Дневен хороскоп за 29. септември 2024 година

Дневен хороскоп за недела, 29. септември 2024 година. 

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Во големите и во малите љубовни амбиции ќе се водите од својот внатрешен глас и ќе го постигнете посакуваното.

Кариера

Наеднаш би можела да се појави можност за деловна соработка со пријатели .Станува збор за работа поврзана со естетика.

Здравје и совет

Можен е преубав сон.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои од вашите соработници би можел денеска да ви го покаже своето нежно лице или чувства кон вас.

Кариера

Може да се каже дека ова ден за убави намери , искрени деловни мислења и добра соработка доколку не ги форсирате работите.

Здравје и совет

И натаму одмарајте се редовно.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Без оглед што вовашиот сегашен однос недостига емотивност , ќе успеете на паметен начин да ја подобрите вашата врска.

Кариера

Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние работи на кои сте навикнати , ќе ви причинуваат извесна тешкотија.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Пред вас е ден во кој ќе се мешаат пријатни ситуации нешто сосем неочекувано , што спаѓа во фантазирање. Балансирајте.

Кариера

Ако сте решени да делувате од сенка , денеска е ден во кој на таков начин може да постигнете завидни успеси.

Здравје и совет

Чудни сништа ќе ве збунат.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете разиграни и подготвени за палавости.Доколку вклучите и хумор , ќе направите добра забава.

Кариера

Денеска ќе ви стане јасно колкав е капацитетот на она што ви се случува. Ќе нема крај.

Здравје и совет

Подобрување.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денешниот ден ќе ве поттикне веројатно на многу добри дела и попустливост кон партнерот.

Кариера

Секогаш сте го ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара прецизност во рацете.

Здравје и совет

Ќе бидете здрави и исполнети со среќа.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Влегувате во подобар љубовен период.Ќе забележите според се подобриот однос со партнерот или со блиските луѓе воопшто.

Кариера

Не ги форсирајте своите ставови дури и кога сте во право.Попаметно е да почекате додека и на другите им стане јасно.

Здравје и совет

Чувајте си го грлото.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Оние кои не се сигурни како да се однесуваат со саканата личност , нека го прашаат најдобриот пријател/ка за совет.

Кариера

Иако вашите заслуги се видливи , не се толку стабилни , па сепак денеска може да се повикате на нив и да продолжите понатаму.

Здравје и совет

Успешно се справувате со нервозата.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Многумина денеска ќе откријат што значи да се биде целосно среќен. Не само што ќе сакате и ќе бидете сакани , туку тоа ќе го раширите и на околината.

Кариера

Следува успешна соработка со лица кои се духовити , забавни , млади и креативни. Истото важи и за таквите работи.

Здравје и совет

Сосема сте здрави.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска ќе се покажат вашите скриени чувства .Ќе бидете малку збунети , но и ќе ви биде пријатно.

Кариера

Се чини како да ви се отвораат некои нови деловни можности за кои до сега не сте биле свесни. Размислете на мира за нив.

Здравје и совет

Никаде не треба да брзате.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Како што ќе минува денот , ќе забележувате дека вапиот приватен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа.

Кариера

Ќе ги занемарите мислите за работата , зашто денеска ќе ви донесе денот убави искуства во други области.

Здравје и совет

Ќе ви недостига сила , штедете се.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и партнерот, денеска ќе се однесувате доста неурамнотежено.

Кариера

Додека размислувате за работата , се појасно е дека пред вас се отвора пат за нови успеси и напредувања.

Здравје и совет

Потребен ви е одмор.

Анкета: Криминалот и корупцијата најголем проблем во државата, ВМРО-ДПМНЕ со зголемена доверба

Најголем дел од граѓаните се согласуваат дека најважен проблем во државата се криминалот и корупцијата, додека втор најважен проблем се инфлацијата, растoт на цените и трошоците за живот. 

Oва се дел од резултатите на истражувањето на јавното мислење кое за МКД.мк го спроведе агенцијата Маркет вижн од 16 до 25 септември на 1.200 испитаници. Анкетата покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и натаму е партијата со најголема доверба кај граѓаните.

Граѓаните на Македонија сметаат дека најголем проблем во државата се криминалот и корупцијата. Следува инфлацијата, растот на цените и трошоците за живот. Испитаниците одговорија дека за нив проблем се и невработеноста, ниските пензии и плати, проблемите во здравството, емиграцијата, образованието…

Споредено со резултатите од истражувањето спроведено во март 2024, перцепцијата на јавноста за корупцијата и криминалот како најважен проблем во земјата се намалува, додека во фокус останува инфлацијата, растот на цените и трошоците за живот.

На прашањето за предложената мерка од премиерот за распуштање на Судскиот совет за подобрување на правосудниот систем, позитивно одговориле 43,2 отсто од граѓаните, а за 33,4 отсто од испитаниците тоа е негативна мерка.

Најголем дел од граѓаните знаат кој е новиот лидер на СДСМ, додека 28,8% е изјасниле дека не знаат. Процентот на оние што не знаат е поголем кај испитаниците од албанска националност.

На прашањето за која партија би гласале на парламентарни избори, доколку истите би се одржале утре, најголем дел од одговорите на оние кои рекле дека ќе гласаат, речиси половина, се однесуваат на партијата ВМРО ДПМНЕ. Коалицијата Вреди исто така е во пораст споредено со парламентарните избори, ДУИ стагнира, а СДСМ е со голем пад.

Анкетирањето беше спроведено од 16 до 25 септември 2024 година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници, односно со интервал на доверба од 95% и маргина на грешка +-3%.

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност согласно податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Инженерите на Фероинвест и Брако со стручни трудови на јубилејот на Институтот по Мехатроника

Мехатронички решенија за управување со мали хидроелектрани, со електрични возила и со батериски системи, беа темите на кои инженерите на Фероинвест и Брако ги изложија последните достигнувања .

Мехатронички решенија за управување со мали хидроелектрани, со електрични возила и со батериски системи, беа темите на кои инженерите на Фероинвест и Брако ги изложија последните достигнувања од инженерското работење на компанијата на настанот RE-MEMBER 2024, во организација на Машинскиот факултет во Скопје, со кој се одбележуваат 20 години од воведувањето на струдиската програма Мехатроника.

Инженер Војдан Андонов говореше за примената на PLC (програмабилен логички управувач) во управувањето на батериските системи за складирање на електрична енергија, што претставува последниот производ на Фероинвест, на кој компанијата работеше две години и кој претставува решение за вишокот електрична енергија произведена од фотоволтаици.

Инженер Филип Ташевски ги изнесе системите и управувањето на најновото електрично возило за чистење на Грин Машинс на Брако, моделот GM720ze, кое исто така е развивано во последните две години и е во постапка на сертификација од страна на германскиот институт ТУВ. Возилото има управување на сите четири тркала, како и други напредни решенија, и се очекува да предизвика значаен импакт на пазарите каде се бараат модерни и незагадувачки технологии.

Инженер Филип Андрески изложи стручна презентација за значењето на автоматизацијата при управување и мониторинг на малите хидроелектрани преку SCADA систем. Фероинвест е лидер во изградбата и одржување на мали хидроелектрани кај нас, а изведува проекти и за клиенти во други држави.

Фероинвест и Брако имаат континуирана стручна соработка со Машинскиот факултет во Скопје, работејќи на проекти за поддршка и развој, и на факултетот и на производните процеси во компанијата, соопштуваат од компанијата.

Тешки навреди од Трамп: Ги нарече Бајден и Камала Харис „ментални инвалиди“(ВИДЕО)

Претседателскиот кандидат на Републиканската партија Доналд Трамп во Висконсин го одржа еден од најострите говори против имигрантите кои илегално ја преминале американската граница и извршиле злосторства.

Претседателскиот кандидат на Републиканската партија Доналд Трамп во Висконсин го одржа еден од најострите говори против имигрантите кои илегално ја преминале американската граница и извршиле злосторства, а неговата противкандидатка, демократката Камала Харис ја нарече „ментално хендикепирана“, пренесоа американските медиуми.

Трамп, кој, како што пишува „Вашингтон Пост“, често ги доведувал во прашање менталните способности на американскиот претседател Џо Бајден, на предизборен митинг во Висконсин изјавил дека „Џо Бајден станал ментално хендикепиран, а Камала е родена таква“.

Тој ја обвини Харис, која ја посети американско-мексиканската граница во петокот, дека некои мигранти извршиле злосторства откако илегално влегле во САД, тврдејќи дека таа е одговорна за „бришењето на границата на САД“, пренесува АП.

„Ќе го ослободам Висконсин од масовна мигрантска инвазија. Ќе ја ослободиме земјата“, изјави поранешниот американски претседател.

Трамп изрази надеж дека фрустрацијата поради илегалната имиграција ќе донесе гласови во Висконсин и другите клучни држави, ги осуди луѓето што ја минуваат границата меѓу САД и Мексико како „отров за крвта на земјата“ и вети дека ќе изврши најголема можна депортација доколку биде избран.

За време на својот говор, републиканскиот претседателски кандидат беше опкружен со плакати на кои беа прикажани илегални имигранти уапсени за убиства и други насилни злосторства и транспаренти на кои пишуваше „Стоп за имигрантскиот криминал“ и „Депортирајте ги илегалците сега“.

Според официјалните податоци на американската влада, околу седум милиони мигранти биле фатени како илегално ја минуваат американско-мексиканската граница за време на администрацијата на Бајден, што е рекордно висок број што ги поттикна критиките на Трамп и републиканците против Харис и Бајден.

Сарафина Читика, портпаролка на Камала Харис, по говорот на Трамп рече дека „тој нема ништо инспиративно да му понуди на американскиот народ, само темнина“.

притисни ентер