Драма во Србија: Застрелал татко и син поради место на селски паркинг

Жител на селото Мраморак се скарал со соседите за паркинг во село со помалку од 3.000 жители, па ги застрелал.

Како што дознава Телеграф, по расправија денеска околу 12 часот сосед пукал во татко (61) и син (28), а по пукањето влегол во автомобилот и избегал со полна брзина. Полицијата веднаш го блокирала селото и започнала потера. Напаѓачот набрзо бил уапсен. Во автомобилот имал и друго оружје, покрај пиштолот од кој пукал. Тој пиштол, како што дознаваме, бил во легална сопственост.

Таткото и синот се надвор од животна опасност.

Селото Мраморак е мирно банатско село кое не е познато по насилни конфликти. Се наоѓа помеѓу Панчево и Ковин.

Хамас: Израелска заложничка загина во нападот на ИДФ, уште една е во критична состојба

Вооруженото крило на Хамас соопшти дека израелска заложничка загинала во северниот дел на Газа, откако областа била нападната од израелските одбранбени сили.

„По обновувањето на контактот со борците на отпорот одговорни за заштита на израелските затвореници, потврдено е дека израелска затвореничка е убиена од силното израелско бомбардирање во северниот дел на Газа“, изјави портпаролот на Хамас.

Портпаролот на бригадата Ал Касам, Абу Обаида додаде: „Уште една заложничка е критично“.

Тој рече дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговата влада и воените лидери „ја сносат целосната одговорност за животите на заложниците“.

„Тие се оние кои инсистираат да им ги нанесат нивните страдања и смрт“, додаде тој.

ИДФ допрва треба да ги коментира овие тврдења.

Инаку, се верува дека во Газа се уште има 101 израелски заложник, кои Нетанјаху вети дека ќе ги лоцира.

Општина Битола со повеќе интервенции по вчерашното невреме

Стручни екипи од Општина Битола, заедно со претставници на приватните фирми со кои општината има склучено договори за градежно – занаетчиски работи, во текот на денешниот ден, извршија увид во неколку основни и средни училишта.

Стручни екипи од Општина Битола, заедно со претставници на приватните фирми со кои општината има склучено договори за градежно – занаетчиски работи, во текот на денешниот ден, извршија увид во неколку основни и средни училишта, од каде беа пријавени штети после вчерашното невреме, предизвикано од силниот ветер. Во основните училишта „Коле Канински“ и „Свети Климент Охридски и средните Гимназија „Јосип Броз Тито“, економското училиште „Јане Сандански’ и медицинското училиште „Д-р Јован Калаузи“, констатирана е состојбата, како и потребата од итна интервенција, така што од понеделник, во сите наведени училишта ќе се работи на санација на штетите.

Дополнително, екипите на ЈП Комуналец, постојано се на терен и работат на расчистување на просторот од паднатите 15 дрвја. Сообраќајот е нормализиран, а екипите ќе продолжат со работа до целосно расчистување.

Во текот на ноќта дополнително интервенираше и ТППЕ Битола на локации каде што имаше паднати дрвја и кровови, како и екипи на КЈП „Нискоградба“, но и ЈКП „Водовод“ кои работеа на нормализирање на водоснабдувањето во делови од градот.

Во комуникација со ЕВН Електродистрибуција Битола, градоначалникот Тони Коњановски, утрово беше информиран дека екипите со сите нивни подизведувачи работат на отклонување на дефектите на надземната среднонапонска и нисконапонска мрежа, што дополнително беше отежнато и со паднати столбови за дистрибуција на електрична енергија. Се очекува денес, а најдоцна утре, целата мрежа да се врати во нормала, се наведува во соопштението.

Тифа се огласи за здравствената состојба, по гласините дека има мозочен удар и едвај зборува

Познатиот пејач Младен Војичиќ Тифа е бесен поради гласините дека имал мозочен удар.

Тифа реагираше на гласините и објасни какви здравствени проблеми има, пренесе Телеграф.

- За сите душегрижници, не доживеав мозочен удар, ниту ми беше одземена левата страна, ниту пак поради алкохолот веќе трпам страшни болки во рбетот. Истото им го посакувам на сите што пишуваат така – изјавил пејачот.

Тифа, кој е на пат за Виена, огорчено реагираше на сѐ и изјави за Репорт:

- Нека ми се н **** на к****. Сè што ми посакуваат мене, јас им посакувам на нив - бесно рече тој.

Музичката легенда веќе подолго време има проблеми со грбот, но тоа на Тифа не му пречи на кариерата. Редовно настапува на големата славеничка турнеја на „Било дугме“ каде публиката го пречекува со ентузијазам.

притисни ентер