Децата на Ѓоковиќ синоќа на трибините: Се надевам дека учителката нема да прави проблем (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Завршниот турнир во Торино го победи Карлос Алкараз, вториот тенисер во светот, а поддршка од трибините му дадоа неговите деца, ќерката Тара и синот Стефан.

Ѓоковиќ во неколку наврати потенцираше дека игра подобро кога неговите деца се присутни на натпреварите, а на почетокот на неделава најави дека Тара и Стефан ќе дојдат во Торино. Сепак, ова претставува мал проблем бидејќи Тара и Стефан го пропуштија училиштето, па токму тоа го објави Ѓоковиќ по натпреварот.

"Моите деца беа таму, вечерва ми донесоа среќа и самодоверба. Среќен сум што беа тука, два дена не одеа на училиште. Се надевам дека ќе немаме проблем со учителката поради тоа. Одлично е што ја завршив работата во два сета“, низ смеа изјави Ѓоковиќ.

Конечно и во Македонија се прават хируршки интервензии за пациенти со тешка сколиоза

60 годишна пациентка со кифоза на р’бетниот стлоб, каде цела била превиткана со горниот дел од телото кон земја по направента интервенција на клиниката за трауматологија има целосно исправен р’бетен столб. 

Станува збор за интервенција каде преку минимален рез е направено исправување и фиксација. Доктор Игор Мерџаноски раководител од клиниката за трауматологија од големо значење е едукацијата од нивните колеги од Турција предводен од проф. Уфук Ајдинли во делот на операции на тешки сколиози и овие пациенти не заминуваат во странство а буџетот од ФЗОМ останува за клиниката.

„Се прави многу мал рез и се прави целата процедура целата опрема што ја имаме е по стандарди како и сите земји што работат интервенции на р’бетниот столб. Пациентите си одат дома во една добар општа состојба“, вели Д-р Игор Мерџаноски раководител на Клиника за трауматологија.

Според Мерџановски голем дел од спондилозите се вродени но дел од нив се добиени и кај децата и кај возрасните.

„Епидемија на проблеми со р’бетниот столб имаат возрасните заради седење, не движење. Дел од нив имаат и хирушки интервенции бидејќи станува збор за големи болки и трнење во рацете и нозете“, објаснува д-р Игор Мерџаноски раководител на Клиника за трауматологија..

Во спиналниот центар на Клиниката за трауматологија за една недела биле направени четири операции на р’бетен столб кај деца со сколиоза кои што биле на листата за упатување во странство.

Јаневска: Оптимизацијата на училишната мрежа значи подобро образование за учениците

Оптимизацијата на училишната мрежа ќе им овозможи подобро образование на учениците и со неа сите добиваат – старите училишни згради ќе може да се пренаменат за потребите на средината.

Оптимизацијата на училишната мрежа ќе им овозможи подобро образование на учениците и со неа сите добиваат – старите училишни згради ќе може да се пренаменат за потребите на средината а наставниците ќе можат да добијат друг ангажман и да останат функционални, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на прашање при посетата на средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ во Битола.

„Не значи дека учениците ќе останат без образование ако затвориме училиште, ниту значи дека наставниците нема да бидат искористени во образовниот процес. Праќам порака до родителите дека превозот ќе биде организиран, децата ќе им бидат во поголема средина, каде ќе стекнуваат животни видувања, знаења и компетенции во помодерно училиште. Ќе видат смарт-табла, ќе видат различни наставници, ќе има со кого да се натпреваруваат. Ако во една рурална средина има комбинирана паралелка од пет ученици, не можеме да очекуваме резултат. Затоа велиме – децата ќе ги однесеме во соодветните класови во посовремено училиште, кадешто ќе добијат соодветно знаење, кадешто ќе останат подолго во училиште, за да можат да се приближат со знаењата на учениците од ЕУ“, рече Јаневска.

Во однос на наставниците, министерката појасни дека за нив се подготвува нов закон, што очекува да се донесе во текот на првите три месеци од следната година.

„Имаме вишок наставници во државата и тоа мора јавно да се каже. До скоро велев 3.000 но таа бројка расте, затоа што луѓето се иселуваат. Заедно со родителите си одат и младите. Наставникот треба да биде функционален. Затоа, ќе ги задржиме децата подолго во училиште, од 8 до 16 часот. Од прво до петто одделение во целодневна настава, што значи едно одделение со две наставнички. За повисоките класови, од 6. до 9. одделение, по завршувањето на редовните часови ќе има други наставни и воннаставни активности и општествено-корисна работа. Ова се спроведува во Европа и е многу значајно – децата да стекнат реални сознанија каков е животот надвор од училиштето и од семејството, да стекнат емпатија, да стекнат животни вештини, за што ќе бидат ангажирани дел од наставниците“, посочи Јаневска.

Рече дека дел од наставниците ќе може да се ангажираат со децата со посебни образовни потреби, за кои има недостаток на образовни асистенти.

„Има непополнети места во мрежата на просветни инспектори. Исто така, Државниот испитен центар работи со минимални капацитети, Бирото за развој на образованието во изминатите години ја изгуби својата базична улога, да ги советува и обучува наставниците, таму секако ќе требаат искусни и квалитетни наставници кои ќе ги подучуваат младите. Има многу можности каде можеме да им најдеме функција на наставниците, и тоа ќе го правиме“, рече министерката.

Укажа дека во поголемите градови има проблем за едносменска и целодневна настава затоа што нема соодветна инфраструктура, како на пример во Битола, каде можеби ќе треба да се изградат уште едно до две училишта, а таков пример е и Скопје, каде треба да се доградуваат училници и нови училишта. Додаде дека не може инфраструктурните проблеми да се решат за кусо време, но колку повеќе деца и млади почнат да учат во подобри услови, толку поголем ќе биде успехот на државата, а тоа значи и толку повеќе задоволни ученици, родители и наставници.

Министерство за образование и наука

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово - Гостивар

Пред да започнеме со изградба на aвтопатот Тетово – Гостивар, изведувачот најпрво ќе изгради алтернативен пат за да не се случи населените места долж автопатот па и одредени општини да останат отсечени.

Пред да започнеме со изградба на aвтопатот Тетово – Гостивар, изведувачот најпрво ќе изгради алтернативен пат за да не се случи населените места долж автопатот па и одредени општини да останат отсечени, истакна вицепемиерот и министерот за транспорт Александар Николоски.

Динамиката на терен е засилена, потенцираше вицепремиерот Николоски, се работи на експропријацијата, а планот е прво да се градат нови мостови, па потоа да се рушат старите мостови. Трасата е изместена поради изградбата на цевководот за наводување на Полошкиот регион.

“Ако ги срушиме мостовите тоа ќе биде сериозeн проблем за жителите бидејќи цели села и општнини, на пример Брвеница па и Гостивар ќе останат отсечени. Затоа со Изведувачот се договоривме прво да се работи на алтернативниот пат па потоа да се гради мост по мост и тоа прво да се изгради нов мост па да се руши стар мост. Исто така експропријацијата и таму ни излезе како проблем бидејќи таму не се претпоставувало изградба на цевковод за наводнување на Полог. Прво мораме да ја измениме трасата а тоа подразбира нова експрипријација и очекувам дека до март следната година ќе ја завршиме експропријацијата”- истакна министерот Николоски.

Во однос на трасата Гостивар Букојчани, министерот потенцираше дека очекувано е да се заврши во рок од три години односно до крај на 2027 година, а за следната година во буџетот предвидени се околу 8 милијарди денари за изградба на автопатите на Коридор 8 и 10д.

Министерство за транспорт

притисни ентер