Дневен хороскоп за 21. декември 2024 година

Дневен хороскоп за сабота, 21. декември 2024 година. 

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денеска веројатно ќе ве окупира пријател или пријателка , која ќе ве поттикне на нова фаза на личните односи.

Кариера

Оние кои имаат таква работа , на која се во движење , денеска ќе уживаат во секој момент. Другите ќе имаат потреба за движење и за зајакнување на контактите.

Здравје и совет

Поинтересни сте од повеќето. Искористете го тоа.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Некои би можеле да склопат познанство со личност која е постара од нив. Ќе ви упати конструктивна критика.

Кариера

Чувствувате дека во вас расте плима од амбиции и дека можете се повеќе и подобро. Затоа знаете дека резултатите нема да изостанат.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Непобитен факт е дека сте голем заводник/заводничка и денеска повторно ќес е покажете на дело. Ќе бидете задоволни.

Кариера

Она поради што неодамна се расправавте , денеска ќе биде ставено во втор план. Ќе продолжите да работите како да не било ништо.

Здравје и совет

Ќе бидете заплеткани во големо друштво.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Доколку не сте задоволни од состојбата , денот е добар за привремено повлекување во самотија.

Кариера

Можни се мали проблеми со младите лица на работното место. Тие ќе очекуваат нешто друго од реалноста , а некои ќе покажуваат размазеност.

Здравје и совет

Ќе дојдат вашите пет минути.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Се што ќе се случува денеска , ќе ви носи само немир , фрустрации и нови прашања. Обидете се да останете мирни и трпеливи.

Кариера

Веројатен е трошок , на кој не сте сметале ни вие ниту вашите соработници. Ќе се снаоѓате некако со моментално решение.

Здравје и совет

Бидете горди на своите дела.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Скриено или отворено , вие ќе настојувате да дојдете до љубов. Во тоа ќе ви помогнат блиски луѓе , на кои секогаш може да сметате.

Кариера

Кога станува збор за деловни контакти и договори ,. ќе бидете многу успешни на сосема неочекуван начин.

Здравје и совет

Проширете си ги хоризонтите.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Пријатни сте за околината , ве ценат и сакаат , зрачите со самодоверба. Сите тие се добитни комбинации за љубов.

Кариера

Пари и комуникации ќе бидат главно обележје на денот. Главно добро ќе се снаоѓате.

Здравје и совет

Чувајте се од провев.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Навиката е работа што може да биде добра или лоша. Немојте да се навикнувате на осаменоста , зашто овој период набргу ќе помине.

Кариера

Денеска би можело да се случи оној ,,клик” , кога сите работи си доаѓаат на своето место.

Здравје и совет

Во одлична форма сте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе верувате дека сте на добар пат , но вашите реакции ќе бидат нагли и непромислени. Контролирајте се и се ќе биде добро.

Кариера

По прашање на стручноста ќе нема никакви колебања и вие ќе делуварте професионално според вашите знаења.

Здравје и совет

Понекогаш сте премногу сигурни во себе.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ако се обидете да најдете една стара тема во односот со саканата личност, таа малку ќе ве вознемири , но врската и натаму ви е добра.

Кариера

Цело време нешто ве принудува да одите некаде , но од својата кожа не се може. Истото важи и за работните задачи кои ви се дадени.

Здравје и совет

Продолжете.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Можна е заедничка вечера , на која по кој знае кој пат ќе почуствувате дека љубовта оди низ желудникот. Ќе ви биде убаво.

Кариера

Се што ќе работите денеска , ќе содржи јасна порака дека вашето влијание е неприкосновено. Со задоволство ќе соработуваат.

Здравје и совет

Со сите сили почнете да штедите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

И натаму ќе работите на зацврстување на својата врска и во уживање во неа. Другата страна ќе ви враќа со љубов и тука е среќата.

Кариера

Меѓу работата и љубовта , ќе ги изберете и двете. Денеска е таков ден што ќе споите едно со друго. Можно е доаѓање на партнерот на вашето работно место.

Здравје и совет

Свртете се кон интроспекција.

Нов бокс меч Усик – Фјури, боксерите ќе поделат фантастични 182 милиони евра

Најдобрите светски боксери во тешка категорија Украинецот Олександр Усик и Тајсон Фјури вечерва во Ријад ќе се борат за три од четирите главни светски шампионски појаси.

Во првиот меч Украинецот по судиска одлука го совлада Британецот и стана апсолутен светски шампион. Во меѓувреме ја загуби титулата на ИБФ поради посебни правила на организацијата, па тој појас нема да го добие победникот од оваа борба.

Покрај за престиж во рингот боксерите вечерва ќе се борат ои за милиони евра.

Ривалите ќе поделат награда од 182 милиони евра, објави „Индепендент“. Тоа значи дека наградниот фонд е за 40 милиони евра поголем од нивната прва борба. Договорот тогаш беше Фјури да добие повеќе од 95 милиони евра, а остатокот му припадна на Усик.

Усик овој пат ќе добие поголем дел од „колачот“, но на Фјури поважно му е да ја врати почитта и загубените титули.

Усик во мечот влегува со 102,5 килограми, додека Фјури тежи дури 25 килограми. Фјури со 127,5 килограми ќе влезе во оваа борба најтешка досега. Досега неговиот рекорд беше 125 килограми, во борба со Френсис Нгану. Фјури најави такво нешто бидејќи истакна дека на првиот меч, кој Усик го доби, тактиката му била погрешна. Фјури во таа борба влезе со 119 килограми. Сега најави дека ќе го „бомбардира“ Украинецот со тешки удари од стартот во мечот за титулите во тешка категорија на ВБА, ВБО и ИБО.

Сообраќајот се одвива тековно во зимски услови, наместа со остаоци од кашест снег

 Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози додека наместа и со остатоци од кашест снег на коловозот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба и оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Тошковски за Денот на настава на турски јазик: Македонскиот и турскиот народ се блиски народи

 Македонскиот и турскиот народ се два блиски народи кои соработуваат и се почитуваат на сите полиња

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на свечената манифестација по повод 21 Декември - Ден на наставата на турски јазик во организација на Сојузот на турски невладини организации во Македонија, на која присуствуваше и претседателот на Големото народно собрание на Република Турција Нуман Куртулмуш.

Тошковски, како што информираат од МВР, во своето обраќање истакнал дека во богатиот спектар на ова наше македонско тло, на нашата убава Македонија, турската етничка заедница претставува врзовно ткиво, длабоко фундирано во културниот, историскиот и општествен развој на нашата држава.

-Таа позиција изградена со силната лојалност и добронамерност, со солидарност и уважување на сограѓаните, заслужува највисок можен респект. Македонскиот и турскиот народ се два блиски народи кои соработуваат и се почитуваат на сите полиња, од културно до технолошко. Оттаму, денешното наше заедничко чествување на Денот на настава на турски јазик, треба да се сфати како одбележување на датум што ја надминува сопствената симболика, како празник кој што безрезервно го заслужува пиететот, почитта и искреното уважување од сите наши граѓани, подвлече Тоошковски.

Тошковски, се вели во соопштението, го честиташе денешниот празник, Денот на настава на турски јазик, со уверување дека исто како и нашите претходници и ние сегашните генерации ќе им оставиме на оние што ќе дојдат по нас наследство изградено од цврсто заедништво, меѓусебно почитување и партнерство, како темелни вредности на заедничкиот натамошен опстој.

притисни ентер