Тој пред новинарите во Приштина изјави дека тој и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Косово-Србија Мирослав Лајчак в петок ќе ја информираат јавноста дали има напредок или не, пренесува Репортерс.
Како што рече, Курти е должен до петок да се изјасни за прашањето за изборите на северот, како и дека по Охрид нема план Б и дека договорот мора да се спроведе.
Според Ескобар, доколку Курти не ги прифати трите услови, тогаш е јасно дека не сака соработка со САД и ЕУ и дека тоа не може да помине без последици, пренесува Клан Косова. Тој додаде дека САД, Европската унија и сите меѓународни партнери се заедно во нивните барања за смирување и нормализирање на ситуацијата и дека доколку тоа не се случи, последиците за Приштина ќе бидат долготрајни при што појасни дека овие последици ќе бидат насочени кон жителите на Косово.
Ескобар изјавил дека премиерот Курти има нацрт на статутот на Заедницата на српски општини (ЗСО), но го крие, пренесува Репортерс. Тој пред новинарите во Приштина изјави дека нацрт-статутот треба веднаш да го претстави владата, а САД и ЕУ очекуваат тоа да се случи наскоро, пренесува Клан Косова.
Ескобар и Лајчак се во Приштина од понеделникот вечерта, каде разговараа со Курти, претседателката на Косово Вјоса Османи, претставници на трите најголеми опозициски партии и Српска листа.
Повеќе од два часа траеше средбата на косовскиот премиер Албин Курти со специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
По средбата Лајчак изјави дека на Албин Курти му биле претставени три барања за решение на ситуацијата на северот на Косово – итно смирување на тензиите, враќање на дијалогот и брзи нови избори.
Градоначалниците на север, освен законитост, мора да имаат и легитимитет“, рече Лајчак.
На прашањето за изборите тој одговори: „Да се договоревме, ќе кажев“.
Што се однесува до градоначалниците на општините на север, Лајчак рече дека тие се легални, но дека немаат легитимитет
„Законитоста не значи застапеност и легитимитет и тоа е проблемот што го имаме на север. Затоа, во интерес на Косово, во интерес на сите е да имаме претседатели на општини кои имаат законитост, но и легитимитет и застапеност“, рече Лајчак.
Ескобар истакна дека никогаш немало поголемо единство во евроатлантската заедница – Европската унија, САД, земјите од НАТО, како и сите пријатели на Косово имаат единствен став за надминување на кризата на северот на Косово.