа предупредувања за урагани и поплави кои се проширија во северна Џорџија и западна Северна Каролина. Повеќе од милион домови и фирми останаа без струја на Флорида и повеќе од 50.000 во Џорџија.

Гувернерите на американските сојузни држави Флорида, Џорџија, Алабама, Каролина и Вирџинија прогласија вонредна состојба во нивните држави.

Една жена загина на Флорида кога сообраќаен знак паднал врз нејзиниот автомобил, а две лица загинале во јужна Џорџија.

Издадени се наредби за евакуација долж брегот на Заливот во ниските области околу Талахаси, Гејнсвил, Седар Ки, Лејк Сити, Тампа и Сарасота на Флорида.

Националната метеоролошка служба прогнозираше бури и предупреди дека тие би можеле да бидат „катастрофални“ во заливот Апалачи, во близина на брегот на Флорида. Училиштата во округот и неколку универзитети ја откажаа наставата, а аеродромите во Тампа, Талахаси и Клирвотер се затворени.

Метеоролозите предвидуваат дека Хелена најверојатно ќе ослабне додека се движи кон внатрешноста, но дека силните ветрови и дождот ќе се прошират на јужните Апалачки планини, каде што ќе биде можна и појава на лизгање на земјиштето.

Приведени дебрани кај кои е пронајдена марихуана

 Полициските службеници од Одделението за внатрешни работи привеле две момчиња од Дебар,  откако кај нив пронашле марихуана.

- Вчеравечер во 19 часот лишени од слобода се А.Ц.(19)и Ј.К.(19), двајцата од Дебар. При преглед на патничко моторно возило „Пежо“ со дебарски регистарски ознаки во кој се превезувале, извршен на пресекот на улиците „Јусуф Грвала“ и “Мојси Големи“ во Дебар, полициските службеници пронајдоа и одзедоа најлонска кеса со опојна дрога марихуана, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Дополнително, при преглед кај А.Ц. пронајдена и одземена е пакување со марихуана.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. /МИА

Прес-конференција на претседателот на Владата Мицкоски и претседателот на Владата на Унгарија

Прес-конференција на претседателот на Владата Христијан Мицкоски и претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан

Пет лица уапсени поради ритуално жртвување дете „за доброто на училиштето“ во индиска држава

Пет лица уапсени поради ритуално жртвување дете „за доброто на училиштето“ во индиската држава Утар Прадеш.

Седумгодишно момче е убиено во државата Утар Прадеш во северна Индија за време на ритуално принесување жртва за да му „донесе среќа на своето училиште“, поради што се уапсени пет лица, меѓу кои таткото на момчето и директорот на училиштето во кое тоа одело.

Телото на момчето било пронајдено во угостителскиот објект каде што живеело во Хатрас, во близина на Таџ Махал на северот од земјата, изјави полицискиот службеник Брам Синг, јави денеска француската телевизија БФМ.

Покрај таткото на момчето и директорот на училиштето, уапсени се и тројца наставници. Како што соопшти полицијата, сите уапсени го признале делото и се во притвор.

„Момчето требаше да биде запалено на клада како дел од ритуалот, но е убиено пред да заврши ритуалот“, прецизира локалната полиција.

Директорот на училиштето е осомничен и дека имал намера да го изврши истиот ритуал врз друго дете. Индискиот Национален завод за статистика на криминални дела забележа 103 ритуални убиства во земјата од 2014 до 2021 година.

притисни ентер