Ерменија и Азербејџан се договорија за взаемно признавање на територијалниот интегритет

Ерменија и Азербејџан се договорија за взаемно признавање на територијалниот интегритет, соопшти денеска ерменскиот премиер Никол Пашинјан.

„Сакам да потврдам дека Ерменија и Азербејџан се договорија за взаемно признавање на територијалниот интегритет и врз основа на тоа можеме да кажеме дека се движиме доста добро кон решавање на нашите односи“, рече тој на проширената средба на Врховниот евроазиски економски совет.

Премиерот се осврна и на прашањето за обезбедување на правата и безбедноста на жителите на Нагорно Карабах „во рамките на меѓународниот механизам“.

„Се надевам дека нормален конструктивен дијалог меѓу Баку и Степанакерт (главниот град на отцепениот регион Нагорно-Карабах) ќе започне наскоро“, рече тој.

Пашинјан на прес-конференција во Ереван во понеделникот рече дека го признава територијалниот интегритет на Азербејџан, кој го вклучува Нагорно Карабах, но под услов - безбедност на ерменското население. /МИА

Граф: Појасни реформи, за повеќе германски инвестиции во Македонија

Родителите не се сигурни дека образованието во Македонија ќе даде резултати кај децата, а комплицираните здравствени проблеми тешко се решаваат.

Заменикот амбасадор на Германија, Ото Граф смета дека ниските плати, здравството, обрзованието и загадувањето ги тера голем број македонци да си одат во странство. Интересот за работа во Германија е голем не само од овде, туку и од целиот регион. Сугерира проблемот со иселувањето да се реши бидејќи има голем број фирми кои сакаат да основаат бизнис овде.

„Доколку имаме некоја покомплицирана болест, овде околностите не се баш така како што посакуваме, од друга страна германските инвеститори велат ова е проблем што може да го решиме, нудат приватно здравство осигурување. / Типичен зимски ден е тешко да се дише овде во Скопје, ова се најважните фактори поради кои си заминуваат во странство.“ изјави Ото Граф, заменик амбасадор на Германија.

Германските фирми кои работат овде, економската состојба не ја оценуваат најдобро. Анкетата спроведена помеѓу нив, покажала дека само 9% очекуваат состојбата да се подобри. Најмногу се пожалиле на високите цени за енергенсите, недостигот на кадар, но и неефикасната администрација. Сепак изјавиле дека повторно би инвестирале овде, а голем процент и би ги зголемиле инвестициите.

„Се уште незадоволни од справувањето со корупцијата и правната сигурност./ 71% од испитаниците сметаат дека еден од ризиците е зголемената цена на енергенсите, но и правната сигурност, политичките рамковни услови кои се дадени со 40% ризик.“ кажа Антје Ванделт, директор на делегација на германско стопанство

Се согласуваат дека платите треба да бидат повисоки во земјава, но тие мора да се заработат. Односно, истовремено со растот да се зголемува и продуктивноста на работниците.

Протест пред Владата на лицата со попреченост, бараат зголемување на додатокот

Да за правда, не за милосрдие.

Лицата со попреченост денеска ја блокираа Илинденска, барајќи од Владата да ги исполни ветувањата за да го запрат животот на маргините.

Некој со кучиња водници, други во колички, некои со стапови за слепи лица се собраа неколку десетици граѓани со попреченост, велејќи дека и собирањето пред влада им претставувало потешкотија, бидејќи како што посочија не постои соодветна пристапност за овие лица ниту по улиците ниту до институции. Велат, нема да отстапат додека барањата не им се исполнат..

-Јас спиев овде 60 дена во шатори, мислејќи дека општеството ќе тргне кон подобро за сите, а не да биде подобро за 120 политичари. Како можат едногласно да си ја качат нивната плата за 78%, а земаат 1000е плата, а граѓаните не добиваат ништо.. Знаете колку чини да се направи една рампа? 10 евра, а тие си ја покачија плата по 700 евра.

Меѓу главните барања се социјалната правда и рамноправност, па велат, како што си ги покачија функционерите платите за речиси 80%, така може да се покачи и додатокот за попреченост, а меѓу барањата им е и поголема инклузивност, бидејќи се чувствуаат целосно запоставени од системот..

-Лажејќи не дека нема пари во буџетот за покачување од 15 %, лажејќи не, ветувајќи на нивните кампањи дека 50% ќе добиеме покачување на додатокот за попреченост, ни тоа не го добивме за да на крај они, во партнерство со нивните уставни судии да си ги покачат нивните плати за 78%, а притоа се декларираме како социјална држава, дека се грижиме за ранливите категории, а уствари не се грижиме за ранливите категории ние овие категории ги третираме како слепо црево во општеството...

Според најавите, како што кажаа, треба да се сретнат со претставници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Собранието каде ќе ги претстават своите барања и ќе инсистираат веднаш тие да бидат применети...

Таравари: Ако не се донесат уставните измени ќе влеземе во изолација како во 2008 година

Ако не се донесат уставните измени ќе влеземе во изолација како во 2008, смета претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари.

Тој сепак очекува да има двотретинско мнозинство.

притисни ентер