Фото: Шкода отпорна на куршуми и гранати

Шкода претстави специјална верзија на моделот „Kodiaq“.

Шкода UK соработуваше со „UTAC Special Vehicles“ за да го претстави оклопниот „Kodiaq“, „SUV“ базиран на освежена верзија на моделот од првата генерација.

Надворешната модификација се однесува на трепкачите напред, на браникот и на вратите, додека внатре инфозабавниот систем е трансформиран во она што Шкода го нарекува „комуникациска станица“.

„Kodiaq Armoured“, како што се нарекува овој блиндиран модел, има и стакло отпорно на куршуми, додека кабината е значително изменета и обложена со челик.

И сопирањето и суспензијата се подобрени поради зголемената тежина, а сите четири тркала имаат систем кој овозможува возење и во случај на дупната гума. Моторот не е променет во споредба со оригиналот.

Од компанијата велат дека овој „Kodiaq“ е дизајниран така што може да издржи напади од разни пиштоли, пушки, како и експлозија на гранати или други експлозивни направи.

Тој е сертифициран со „PAS 300“ и „PAS 301“ и, меѓу другото, има испукано повеќе од 200 куршуми преку него за време на процесот на сертификација.

Извор: Б92

140 деца добиле труење со храна во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром

140 деца од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ од прво до трето одделние со повраќање, диајреа и висока температура останале на домашно лекување поради сомнеж од труење со храна.

Според изјавите на родителите децата од вечра вчерта се пожалиле на болки во стомакот и повраќање. Родителите во меѓусебна комуникација разбрале дека цели одделнија имаат исти симптоми. Првично сомнеж за труењето е добавувачот на храна во училиштето. Вчера на мени децата јаделе мусака и бомбици. Денеска главна тема во училишниот двор беше труењето со храна на децата. Директорот на училиштето Александар Филипчев објасни дека биле инспектори на терен и земале мостри од храната и кујната.

Од државниот санитатрен и здравствен инспекторат објаснија дека имаат сознанија дека има труење со храна во основното училиште. Од ДСЗИ велат дека веќе се координарани агенцијата за храна и ветеринарство, Центарот за јавно здравје и инстиутот за јавно здравје. Од институот за јавно здравје потврдија дека веќе се направени лабораториски испитувања и во наредните 48 часа ќе имаат првични резултати.

Одделението за епидемиологија за труењето е известено од страна на матичен лекар со образложение ученици од истото училиште се јавиле на преглед според ова ќе бидат доставени пријави за заразно заболување со дијагноза за токсична инфекција.

Пред десетина дена со знаци на труење имаше и припадници на воената академија кои беа прегледани на инфективанта клиника. Од испитувањата се покажа дека тие се заразиле од површините каде била подготвувана храната.

Експерти: Пораките од Брисел се јасни, нема напред без уставни измени

Предолгото чекање вели Марковиќ може да влијае врз стабилноста на македонското општество и меѓуетничките односи.

Одвојувањето на Албанија од Македонија од европскиот преговарачки пакет е очекуван потег кој не доведува во позиција на статус-кво смета универзитетскиот професор Ненад Марковиќ, според кого, од таквата ситуација може да излеземе со директно соочување со проблемите бидејќи времето не работи во наша полза,. Според него нереално е да се очекува промена на Преговарчаката рамка и условите за Македонија, и од тие причини потребно е да се обезбеди национален консензус за што поскоро откочување на преговорите. Предолгото чекање вели Марковиќ може да влијае врз стабилноста на македонското општество и меѓуетничките односи.

-Сепак ќе мора да се фатиме во костец со проблемите ако сакаме ова да го надминеме, а тоа подразбира непријатен процес на само делот кој се однесува на бугарското малцинство во уставот, туку и делот на историската комисија, за заендичкото чествување, теми кои кај нас се многу сензитивни, теми со кои доведени до степен на невратичност на општеството, теми кои ниедна политчка елите не сака да се занимава, ако од друга страна не мислам дека позицијата на статус кво нешто добро ќе ни донесе во перспектива.- Ненад Марковиќ – Универзитетски професор

Дека во моментов е речиси невозможно да се очекува промена на Преговарачката рамка за Македонија, но и обезбедување на гаранции од Европската унија дека Бугарија нема понатаму да има нови условувања кон нас, смета и официјалниот претставник на фондацијата Конрад Аденауер – Даниел Браун.

„ Не можеме да очекуваме дека Европската унија би добила било какво прилагодување или документ за да се спречи понатамошното влијание кое го има Бугарија. Во иднина Македонија може да преземе иницијативи за да се регулираат одредени аспекти во однос на јазикот и историјата но не постои можност да се гарантира било што од ЕУ дека може било што да влијае на тој процес. “-Даниел Браун – Офиц. Претставник на Фондацијата Конрад Аденауер.

Министерката со македонско потекло Стојменова-Дух поднесе оставка во словенечката влада

Таа пред две години стана министерка за дигитална трансформација во владата на Роберт Голоб.

Словенечката министерка за дигитална трансформација Емилија Стојменова-Дух, која е родена во Македонија, поднесе оставка откако се најде под голем притисок на јавноста поради неовластено користење сигнални светла на својот службен автомобил во Австрија.

Како што објави словенечката национална телевизија, за нејзиниот случај денеска требало да се расправа во словенечкиот парламент и да и се гласа за доверба, но премиерот Голоб ги информирал патениците дека таа веќе поднела оставка.. Таа се најде во фокусот на јавната дебата поради наводни неправилности при набавка на 13 илјади компјутери, но и поради тоа што недозволено вклучила сигнални светла на службениот автомобил за да избегне сообраќаен метеж во Австрија и да фати авион за Женева.

Стојменова-Дух која ги негираше ваквите информации, е родена во Виница, а во Словенија се преселила како тинејџерка.

Пред две години стана министерка за дигитална трансформација во владата на Роберт Голоб.

притисни ентер