Еве како една корисничка на Тикток ја осветли косата во домашни услови (видео)

Сакала да стане „платинеста“ русокоса по секоја цена.

Луси Патерсон сакала да ја освети косата и да стане „платинеста“ русокоса. Но, наместо да отиде на фризер, решила тоа да го направи сама.

Купила бланш, го изматила според упатството и го ставила на косата, но уследил шок кога сфатила дека целосно ја изгорела косата.

Од косата на главата останале замрсените прамени кои паѓале, па на крајот морала да земе машинка и да ја скрати косата речиси до главата, бидејќи само така можела да ја отстрани оштетената коса.

Луси своето самостојно избелување на косата го покажала на Тикток за да ги предупреди другите девојки ваквиот третман да не го изведуваат сами дома.

По споделеното искуство на Тикток, таа доби бројни коментари со поддршка, а мажите ѝ порачаа дека и покрај кошмарот што го доживеала, таа е вистинска убавица.

- Изгледаш многу добро и покрај се -

- Можеби косата ти е уништена, но сепак изгледаш како топ модел-

- Слушај, не ми е гајле што се случило со твојата фризура, ти си убава без оглед дали имаш коса или не – стои во дел од коментарите на нејзината објава.

@juicyluciiiii #fyp#foryoupage#viral #genshinimpact34 #hair #hairfail #bleachfail #friedhair ♬ Pheezy x That Itty Bitty Thing - angybvby

Репрезентацијата на Бразил за прв пат ќе игра во црна опрема во знак на протест против расизмот

Фудбалската репрезентацијата на Бразил за прв пат во својата историја ќе игра во црни дресови, објави „Globo“.

Фудбалерите ќе излезат на терен во црни дресови со златни броеви на пријателскиот натпревар против Гвинеја. Така, играчите ќе протестираат против манифестациите на расизам, од кои една од жртвите беше нивниот член Винисиус Жуниор.

Според „Глобо“, по првото полувреме играчите ќе ги променат црните дресови во традиционалните со боите на националното знаме.

Натпреварот на Бразил против Гвинеја ќе се одигра на 17 јуни во Барселона. А на 20 јуни Бразилците ќе играат со селекцијата на Сенегал во Лисабон.

За време на натпреварот од 35. коло на шампионатот на Шпанија против Валенсија, напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус, постојано беше изложен на расистички навреди од противничките навивачи. Поради ова средбата беше прекината во второто полувреме. По натпреварот Бразилецот ја критикуваше Ла Лига за расизам, а Реал Мадрид поднесе жалба до обвинителството во врска со навредите на нивниот играч. На 23 мај тројца навивачи на Валенсија беа уапсени за инцидентот, а Валенсија им изрече доживотна суспензија на нејзините домашни натпревари. /МИА

Таравари: Гордо можам да кажам дека сега земјава се движи напред

Пред 100 дена земјава беше парализирана, а неспорно е дека сега е во многу подобра состојба отколку пред 100 дена. 

Гордо можам да кажам дека се движи напред, истакна лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во обраќањето по повод 100 дена од влезот на партијата во Владата.

-Постојано барам од секој функционер на Алијанса за Албанците резултати и нулта толеранција на корупцијата. Уште од почетокот на нашето управување со Министерството за правда презедовме низа активности за да ја зголемиме довербата на граѓаните во судството,.... Преку Министерството за информатичко општество и администрација ќе формираме една точка на која ќе се нудат 182 електронски услуги на едно место,... Откао управуваме со Министерството за здравство за 3.000 денари ги зголемивме платите на сите здравствени работници, а за 162 отсто го зголемивме надоместокот за дежурство, рече Таравари.

Посочи дека имало многу ветувања за евроинтеграциите на земјава, но многу и се лажело.

-Од нас се очекува што поскор да ги направиме уставните измени за да се интегрираме. Но, ситуацијата е променета со интервенцијата на Русија во Украина и пројавувањето на проруски ставови во соседството. Можно е и кај нас да преовладаат проруските ставови. Европа е нашиот единствен дом, но не чека на нас. Затоа нашата демократија мора да ги надмине предизвиците и да не дозволи да не блокираат противниците на западот, рече Таравари.

Порача дека во иднина наместо на темите кои не разделуваат треба да се фокусираме на оние кои не обединуваат.

-Такво е и нашето барање за албанскиот јазик во Уставот. Очекуваме тоа да биде едногласно поддржано, потенцира Таравари.

Истакна дека сите одлуки на политичарите во земјава треба да се носат имајќи ги во предвид потребите и барањата на младите затоа што, како што рече, тие се нашата иднина.

-Ако како политичари продолжиме да размислуваме само за идните избори ќе бидеме одговорни за егзодусот на младите. Време е да се однесуваме како државници, порача Таравари.

Прашан за очекувањата за процесот на уставните измени во Собранието рече дека очекува да има 80 пратеници кои ќе ги поддржат измените и додаде дека имаат контакти со сите партии, но не со некои поедини пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако не се донесат уставните измени и се дозволи Албанија да се одвои и сама да ги продолжи преговорите ќе влеземе во изолација како во 2008 година, а потоа ќе треба да направиме потешки отстапки за да го продолжиме евроинтегративниот процес, како што беше со името за да влеземе во НАТО, истакна Таравари.

Венбин: Кина изразува сериозна загриженост за делумното уништување на браната во Нова Каховка

Кина ја изрази својата „длабока загриженост“ по делумното уништување на украинската брана Каховка, што предизвика поплави долж реката Дњепар и ги зголеми стравувањата од хуманитарна катастрофа, пренесуваат француските медиуми.

Нападот, за кој меѓусебно се обвинуваат Москва и Киев, доведе до поплави на многу градови и евакуација на илјадници лица, што предизвика меѓународен гнев.

-Ја изразуваме нашата длабока загриженост за оштетувањето на ѕидот на браната на хидроцентралата Каховка, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин на редовната прес-конференција, нагласувајќи ги „последиците што произлегуваат за луѓето, економијата и животната средина“.

„Ги повикуваме сите страни во конфликтот да го почитуваат меѓународното хуманитарно право и да направат се што е можно за да го заштитат цивилното население и цивилните објекти“, додаде тој.

Според украинските власти, во оваа фаза се евакуирани повеќе од 17.000 луѓе, а поплавени се 24 населби.

Со тврдењето дека е неутрална во конфликтот, Кина повикува на почитување на суверенитетот на сите земји, вклучително и на Украина, но никогаш јавно не ја осуди воената интервенција во оваа земја што ја почна рускиот претседател Владимир Путин.

притисни ентер