Ескобар: Србите мора да се вратат во косовските институции, а Приштина мора да формира ЗСО

На прашањето какви ќе бидат последиците за Приштина доколку не го прифати европскиот предлог за решение на кризата на северот на Косово, Ескобар рече дека неприфаќањето би значело „вртење на грб на Европа“.

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска во Белград изјави дека најголемиот предизвик за Србија е да ги убеди косовските Срби да се вратат во институциите и дека косовските Срби треба да учествуваат на локалните избори на северот на Косово без предуслови, јави дописникот на МИА од Белград.

-Мораме да се погрижиме оние кои ќе учествуваат на изборите и кои ќе се вратат во институциите да бидат добредојдени, рече Ескобар во разговор со група новинари во Белград.

Ескобар, кој заедно со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, претходните два дена разговараше со претставниците во Приштина и Белград, рече дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ветил дека ќе влијае на косовските Срби да излезат и да учеството на новите избори за четири општини на север од Косово.

-Се надеваме дека (албанските) градоначалници нема да ги користат општинските згради, дека косовската полиција ќе се повлече и дека демонстрантите ќе ја напуштат областа, рече Ескобар.

На прашањето какви ќе бидат последиците за Приштина доколку не го прифати европскиот предлог за решение на кризата на северот на Косово, Ескобар рече дека неприфаќањето би значело „вртење на грб на Европа“.

-Ако не прифатат, тоа значи дека го напуштаат евроатлантското партнерство, рече тој.

Ескобар рече дека формирањето на Заедницата на српските општини е правно обврзувачко за Владата на Косово и дека таа мора да се формира - со оваа или со која било идна влада.

-Тоа е во Бриселскиот договор, во Охридскиот договор, тоа не е договор меѓу Курти и Србија, туку на Косово и Србија. Ако Косово сака да напредува во евроинтеграциите, мора да формира ЗСО, прашање е дали тоа ќе се случи со оваа влада или со идна влада, рече Ескобар.

Видео: Новак Ѓоковиќ ги насмеа следбениците, танцуваше грчки танц на лента за трчање

На Дејвис куп тестот вчера Србија поведе со 2:0 против Грција во Белград, а тој втор бод го донесе Новак Ѓоковиќ совладувајќи го Гркот Јоанис Ксилас со 6:0, 6:1.

Новак пред натпреварот ги насмеа сите свои следбеници на социјалните мрежи објавувајќи видео во кое покажа како се подготвува за натпреварот.

„Смешен начин да се подготвите за натпреварите против Грција“, напиша тој во описот на неговото видео на TikTok, кое собра повеќе од 655.000 прегледи за само еден ден. Имено, додека бил во теретана, Ѓоковиќ на лентата за трчање го играл познатиот грчки танц - сиртаки.

@djokernole Fun way to prepare for the matches vs Greece 🇬🇷 brothers #tennis #serbia #greece #daviscup ♬ original sound - Novak Djokovic

Освен Срби и луѓе од соседните земји, во коментарите му одговорија и Грци. „Ве обожаваме во Грција. Секогаш сте добредојдени“, „Ви испраќаме голем поздрав од Грција“, „Дојди овде да танцуваме“, продолжија коментарите.

„Веќе можам да видам дека можеби ќе почне да танцува кога ќе се пензионира“, гласи еден од коментарите.

Рама: Австријци во Корча ќе го градат првиот ски-центар во Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама најави изградба на првиот ски-центар во земјата, додавајќи дека тоа ќе биде во Корча, а инвеститорот ќе биде од Австрија.

- Наскоро со Божја помош, никогаш не се знае што ќе се случи следниот ден во овој живот, ќе започнеме со изградба на првиот ски-центар кој ќе биде во областа на Корча. Станува збор за фантастичен проект од група многу сериозни инвеститори од Австрија, рече Рама.

Според него, и архитектите се Австријци, автори на најпознатите одморалишта во Австрија и Швајцарија.

-Ова ќе биде првиот ски-центар. Владината намера е Албанија да ја претвори во туристичка дестинација и за зимската, а не само летната сезона, посочи Рама во поткастот „Зборуваме".

Додаде дека, како резултат на визијата на владата и вложувањата, неговата земја станала барана дестинација, која во изминатите осум месеци од годинава ја посетиле над 8,5 милиони туристи. /МИА

Зеленски: Украина трпи големи загуби поради бавната испорака на оружје

Украинските војници трпат големи загуби поради бавното пристигнување на западното оружје за соодветно опремување на вооружените сили, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен.

Зеленски истакна дека ситуацијата во источниот дел на земјата е „многу тешка“, додавајќи дека половина од украинските бригади таму не се опремени, пренесува БТА.

- Затоа губиме многу луѓе. Ги губиме луѓето затоа што немаат борбени возила... немаат артилерија, немаат артилериски гранати, рече Зеленски.

Тој, исто така, забележа дека оружјето ветено од САД и европските земји пристигнува многу бавно.

- Потребни ни се 14 бригади за да бидеме подготвени. Досега... од овие пакети [со пратки оружје] не опремивме ниту четири, посочи украинскиот претседател.

Зеленски овој месец треба да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден и ќе му претстави план за ставање крај на војната. Главните елементи се безбедносна и дипломатска поддршка, како и воена и економска помош, најави Зеленски.

Се очекува тој да му ги повтори на Бајден барањата да и се дозволи на Украина да користи американско оружје со долг дострел за да напаѓа длабоко на руска територија.

- Единственото нешто од што се плаши рускиот претседател Владимир Путин е реакцијата на неговиот народ ако цената на војната ги натера да страдаат. Направете ја Украина силна и ќе видите дека тој ќе седне и ќе преговара, рече Зеленски./МИА

притисни ентер