Бројот на ноќевања на туристи во земјите од ЕУ се зголеми во вториот квартал од годинава

Во туристичките сместувачки капацитети во земјите од Европската унија во вториот квартал од годинава се регистрирани 780,1 милион ноќевања, што претставува благ пораст од 0,2 отсто во однос на истиот квартал лани, објави денеска Евростат.

Гледано по месеци, во април се регистрирани 193,6 милиони ноќевања, 8,7 отсто помалку на годишно ниво, а во мај 272,1 милиони ноќевања, односно 7,9 отсто повеќе од мај минатата година.

Во јуни во ЕУ се регистрирани 314,5 милиони ноќевања, за 0,1 отсто помалку од лани.

Странските посетители сочинуваат приближно половина, или 49 отсто, од сите туристички ноќевања во земјите на ЕУ во вториот квартал од 2024 година.

Најголем удел на странски туристи во бројот на ноќевања на почетокот на годината е забележан на Кипар 94,8 отсто, на Малта 94,7 отсто и во Хрватска 91 отсто.

За разлика од нив, најмал удел на странски туристи во вкупниот број ноќевања има во Полска 18,2 отсто, Германија 18,7 отсто и Романија 19,6 отсто./МИА

Демант на објавен лажен оглас за продажба на Канал 5 ТВ

Во денешниот број на весникот “Слободен Печат” се појави лажен оглас за продажба на нашата телевизија…

Во огласот , кој за жал не беше проверен од колегите од “Слободен Печат” , одредено лице со лажно претставување како сопственик на Канал 5 ТВ , ја доведе во заблуда јавноста и ни направи сериозна штета.

Поради овој непромислен потег на тоа лице, нашата компанија ќе поднесе кривична пријава до ЈО Скопје со цел спречување на евентуални дополнителни кривично правни настани.

Во Скопје, 27.09.2024

Канал 5 Телевизија

Невреме во Флорида: Маж во кајак се вози низ дневната соба (ВИДЕО)

Ураганот Хелена, од четврта категорија, еден од најсилните во овој век, ја погоди Флорида, а засега се знае дека има шестмина загинати.

Со оглед на тоа што водата навлегла во многу домови и ги остави жителите без место за живеење, некои граѓани мораа да бидат снаодливи.

Имено, жител на Флорида за Си-Ен-Ен изјави дека сметал дека невремето нема да биде сериозно. Така барем му изгледало на почетокот...

„Бурата започна прилично бавно, но бидејќи живеам во близина на вода, одеднаш почна да се крева и водата влегуваше“, рече Хелер.

Тој на социјалните мрежи сподели видео на кое се движи низ дневната соба на виолетов кајак, додека околу него лебдат растенија и мебел.

@mattfromhornblasters.com

Hurricane Helen Tampa Florida Matt Heller from Hornblasters.com house flooding

♬ Storm Coming - Once Monsters

"Тоа беше мојот план ако работите тргнат наопаку. Имаме два кајака. Не очекував дека ќе ми требаат во дневната соба", додаде тој.

Тој додаде дека во минатото имал поплави дома, но дека ова е најголемата досега.

Подоцна, тој дури се пошегува дека е типичен човек од Флорида кој издржал многу бури во текот на својот живот.

@mattfromhornblasters.com #LIVEhighlights #TikTokLIVE #LIVE ♬ original sound - Matthew Heller

Застрелан е поранешен репрезентативец на Турција- снимката е како од мафијашки филм (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Фенербахче и поранешен турски репрезентативец, Серхат Акин, кој сега работи како коментатор на турската телевизија, е застрелан во Истанбул по натпреварот Фенербахче – Ројал Јунион, откако ја напушти зградата на телевизијата.

Самиот Аткин објави фотографија од крваво стапало, каде ја откри шокантната информација дека маскирани напаѓачи пукале во него.

Турските медиуми објавија и снимки од безбедносните камери, на кои може да се види како пукаат во Аткин.

Напаѓачот му пришол додека Аткин се приближувал кон автомобилот во придружба на друг маж.Потоа извадил пиштол и пукал, по што очигледно го погодил поранешниот фудбалер во стапалото.

Тој и неговиот пријател веднаш се сокриле зад автомобилот, а кога виделе дека напаѓачот побегнал, дошле да му помогнат на ранетиот Аткин.

притисни ентер