ДУИ: Го осудуваме индивидуалниот чин на палење на државното знаме

 Го осудуваме индивидуалниот чин на палење на државното знаме како реакција на несоодветната интервенција на полицијата.

Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме, ден кој има исклучително значење за Албанците во Република Македонија и ширум светот.

Оваа интервенција, наместо да го зачува јавниот ред, предизвика непотребни тензии и создаде клима на конфронтација, нарушувајќи го правото на граѓаните слободно да ја одбележат оваа значајна празнична традиција.

Истовремено, го осудуваме индивидуалниот чин на палење на државното знаме како реакција на несоодветната интервенција на полицијата.

Таквите дела не ги одразуваат вредностите на Албанците ниту пак стремежите за стабилна соживотност и взаемна почит.

Во овој контекст, е неприфатливо и срамно што ВМРО-ДПМНЕ и одредени други политички сили се обидуваат да ги злоупотребат овие инциденти за да изградат лажна нарација која го криминализира секој став на Албанците. Оваа тенденција да се претстават Албанците како носители на криминални агенди претставува напад врз идентитетот и достоинството на Албанците и обид за прикривање на коруптивната агенда на овие структури.

Тие политички сили, кои секојдневно ја држат државата надвор од механизмите за надзор на Европската унија, го ограбуваат државниот буџет и граѓаните преку злоупотреба на институциите за лични придобивки. Обидот да се оттргне вниманието од ваквите скандали преку криминализирање на Албанците е позната тактика која нема да успее.

Албанците во Северна Македонија постојано го покажуваат својот ангажман кон демократските вредности, еднаквоста и меѓуетничката соживотност. Нема да дозволиме нашите легитимни ставови да се користат како параван за политички манипулации или за зачувување на позициите на тие што ги ставаат личните интереси над интересите на граѓаните и државата.

Ги повикуваме институциите да дејствуваат со зрелост, професионалност и непристрасност, без разлика, и обезбедувајќи ги правата на граѓаните слободно да го изразуваат својот идентитет и култура. Воедно, ги повикуваме албанските граѓани, како и сите граѓани на Македонија, да ја задржат смиреноста, достоинството и единството, и да не подлегнуваат на провокации и манипулации на оние кои имаат цел да создадат поделби и дестабилизација.

Демократската унија за интеграција останува посветена на заштитата на правата и интересите на Албанците, придонесувајќи за европска иднина на Република Македонија, каде што правдата, транспарентноста и еднаквоста ќе бидат основни вредности на нашето општество.

Демократска унија за интеграција

Воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја забрзано се проширува, изјави рускиот министер з

Воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја забрзано се проширува, изјави рускиот министер за одбрана во Пјонгјанг.

Рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов пристигна денеска во официјална посета на Северна Кореја.

Во Пјонгјанг тој изјави дека воената соработка меѓу двете земји брзо се проширува, соопшти прес-службата на руското министерство за одбрана.

Посетата се одвива во контекст на зголеменото приближување меѓу Русија и Северна Кореја. Северна Кореја испрати војници во делумно окупираната руска Курска област, што предизвика осуда од Украина, Јужна Кореја и Западот.

„За време на посетата на рускиот министер за одбрана се планирани низа билатерални средби со военото и политичко-военото раководство на Северна Кореја,“ соопшти руското Министерство за одбрана.

Белоусов беше пречекан на меѓународниот аеродром во Пјонгјанг од севернокорејскиот колега Но Гуанг-чол.

Според руското Министерство, договорот за стратешка соработка, потпишан годинава, има за цел да го намали ризикот од војна во Североисточна Азија и да го зачува балансот на силите во регионот.

Коцевски: Ќе продолжам да работам професинално и согласно законите

Ќе продолжам да работам професинално и согласно законите, ако евентуално сум згрешил условите за мое разрешување се содржани во Законот.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на седницата на Советот на јавни обвинители во врска со забелешките за работата на правосудниот систем и конкретно на Обвинителството, како и дали очекува негова смена истакна дека тој ќе продолжи да работи професионално и согласно законите, а доколку евентуално направил грешка, условите за негово разрешување се согласно Законот за јавно обвинителство.

-Ова прашање го имам одговорено и претходно. Јас ќе продолжам да работам најпрофесионално, законито и чесно и се што е во мојата надлежност, што значи дека останатите политички изјави не можам да ги коментирам. Доколку евентуално имам сторено некаква грешка условите се согласно Законот за јавно обвинителство за евентуално разрешување на јавниот обвинител, одговори Коцевски на прашањето дали очекува смена, со оглед на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека го имаат потребното мнозинство, но и дека дава шанса на сите да докажат дека ја работат својата работа.

Коцевски денеска се осврна и на критиките за работата на правосудниот систем, упатени од премиерот, кој пред два дена изјави дека секогаш кога треба да се имплементира правдата, некој добива дијареа, температура или анксиозност и најави „робусна акција“ за справување со корумпираните обвинители и судии.

Државниот обвинител рече дека ова се однесувало на еден случај од пред дваесетина дена, кога, според тоа што го соопштиле тогаш обвинителите се работело за вирус, односно здравствен проблем. Рече дека предметниот обвинител имал вирус и не можел да дојде на закажаниот состанок, истиот се одложил за три до пет дена, а потоа присуствувал и од тогаш до денеска се одржале неколку состаноци со надлежните служби од полицијата за евентуална координација на одредени предмети.

Тој не сакаше да каже за кој предмет станува збор, но рече дека се работи за предмет во надлежност на Основното јавно обвинителство - Скопје. На прашањето за коj обвинител станува збор рече: „се работи за обвинителот што работеше конкретно на предметот и се уште е со предметот и има координација со полицијата неколку пати од тогаш до денес“.

Коцевски изјави дека Обвинителството ќе преземе се што треба, кога до него ќе дојдат процесирани случаи и потсети на изјавата на министерот Панче Тошковски дека ќе бидат проверени 500 поранешни и сегашни функционери за кои што постојат индиции дека приложиле лажни сертификати по англиски јазик.

-Ако се сеќавате на настан, кој го организираше ЗНМ, министерот за внатрешни работи кажа дека има околу 500 фалсификати, што значи тој ја знаеше и бројката, а најверојатно знаел и кои се лицата. Според тоа, МВР има доставено одредени кривични пријави и сега е на потег МВР. Овде не може да се постапува по допрен глас, затоа што тие ги имаат конкретните лица. Така што, доколку има навистина 500-тина чекаме да се процесуираат и Обвинителството ќе преземе се што треба, рече Коцевски.

Во однос на изборот на новиот УО на Академијата за судиии, дали процесот може да се забрза и дали според него изборот на директорот е статутарен, рече дека од денеска Академијата има нов УО и тој таму номинирал јавен обвинител согласно Законот за јавно обвинителство.

- Во однос на тој дел од денеска има нов Управен одбор и од моја страна е номиниран јавен обвинител, согласно Законот за јавно обвинителство да биде член на УО. Во однос на постапката дали била законита или не и во тој дел имав изјава со тоа што во Статутот на Академијата за судии и јавни обвинители не е строго определено начинот на којшто евентуално ќе биде гласањето, што значи дека таму има да не речам нејасна една одредба со тоа што ценам дека гласањето беше јавно, имаше медиуми. За да биде тајно гласањето треба да има посебна постапка, треба да има кутии за гласање, треба да има ливчиња итн., а начинот на гласање УО тогаш донесе одлука да биде така, присуствуваа медиумите. Сега има тужба од страна на еден од кандидатите што не бил избран, Управниот одбор ќе одлучи, рече Коцевски.

Јужна Кореја подигна борбени авиони: Кинески и руски воени авиони влегоа во просторот

Единаесет кинески и руски воени авиони денеска навлегоа во зоната на воздушна одбрана на Јужна Кореја во период од четири часа, што ја натера Јужна Кореја да подигне борбени авиони, соопшти јужнокорејската војска.

Според Здружениот штаб на Јужна Кореја, леталата влегле во зоната еден по друг во период од четири часа, но ја напуштиле без да предизвикаат инциденти или да навлезат во воздушниот простор на земјата.

„Сите авиони беа идентификувани пред да влезат во зоната, а нашите авиони изведоа тактички маневри како одговор“, соопшти Здружениот штаб.

Кинеските и руските авиони во последните години често влегуваа во зоната на воздушна одбрана на Јужна Кореја, а потоа излегуваа без инциденти. Двете земји не ја признаваат зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја.

Зоните на противвоздушна одбрана се воспоставени од многу земји со цел следење и контрола на авионите кои се приближуваат кон нивниот воздушен простор.

притисни ентер