Британска министерка поднесе оставка поради лага за украден телефон

Британската министерка за транспорт Луиз Хеј поднесе оставка откако призна дека ја измамила полицијата во врска со службен телефон за кој лажно пријавила дека е украден.

Хеј во писмо до премиерот Киер Стармер изјави дека во 2013 година пријавила дека телефонот бил украден за време на „ужасен грабеж“, но подоцна сфатила дека го заборавила дома.

„Инцидентот беше вистинска грешка од која немав никаква корист,“ напиша Хеј, додавајќи дека оставката е потребна за да се избегнат одвлекувања од работата на владата.

Премиерот Стармер ѝ се заблагодари за нејзината работа, но оставката претставува нов удар за неговата влада, чиј рејтинг паѓа поради обвинувања за злоупотреба на фондови и зголемување на даноците.

Стојкоски: Затекнавме општина во долгови и населени места без инфраструктура

Зад нас се три години  посветена работа, работа со која создававме дела, работа на проекти кои ја обликуваат иднината на нашата општина и проекти кои ќе останат запаметени за идните генерации.

Почитувани сограѓани, драги Ѓорче Петровци

Зад нас се три години посветена работа, работа со која создававме дела, работа на проекти кои ја обликуваат иднината на нашата општина и проекти кои ќе останат запаметени за идните генерации. Вашата поддршка беше најголемиот мотив за нашата работа, особено во миговите кога пред нас стоеја најголемите предизвици.

Ѓорче Петров од општина заглавени во финансиски проблеми, во проекти со затекната нерешена инфраструктура.

Денеска е општина која расте и се модернизира, благодарение на заедничкиот труд и домаќинското управување со финансиите.

Во Ѓорче Петров, започнати се и реализирани капитални дела кои остануваат за идните генерации:

Во Стопански Двор започнавме изградбата на новата детска градинка, со сместувачки капацитет од приближно 120 дечиња и најсовремени услови за истите. Успеавме да ги прошириме капацитетите на градинката Детелинка за 100 нови дечиња. Ја отворивме новата градинка Сонце со капацитет од 200 дечиња, што го ставивме во фокус силно предучилишното образование и развојот и потребата за нови капацитети за сместување во градинките.

Во градинката Пампурче го отворивме и првиот сензорен центар за деца во Република Македонија.

Создаваме подобри услови за сите ученици во сите училишта на територијата на општина Ѓорче Петров.

За прв пат се гради спортска сала во подрачното училиште во населбата Хром

А направивме и доградба на две училишта едното во Ново Село и во Хром со којшто овозможивме подобри услови за следење на наставата и максимално останавме посветени на нашиот фокус за едносменско работење во сите училишта во Ѓорче Петров.

Во Ѓорче Петров се гради и првиот социјален клуб во земјата наменет за адолесценти и возрасни со аутистичен спектар.

Пред една година ја отворивме и новата општинска зграда што значи конечно централизирани услуги и подостапен систем за граѓаните на едно место.

Решаваме комунални проблеми на цела територија на општината Ѓорче Петров, го решивме и деценискиот проблем со водоснабдувањето на село Кучково и изградивме целосно нов систем на водоснабдување.

Кучково доби и партерно уредување и нов рекреативен центар кој претставува убавина не само за Ѓорче, туку и за жителите на градот Скопје.

Населените места во Ѓорче Петров интензивно добиваат нови фекални канализациони мрежи и амтосферски канализациони мрежи.

Големиот проект за реконструкција на улицата Радушка опфати поставување на 2400 метри нова канализациона, фекална и атмосферска мрежа, а во завршна фаза изведба на последната трета фаза од реконструкција на коловозот со што Ѓорче Петров ќе добие нова улица како главна артерија во срцето на општината.

Поставена е и нова атмосферска канализација на улиците Манчу Матак и Волковска.

А со проектот „Ѓорче Петров без кал“, само засега опфативме над 80 улици во Ѓорче Петров, што означува и најголем инвестициски циклус во историјата на општината.

Во с. Орман е изградена нова пречистителна станица, додека во Ново Село изграден е нов парк за рекреација, ново урбано катче во кое имаат можност за рекреација сите генерации.

Направивме бум и во делот на инвестирање во спортската инфраструктура:

Со обнова на спортските комплекси „Бранители“ и „Даме Груев“ во Ѓорче Петров поставена е нова подлога во приближна големина од околу 3000 метри квадратни нови игралишта.

Дополнително успеавме да изградиме и два нови терени на вештачка трева во близина на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ стадионот Македонија, Ѓорче Петров и остануваме посветени до крајот на оваа година да реализираме уште две фудбалски игралишта со вештачка трева во дворот на ООУ „Мирче Ацев“ и во дворот на ООУ „Страшо Пинџур“.

Во изминатите три години исто така работевме забрзано на урбанизација и модернизација на општината Ѓорче Петров:

Го донесовме и (ДУП) за планот СЗ 16, со којшто Ѓорче ќе прерасне во еден модерен и една атрактивна општина.

Наместо станбена зграда, започнавме постапка за катна гаража до пазарчето во Ѓорче Петров, со што сакаме да го решиме долгогодишниот проблем со паркирањето во овој дел.

А во Кучково во завршна фаза е и изградбата на првиот Регионален центар за ресоцијализација на деца коишто го победиле канцерот.

Конечно, имаме силен и посветен партнер за соработка во Владата на Република Македонија.

Веќе имаме одобрено проекти за изградба на локален пат од Волково до село Орман за пробивање на ул.„ Социјалистичка Зора" кон ул. Фронт, како и за реконструкција на повеќе улици од посебно значење за општината ул."Николај Островски во Даме Груев улиците "Никола Вукмировиќ" и "Вера Циривири" во населбата Ѓорче Петров и проширување на делот од патот кој води кон училиштето во с.Кучково.

Ова се резултати кои зборуваат за нашата заедничка работа. Вашата поддршка беше клучна во сиот изминат период, а мојата и посветеноста на општинската администрација останува непроменета. Продолжуваме да го менуваме Ѓорче за доброто на сите нас.

Нашата визија за Ѓорче Петров се остварува, со работа создаваме дела, а Ѓорче Петров преминува во една модерна и урбана општина.

Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров

Драма на небото над Белград: Итно приземјен авионот од Подгорица

При утринскиот лет за Белград, авионот на компанијата „ТО Монтенегро“ се судрил со јато птици, по што авинот итно бил  по овој приземјен во главниот град на Србија.

-Поради овој настан доцнеше летот од Белград за Подгорица, бидејќи на авионот во моментов се врши неопходна техничка проверка, за да се обезбеди максимална безбедност - потврдено е за РИНУ.

Исто така, овој непредвиден настан ќе предизвика доцнење на летот за Рим, додека другиот сообраќај се очекува да се одвива според предвидениот распоред.

- Им благодариме на патниците за разбирањето и трпението. Безбедноста на патниците и членовите на екипажот и техничката исправност на авионот остануваат наш приоритет, а тимовите на компанијата вложуваат максимални напори сите патници да бидат навремено информирани и безбедно да се превезат до нивните дестинации - велат тие.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Спасовски цели 8 години не успеаја да се справат со криминалните банди

СДС и Спасовски цели 8 години не успеаја да се справат со криминалните банди во Македонија, заврши времето на „како до сега’’.

РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА МАРТИН КОСТОВСКИ

СДС цели 8 години како власт во Македонија и Спасовски како министер, не успеаја да се справат со владеењето на криминалот.

Поточно, работеа врз база на тоа како до сега, односно по насоки од Мала Речица.

Да не заборавиме, Спасовски и СДС се единица мерка за криминал. Спасовски и СДС беа оние кои што даваа пасоши на белосветски криминалци. Спасовски и СДС го направија главниот град да биде едно криминално подземје, со кое управуваа криминалните банди од Грчец, Ченто и Арачиново.

Да не заборавиме, дека во времето на Спасовски и СДС, полицајци се пукаа едни кон други кај Александар Палас. Спасовски и СДС ја убедуваа јавноста дека полицаец се има удрено во пајак возило, само затоа што возилото било на лице од ДУИ.

Заврши времето на „како до сега’’.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ жестоко ќе се бори против криминалот. Синоќешните чинители на инцидентите, веднаш се лишени од слобода од страна на МВР.

За само пет месеци, во МВР се зголеми бројот на приведени лица, лица кои биле барани со потерници, лица избегани од затвори или сториле одредено кривично дело.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, работи за зголемување на безбедноста на граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер