Австриска новинарка му се обрати на Ѓоковиќ: Морам да те допрам (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ го победи Данило Медведев во финалето на УС Опен со 6:3, 7:6, 6:3 и со тоа ја освои својата четврта титула во Њујорк и 24. Грен слем титула во кариерата, израмнувајќи го апсолутниот рекорд на Маргарет Корт која освои 24 Грен слем.

Во машка конкуренција сега има две титули повеќе од Рафаел Надал и четири повеќе од Роџер Федерер. Откако со својата ложа го прослави големиот и историски триумф и на специјална церемонија го прими својот 24-ти голем трофеј, Ѓоковиќ мораше да ги исполни своите медиумски обврски.

На теренот го интервјуираше познатата австриска новинарка Барбара Шет, која е голем фан на српскиот тенисер, откако го бакна и му честиташе, таа му рече: „Морам да те допрам за да знам дека си вистински“ и предизвика смеа кај Ѓоковиќ и присутните колеги.

Голема полициска акција во северно Косово по експлозијата во каналот Ибар-Лепенец

Голема акција на силите на косовската полиција се одвива претпладнево во повеќе куќи во селото Варага кај Зубин Поток, во северно Косово.

Голема акција на силите на косовската полиција се одвива претпладнево во повеќе куќи во селото Варага кај Зубин Поток, во северно Косово, каде што синоќа се случи експлозија во која беше оштетен водоводниот канал Ибар-Лепенец, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста во изјава за медиумите ја потврди заменик директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани.

- Во тек е полициска рација и засега не можам да кажам ништо повеќе, кратко изјави Елшани.

Засега нема информации дали во акцијата има уапсени лица или е пронајдено оружје.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и косовската полиција го оценија како терористички чин синоќешниот напад, по кој останаа без вода неколку градови во Косово, како и електраните Косова А и Косова Б, кои ја кристат водата од каналот за ладење на турбините. Косовските власти за нападот ја обвинија Србија, од каде, според нив, дошле криминалците што го извршиле овој, како и претходните напади оваа недела со рачни бомби врз полициската станица и објектот на општината Звечан.

Укината забраната за сообраќај за тешки возила на Стража

 Забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража е укината во 10:40 часот, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Надлежните апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

МВР: Лишен од слобода малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Република Србија

Како што се наведува во соопштението од МВР, веднаш по добиената пријава, во координација со ОЈО Куманово, полициски службеници од СВР Куманово презедоа мерки и активности и го расчистија кривичното дело. 

Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 17-годишен малолетник од Куманово, постапувајќи по добиена пријава на 29.11.2024 во 09.05 часот дека е откорната табла од канцеларијата на Конзулатот на Република Србија во Република Македонија, лоциран во Куманово, соопшти МВР.

Како што се наведува во соопштението од МВР, веднаш по добиената пријава, во координација со ОЈО Куманово, полициски службеници од СВР Куманово презедоа мерки и активности и го расчистија кривичното дело. Малолетникот е приведен во полициска станица и по документирање на случајот СВР Куманово ќе поднесе кривична пријава по член 319 од КЗ до ОЈО Куманово.

притисни ентер