Британска старлета е уапсена на аеродром кога се враќала од Турција по операција на лицето

Познатата британска ријалити ѕвезда и старлета Кејти Прајс е уапсена на аеродромот Хитроу во Лондон бидејќи не се појавила на закажаното судско рочиште во врска со нејзиниот банкрот.

Таа неодамна го прогласи својот втор банкрот поради неплатен данок од 761.994,05 фунти. Затоа таа неодамна требаше да се појави на судењето, но не се појавила, поради што полицијата распиша налог за нејзино апсење. И покрај тоа, старлетата заминала на патување во Турција, каде што направила естетска операција на лицето. Сепак, вчера вечер таа е уапсена.

Според полицијата, Прајс е приведена во една од полициските станици во западниот дел на Лондон, каде што остана до денес, 9 август, кога се појави пред суд.

Инцидентот уследи по тоа што Прајс не се појавила на сослушувањето на 30 јули, поради што судијката Кетрин Бартон издала налог за нејзино апсење.

„Една жена беше уапсена на аеродромот Хитроу во четвртокот на 8 август во 19:45 часот поради тоа што не се појавила на суд. “

Старлетата претходно откри дека имала план за банкрот и како да се извлече од се доколку тоа се случи.

"Не се плашам од банкрот како порано бидејќи гледам излез. Ако ми ги земат материјалните работи, знам дека можам да ги вратам. Ќе станам ескорт дама ако треба, не за да спијам со мажи, туку само за друштвото Јас би била со нив, мислам дека би била добра во тоа“, рече таа во својата книга „Ова сум јас“.

Комеморација за актерката Снежана Стамеска

Комеморацијата во чест на починатата актерка Снежана Стамеска ќе се одржи денеска во 12 часот во фоајето на Драмски театар.

Стамеска беше првенка на Драмски театар Скопје и една од ведетите на македонското глумиште. Дипломирла на Театарската академија во Белград во 1970.

Од нејзиното вработување во 1971 до пензионирањето во 2010 Стамеска беше член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Низ исклучително плодната актерска кариера одиграла преку седумдесет улоги во матичниот театар и на сцените на неколку други македонски театарски куќи.

Таа реализираше многу значајни телевизиски и филмски улоги.

Исклучителната популарност Снежана Стамеска ја стекна во одумдесетите и деведесетите години кога публиката ја засака во улогите на Пандора во Солунски патрдии (1979), Вера во Диво месо (1979), Сина во телевизиската серија Трст виа Скопје (1987), Вера во Среќна Нова '49 (1985), и Паца во Викенд на мртовци (1985).

Претседателската дебата меѓу Харис и Трамп привлече 57,5 ​​милиони гледачи

Дебатата привлече повеќе гледачи од онаа во јуни меѓу Трамп и тогашниот претседателски демократски кандидат, актуелниот претседател Џо Бајден, која ја следеа околу 51 милион луѓе.

Претседателската дебата меѓу демократската потпретседателка Камала Харис и републиканскиот кандидат Доналд Трамп привлече 57,5 ​​милиони телевизиски гледачи на седум телевизиски мрежи, покажуваат прелиминарните податоци на агенцијата „Нилсен“ објавени доцна синоќа.

Дебатата што се одржа завчеравечер беше прва тет-а- тет средба на кандидатите за претседателските избори на 5 ноември.

Дебатата привлече повеќе гледачи од онаа во јуни меѓу Трамп и тогашниот претседателски демократски кандидат, актуелниот претседател Џо Бајден, која ја следеа околу 51 милион луѓе.

По лошиот настап во оваа дебата, Бајден се повлече од изборната трка.

Бројките за гледаност на „Нилсен“ не ги вклучуваат луѓето кои ја следеле дебатата онлајн и низ баровите и рестораните. Конечните податоци што ќе ги вклучи и овие бројки ќе бидат објавени подоцна.

Рекордна гледаност досега е забележена во претседателската дебата во 2016 година, кога 84 милиони луѓе го следеа дуелот меѓу демократската кандидатка Хилари Клинтон и Доналд Трамп.

Седница на Уставен суд

 Уставниот суд денеска ќе ја одржи 23. седница на која меѓу другото ќе го разгледа и Законот за изменување и дополнување на законот за урбанистичко планирање, инцијатива поднесена од Хелсиншкиот комитет за човекови права. 

Со измените, како што тврди поднесувачот на иницијативата, се вметнува нова категорија, односно урбанистички проект за градби од стратешки интерес при тоа предвидувајќи нови правила за изработка и донесување на истиот, како и утврдување на правила различни од постоечките за процесот на одобрување на урбанистички проекти наведува подносителот. Се тврди дека со измените законодавецот цели кон тоа да ги заобиколи правилата за изработка и одобрување на урбанистичките проекти со целосно прескокнување на фази во процесот на одобрување.

Покрај тоа, ќе бидат разгледани и повеќе оспорени членови на закони, правилници и уредби меѓу кои и за Правилникот за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење евиденција и член 1 од Правилникот за изменување на наведениот правилник.

Според подносителите на иницијативата - Здружение „Помалку пластика” од Скопје, со донесување на оспорените одредби од правилникот, министерот кој раководи со животната средина излегол надвор од овластувањето бидејќи се впуштил во дефинирање на кесите за носење на стоки на начин што го менува опсегот на исклучок. Имено, според подносителите е интервенирано во дефиницијата за кеси за носење на стоки и како што стои во оспорените одредби се дефинираат како кеси со дебелина на ѕидот од 15 до 50 микрони, наместо кеси над 15 микрони. Се наведува дека во одредбите е спорно тоа што министерот не добил овластување од Собранието да го утврдува опсегот на биоразградливи кеси за носење на стоки за кои ќе се пропишуваат стандарди за биоразградливост.

притисни ентер