Британскиот парламент го изгласа законот за евтаназија- има строги правила

Парламентот во Велика Британија денеска гласаше за нов закон со кој ќе се легализира потпомогнатото умирање.

Законот се однесува на терминално болните луѓе кои сакаат да стават крај на својот живот со помош на медицински персонал и под строги услови, пренесува Би-Би-Си.

По дискусијата во Долниот дом на Парламентот, која траеше пет часа, „за“ законот гласаа 330 пратеници, а „против“ 275.

Лабуристичката пратеничка Ким Ледбетер, која го претстави нацрт-законот, рече дека очекува процесот да потрае најмалку уште шест месеци пред конечно да биде усвоен законот.

Лидерот на Хезболах во телевизиско обраќање прогласи победа над Израел

Лидерот на либанскиот Хезболах, Наим Касем, денеска изјави дека движењето постигнало „голема победа“, во неговиот прв говор по стапувањето на сила на прекинот на огнот со Израел во Либан.

„Победивме затоа што го спречивме непријателот да го уништи Хезболах, да го уништи движењето на отпорот или да го ослабне“, рече Касем во телевизиско обраќање, нагласувајќи дека „непријателот не успеа да ги постигне своите цели“.

Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах стапи на сила во Либан во средата, по повеќе од една година прекугранични непријателства и два месеци отворена војна меѓу израелската војска и либанското вооружено движење поддржано од Иран.

Војната остави речиси 4.000 мртви на либанска страна, раселени речиси 900.000 луѓе според ОН и нанесе големи загуби на Хезболах. Касем, кој го наследи Хасан Насрала, кој беше убиен на 27 септември во израелски напад, вети дека ќе соработува со либанската армија, која е задолжена за спроведување на договорот за прекин на огнот.

Под покровителство на САД и Франција, договорот за прекин на огнот предвидува повлекување на израелската армија од Либан во рок од 60 дена. Хезболах мора да се повлече на околу 30 километри од границата и да ја растури својата воена инфраструктура на југ, каде што ќе бидат распоредени само либанската армија и мировниците.

Албанец е снимен како ја крши таблата на српскиот конзулат во Куманово, полицијата го бара

Млад човек завиен во албанско знаме, вчера на прославата на Денот на албанското знаме во Куманово, од фасадата на Конзулатот на Република Србија во Куманово, во доцните вечерни часови насилно ја отстранил таблата со грб на Република Србија.

Млад човек завиен во албанско знаме, вчера на прославата на Денот на албанското знаме во Куманово, од фасадата на Конзулатот на Република Србија во Куманово, во доцните вечерни часови насилно ја отстранил таблата со грб на Република Србија и натпис „Конзулат на Република Србија во Куманово - почесен конзул“, напишан на српски и на македонски јазик, објави Телеграф.

Воедно, Амбасадата на Република Србија во Скопје изразува длабока загриженост во врска со вчерашното сквернавење на државните симболи на Република Србија и загрозувањето на безбедноста на просториите на Конзулатот на Република Србија во Куманово, особено имајќи го предвид фактот дека просториите на дипломатско-конзуларните претставништва и станбените згради наменети за членовите на дипломатскиот персонал на Република Србија, не се првпат предмет на вандализам во земјата.

Српската амбасада објави видео од надзорните камери на кое се гледа како млад човек ја крши таблата од зградата на Конзулатот.

Во оваа насока, Амбасадата посочува дека е целосно посветена на соработка со надлежните органи на Македонија, со цел што поскоро откривање и гонење на сторителот на насилниот чин, чиј идентитет, велат, може недвосмислено да се утврди врз основа на достапните снимки од безбедносните камери.

Амбасадата нагласува дека останува посветена на негување пријателски односи со Македонија и изразува уверување дека надлежните органи на земјата домаќин, во духот на развиените билатерални односи и добрососедството, ќе направат сѐ за овој случај да се реши на адекватен начин.

Зеленски: Подготвени сме за крај на војната во замена за членство во НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го даде првото интервју по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Во интервју за Скај Њуз, тој сугерираше дека е подготвен да ја заврши војната со Русија во замена за членство во НАТО, дури и ако Русија веднаш не ги врати украинските територии што ги окупираше.

Зеленски истакна дека може да се постигне договор за прекин на огнот доколку украинската територија контролирана од Киев биде ставена „под чадорот на НАТО“, што ќе му овозможи подоцна да преговара за враќање на остатокот од територијата „преку дипломатски канали“.

Новинарот на Скај њуз Стјуарт Рамзи побара од Зеленски да ги коментира медиумските извештаи во кои се наведува дека еден од плановите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да стави крај на војната може да биде Киев да и ја отстапи на Русија територијата што ја презеде руската војска во замена за влез на Украина во НАТО.

притисни ентер