Белингем неизвесен за последното коло во Бундеслигата

„Џад успеа да го засили тренингот овие денови што е добар знак. Дефинитивно сакаме и тој да биде вклучен во екипата во сабота“, рече Терзиќ.

Тренерот на водечкиот тим во германското фудбалско првенство Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, изјави дека сè уште е неизвесно дали англискиот напаѓач Џад Белингем ќе настапи во последното коло во кое неговиот тим со победа над Мајнц ќе ја освои првата шампионска титула по пауза од 11 години.

Поради повреда на коленото Белингем не беше во составот на Борусија изминатиот викенд во победата од 3-0 против Аугсбург. Со триумфот тимот од Дортмунд го презеде врвот на табелата со два бодови повеќе од минхенски Баерн, кој ги освои сите 11 последни шампионски титули во Германија.

„Џад успеа да го засили тренингот овие денови што е добар знак. Дефинитивно сакаме и тој да биде вклучен во екипата во сабота“, рече Терзиќ.

Саботниот натпревар против Мајнц би можел да биде последен во дресот на Дортмунд за 19-годишниот англиски репрезентативец, откако сè погласни се шпекулациите дека за услугите на Белингем е заинтересиран мадридски Реал. /МИА

Вашингтон Пост: САД знаеја дека Украина планира да го разнесе Северен поток

САД имаа разузнавачки информации за деталниот украински план за напад на гасоводот „Северен поток“ три месеци пред да биде уништен со експлозив, пишува „Вашингтон пост“.

ЦИА минатиот јуни преку Европската шпионска агенција дознала дека тим од шест украински специјални оперативци имале намера да разнесат проект за природен гас од Русија до Германија, пишува весникот.

Извештајот на европското разузнавање беше споделен на платформата за разговор Дискорд (Discord), наводно од членот на националната гарда на воздухопловната гарда Џек Тешеира, кој неодамна беше обвинет за објавување чувствителни американски документи.

Вашингтон пост тврди дека добил копија од еден од онлајн пријателите на Тешеира.

Разузнавачкиот извештај се заснова на информации добиени од лице од Украина, пишува Вашингтон пост, додавајќи дека ЦИА го споделила извештајот со Германија и другите европски земји минатиот јуни.

Според Вашингтон пост, во деталите се наведуваат конкретни оперативци и методи на напад.

Тоа би значело дека речиси една година западните сојузници имаа причина да се сомневаат во саботажа на Киев.

Весникот тврди дека официјални лица во неколку земји потврдиле дека резимето на разузнавањето објавено на Дискорд точно го наведува она што европската агенција и го кажала на ЦИА.

Вашингтон пост се согласи да не го открива името на европската земја и некои аспекти од наводниот план на барање на владини претставници, наведувајќи ги ризиците за изворите и операциите.

Неколку подводни експлозии го оштетија Северен поток 1 и новоизградениот Северен поток 2 што ги поврзува Русија и Германија преку Балтичкото Море во септември 2022 година.

Експлозиите се случија во економските зони на Шведска и Данска.

Двете земји велат дека експлозиите биле намерни, но допрва треба да се утврди кој е одговорен. Двете земји, како и Германија, ги истражуваат инцидентите.

Вашингтон и НАТО го нарекоа инцидентот „чин на саботажа“. Москва го обвини Западот. Ниту една страна не презентираше докази за тоа кој ги извршил нападите.

Раст од 3,1% на извозот, пад од 10,7% на увозот во првите четири месеци од годинава

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари - април 2023 година изнесува 3 005 376 000 долари и бележи пораст од 3,1 процент во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 899 163 000 долари, што е за 10,7 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари − април 2023 година, изнесува 893 786 000 долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

Во увозот, пак, најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари − април годинава, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Источниот дел на САД зафатен од смог и влошен квалитет на воздухот од шумските пожари во Канада

Милиони луѓе од источниот дел на САД од синоќа се соочуваат со смог и загаден воздух од џадот предизвикан од шумските пожари во источна Канада, јавуваат дел од американските медиуми. 

Препораки за квалитетот на воздухот стапија во сила синоќа во неколку региони на државата Њујорк. Училиштата во градот Њујорк вчера попладне објавија дека во среда се прекинати сите надворешни активности поради влошениот квалитет на воздухот.

Смогот доаѓа од раширените шумски пожари во канадските провинции Квебек и Нова Шкотска, каде пожарникарските служби се борат за нивно санирање.

Според мерењата на IQAir, швајцарска фирма за мониторнг, Њујорк ноќеска бил на второ место по влошен квалитет на воздухот во светот, додека Детроит бил на трето место.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, со совет на Твитер до сите кои имаат проблеми со дишењето порача луѓето да се обидат да ги ограничат „излегувањата надвор, освен ако е најнеопходно“.

Џадот од пожарите во Канада дојде и до централниот Запад на САД, од долината Охајо па сѐ до двете Каролини на југот од земјата. Препораки за лошиот квалитет на воздухот од вчера има во југоисточна Минесота, делови од горниот дел на полуостровот на Мичиген, како и во повеќе од 60 окрузи во Висконсин.

- Џадот и замагленоста од шумските пожари во источна Канада ќе продолжат во регионот и вечерва, се вели во пораките на временските прогнозери од Националнитa метереолошка служба на САД. /МИА

притисни ентер