Еврокомесарката Јохансон: Бугарија и Романија би можеле да се приклучат на Шенген од 1. јануари

Романија и Бугарија може да се приклучат на Шенген зоната на 1 јануари следната година, изјави еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.

Таа рече дека двете земји ги исполниле „сите критериуми“ и дека се очекува министрите за внатрешни работи на Унгарија, Австрија, Бугарија и Романија на состанокот на 12 декември да се договорат за укинување на контролите на копнените граници, објави Euronews.

Јохансон истакна дека вкупната нерегуларна миграција кон ЕУ е намалена за 40 отсто, а на западнобалканската рута има намалување за 80 отсто, како и дека нема никакви проблеми откако се укинаа воздушните граници.

Романија и Бугарија требаше да се приклучат на Шенген зоната минатата година, заедно со Хрватска, на што се спротивстави Австрија, со тврдења дека овие земји не успеале да се справат со наглото зголемување на мигрантите кои пристигнуваат во ЕУ преку западнобалканската рута.

Внатрешните воздушни и поморски контроли на ЕУ со Бугарија и Романија беа укинати претходно оваа година, пишува Политико. На состанокот во Будимпешта, министрите за внатрешни работи на Унгарија, Австрија, Бугарија и Романија се согласија да „иницираат неопходни чекори“ за одредување датум за укинување на контролите на копнените граници.

Услов, како што е наведено, е продолжување на соработката за намалување на илегалната миграција, а договорено е и продолжување на проверката на границите меѓу Унгарија и Романија и меѓу Романија и Бугарија најмалку шест месеци „за да се спречат какви било сериозни закани“ за безбедноста на овие земји.

Германија им дава пари да си заминат од државата на мигрантите на кои им е одбиен азил

Илјадници луѓе, како оние со одбиени барања за азил или со мали шанси за успешен случај за азил, добија финансиска помош доброволно да ја напуштат Германија оваа година.

До крајот на октомври, 8.263 лица кои добија финансиска помош преку програмите за финансирање на федералните и државните влади ја напуштија Германија, според одговорот на германската влада на барањето на членот на Бундестагот и екстремно десничарски член на Алтернатива за Германија (АфД), Леиф-Ерик Холм. .

Преку Програмата за реинтеграција и репатријација за баратели на азил во Германија/Програма за репатријација со помош на владата (REAG/GARP), сиромашните мигранти можат да добијат пари за авионски и автобуски билети или медицинска помош.

Одговорот на Владата покажува дека одобрените средства за програмата годинава изнесуваат над 8,2 милиони евра.

Во моментов не е можно да се одреди колкав дел од трошоците се на товар на федералните и државните влади. Тоа е затоа што Европската унија покрива најголем дел од трошоците за заминување во одредени околности, а федералните и државните влади треба да покријат само 5 отсто од трошоците.

Депортациите обично се значително поскапи од доброволните заминувања.

„Треба да ја искористиме секоја можност да ги убедиме одбиените баратели на азил и другите странци кои треба да ја напуштат земјата да го направат тоа“, рече Холм.

Тој додаде дека тоа ќе биде поевтино отколку да им се обезбеди целосна социјална помош. Има дури и значителна финансиска помош од ЕУ за напуштање.

Синот на норвешката принцеза е обвинет за уште едно силување, само неколку дена по апсењето

Синот на норвешката принцеза Мета-Марит, Мариус Борг Хојби (27) е обвинет за второ силување само неколку дена откако беше уапсен под сомнение за истото дело.

По рочиштето за притвор во Окружниот суд во Осло во средата за првото наводно кривично дело, полицискиот обвинител Андреас Крушевски рече дека Полицискиот округ во Осло побарал Мариус Борг да биде притворен две недели по откривањето на второто наводно силување.

„Причината за ова барање е што во текот на ноќта и утринава откривме уште еден случај на силување. Ова беше идентификувано во истражниот материјал“, изјавија од полицијата во Осло.

Полицијата соопшти дека темелно го истражува вториот наводен инцидент.

„Случајот вклучува сексуална активност, а не однос, со жена која не можела да се спротивстави на чинот. Тоа значи дека сега истражуваме два случаи на силување во кои е вклучен Мариус Борг Хојби“, додаде полицијата.

За сексуален напад од овој тип е предвидена максимална затворска казна од 10 години, според норвешкиот кривичен закон.

Неговиот адвокат изјави за Си-Ен-Ен во четвртокот дека неговиот клиент се изјаснил за виновен само по една точка за напад на неговата последна девојка, кривично дело оштетување на нејзиниот стан и закани.

„За други околности тој не признава кривична вина“, додаде адвокатот.

Хоиби првпат беше уапсен во понеделникот вечерта под сомнение дека го прекршил законот во врска со „сексуален однос со некој кој е во несвест или на друг начин не може да му се спротистави на чинот“, соопшти полицијата во вторникот.

Првата наводна жртва е 20-годишна жена која не го познавала Хоиби пред да се сретне со него на денот на наводниот инцидент, изјави нејзиниот адвокат Хеге Саломон за Си-Ен-Ен. Таа не била во врска со Хоиби.

Хојби е роден пред неговата мајка Мете-Марит да се омажи за престолонаследникот и да стане принцеза во 2001 година. Тој е надвор од норвешката линија на наследување на кралството.

МВР: Претрес во Непроштено, пронајдено оружје, муниција...

На 22.11.2024 во 16.45 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Љ.П.(51) од с. Непроштено.

На 22.11.2024 во 16.45 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Љ.П.(51) од с. Непроштено, кај кого, врз основа на судска наредба од Основниот суд Тетово, во времето од 12 до 16.45 часот, полициски службеници извршиле претреси во неговиот дом и помошните простории, како и во уште една куќа во селото која е во негова сопственост.

При претресите пронајдени се ловна пушка (карабин), 14 парчиња муниција за карабин, дробилка, два оптички нишани, поголема количина на куршуми, чаури и проектили од куршуми од разни калибри, една кеса со барут, една шок бомба, една воздушка пушка „гамо“ со вградена оптика, пиштол „глок“ калибар 9 мм, две рамки со по 10 куршуми и други предмети.

По документирање на случајот, против Љ.П. ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.

притисни ентер