Експлозии и пожари во повеќе руски области, на удар и воен камп (ВИДЕО)

Руските телеграмски канали објавија експлозии во регионот Краснодар и во регионите Ростов, Воронеж и Волгоград.

Телеграмскиот канал Астра објави дека се слушнале експлозии во близина на воениот камп во Јејск и дека нападот најверојатно бил извршен со беспилотни летала.

„Луѓето од Јејск и Краснодарскиот регион зборуваат за експлозии што одекнаа во близина на воениот камп, каде што се наоѓа и аеродромот на руската морнарица - 859-от центар за борбена употреба и преквалификација на персоналот за летање на поморската авијација и 190-от мешан авијациски полк за обука на морнарицата “, тврди Астра, пренесува „Украинска правда“.

Експлозии се регистрирани и во Цимлијанск во Ростовската област. Русите претходно објавија дека десетици дронови на украинските вооружени сили се движат кон енергетски и стратешки важни воени објекти во регионите Волгоград, Тамбов, Ориол, Липецк, Тула и Саратов.

Гувернерот на Краснодарската област тврди дека во селото Шабелскоје, соборен дрон удрил во дрво и експлодирал, скршејќи ги прозорците и вратите на блиската куќа и оштетувајќи автомобил. Гувернерот на Ростовската област изјави дека силите за противвоздушна одбрана уништиле четири беспилотни летала во областа Азов.

Гувернерот на Воронежската област извести дека неколку соборени дронови слетале во Воронеж, предизвикувајќи пожари. Локалните жители известија дека слушнале најмалку 10 експлозии. Подоцна, каналите Телеграм објавија повеќе експлозии во Воронеж, како и експлозии и пожари во регионот на Волгоград.

Власта и опозицијата и денеска со обвинувања за евроинтегративниот пат на Македонија

Власта и опозицијата и продолжуваат со меѓусебните обвинувања за европскиот пат на земјава, по одлуката на Европската Унија да ги одвои Македонија и Албанија... 

Експресното одбивање на понудената медијација од унгарскиот премиер Виктор Орбан од страна на официјална Софија, според ВМРО-ДПМНЕ е уште еден доказ дека Бугарија не сака решение на спорот меѓу двете земји , туку дека бара начин за негово продалобчување.

„ Тоа е доказ дека Бугарија не бара решение, туку само начин како да го продлабочи јазот и оправдување за неоснованите блокади. Од македонска страна за првпат по седум години имаме партија на власт и влада која ги брани државните интереси, а не како СДС и ДУИ кои не бираа начин да направат штета на истите, само за да можат да прават криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ за Канал 5. “

Официјална Софија уште пред да слушне што нуди унгарскиот премиер ја отфрли неговата понуда за посредшнитво меѓу двете земји со обраложение дека на Бугарија не и требаат посредници во процесот и дека договорот со Македонија бил јасен.

Во меѓувреме продолжуваат и меѓусебните обвинуввања помеѓу двете најголеми партии од власта и опозицијата за раздвојувањето на Македонија од Албанија на патот кон ЕУ. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Македонија е одвоена од Албанија поради тоа што СДСМ ја потанале државата во криминал. Од СДСМ возвраќаат дека раздвојувањето на Тирана и Скопје на евроинтегративниот пат е резултат на штетното и недржавничко однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

„ Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најдиректно одговорни за тоа што веќе немаме европска перпспектива. Сега, после државниот дебакл што и го приредија на земјата, по раздвојувањето на Албанија од Македонија ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги прави граѓаните жртви на своите политички игри, наведуваат од СДСМ.“

Албанија на 15 октомври ќе го отвори првиот кластер од преговорите со ЕУ, со што и официјално се одвојува од Македонија. Ваквата одлука едногалсно ја донесоа амбасадорите на државите членки на ЕУ на 25 септември. Премиерот Мицкоски одлуката на Брисел ја оцени како многу погрешна порака кон македонските грааѓани, но и покрај тоа проача дека Македонија не се откажува од евроинтеграциите и дека Владата и понатаму ќе остане посветена на внатрешните реформи.

АХВ: Водата во Струмица не е безбедна за употреба

Водата во струмичкиот водоснабдителен систем не е безбедна за употреба поради утврдено зголемено присуство на манган и колиформни бактерии.

Врз основа на добиено известување од струмичкото јавно претпријатие ,,Комуналец,, и од Центарот за јавно здравје – Струмица, дека по извршените лабораториски тестирања утврдено е дека водата во струмичкиот водоснабдителен систем не е безбедна за употреба поради утврдено зголемено присуство на манган и колиформни бактерии, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство ( АХВ) донесе решение со кое ја забрани за употреба водата од овој водоснабдителен систем.

На јавното претпријатие, наложено му е да го информира месното население да не ја користи за пиење водата од градскиот водовод, односно, да обезбеди питка вода за граѓаните, се до обезбедеување на безбедна вода во градскиот водоснабдителен систем.

Агенција за храна и ветеринарство

Министерот Љутков тврди дека во моментов, не се знае во чие владение е Универзалната сала

Во моментов, не се знае во чие владение е Универзалната сала во Скопје откри министерот за култура Зоран Љутков…

Во моментов не се знае во чие владение е универзалната сала во Скопје – вели министерот за култура Зоран Љутков. Според него, преземањето на ингеренциите меѓу министерството за култура и Град Скопје било незаконско, и најави кривични пријави за како што кажа, сите инволвирани во процесот. Тој посочи дека засега состојбата останува статус кво, бидејќи уште со првиот негов потпис ќе сторел кривично дело, па оттаму вели се прават анализи како законски да се постапи и ингеренциите целосно да се вратат кај градот.

„Се работи за незаконско преземање од Град Скопје, кон министерство за култура. Министерство за култура и туризам не може да го гради тој објект. Сега не се знае во чие владение е Универзална сала, така е не се знае, затоа е и стопиран процесот затоа што ние не можеме како министерство за кулутра, како владина институција да финансираме или да градиме објект, локална установа, по закон не можеме да градиме локална установа, по закон не можеме да градиме локална установа.“

Универзална сала е наведена како водечки проект за „Скопје – европска престолнина на културата“ за 2028 година, па стравувањата дали истата ќе добие нов сјај до тогаш остануваат. Министерот Љутков уверува, дека Универзална ќе се реконстурира, но како што налага законот.

„Скопје во 2028 година ќе ја има Универзална сала и тоа ќе ја има на законски и на легален начин, ова што е направено досега е незаконски и нелегално и подлежи на кривични пријави, она што ние ќе го направиме, е ќе го запреме ваквото дивеење и ваквото незаконско работење, ќе ја вратиме постапката и на најтранспарентен и на најлегален начин Скопје ќе биде европска престолнина на културата, со нова Универзална сала и ќе се гордее со таа универзална сала, бидејќи ќе биде изработена законски.“

Преносот на ингеренциите, како што тогаш се тврдеше, се направи на почетокот на годинава по долги меѓусебни обвинувања и преговори, а од министерството за кулутра уверуваа дека реконструкцијата ќе се направи за три години, а беше посочено и дека истата ќе се одвива во две фази, една за фасада и кров, а другата за уредување на внатрешноста, беше распишана и јавна набавка за надзор на втората фаза преку меѓународен тендер. Универзална во меѓувреме беше зафатена и од сериозен пожар поради кој падна куполата.

притисни ентер